Сте кажале се у глобала, немам што да додадам.
Тито / тренер и фали на Барса како керозин на авион. Апла е тоа очигледно, иако гледам некои хејтери и после периодов без Тито сеуште сметаат дека на Барса де факто "не и треба" тренер, дека тренерот нема голема улога во нивните резултати.
Доволно е тренерот да е негде горе на трибини во вакви дерби средби, па да се осети неговото одсуство, а камоли илјадници километри подалеку од тимот подолг период.
Не дека Барса не би изгубила и со Тито, али ваква би рекол никаква игра на двете средби ( со Милан и Реал ) немаше ни од далеку да видиме...
Според мене, ако добро ме служи памтењето, не сме имале полоша игра на кампот против Реал задни 13-14 години, па би рекол и воопшто тој период, освен можеби оној пораз од 4-1 на Бернабе пред 5/6 години.
Ни фалат многу мали измени кои ќе значат многу во целокупната игра.
Страшно ми фали стариот добар пресинг и агресивноста кога ќе се изгубеше топката, од тоа ништо не видовме против Милан и Реал, а башка што ни фали и директност во акциите и брзина во пас играта, а за составот и дупките кои се јавуваат....посебно во одбраната, отом потом, тоа на лето, ваљда веќе управата е свесна за тоа.
Што се однесува до мечот у ЛШ против Милан, мислам дека ќе пројдеме, озбилно, мислам дека ќе соберат сили и ќе успеат да се мотивираат, па со една добра игра и малце спортска среќа, ќе успеат да се пласираат у 1/4 финале.
