Ма дај бре, 5 години го зборат ова истото за Барца и Шпанија и пак се доминанти во секое натпреварување.
95% од тимовите играат исто против Барца, немаше некоја разлика од Милан до Малага или полоши проблемот беше во Барца. Очајна игра во секој поглед, доколку беа малку посериозни во одбрана ќе завршеше 0-0. Идиотот Вики ја дрибла кога не треба (во супер куп), а неќна без притисок ја шутира во аут и потоа падна голот.
Небитно јас сеуште верувам во пласман, ако не сме способни овој Милан да го тепаме барем 2-0 на Ноу Камп секако не заслужуваме пласман понатаму!
Играта не е прочитана,никој до сега неможел да ја надигра Барселона фудбалски,единствено решение е само бункерот и страшната дисциплина.
Барселона игра стрплива пас игра(премногу стрплива) во која остава доволно време за реорганизација на одбраната на противникот,добиваат време да ги покријат сите полиња и отворени простори(а тоа е само возможно со 10 играчи во одбрана).
Решение за таков бункер има,а тоа е дирекноста.Барселона не знае да игра директен фудбал,цело време трудот е насочен кон држење на поседот и чекање стрпливо на отворен простор.
Со Милан ако сакаат да го добијат,треба интензивно сите до еден да работат и константно на напаѓаат,да влегуваат во дриблинзи и исто така да нафрлуваат(иако со нафрлените нема посебен учинок, со оглед на низките играчи сепак им дава до знаење дека Барселона може и знае да игра и на друг начин,со што мислите додатно им ги насочува и на други полиња).Со дриблинзите треба да се размрда бедемот кој е страшно статичен и покрива буквално цел простор на теренот(а тоа може да се отвори само со дирекност,кој после дриблинг на еден играч ќе мора друг да помага при одземањето на топката-така се отвара оној простор кој е недостапен).
Значи,јас очекувам Милан да си го игра оној стандарден бункер.Додека Барселона би сакал да излезе со овој состав.
-----------------Валдез--------------------------
-----------Пујол----------Пике------------
-Дани--------------------------------Алба
Тиаго-------------Чави------------------Адриано
Педро--------------Меси-----------------Иниеста
Бускетс е премногу стрплив за вакво темпо,Чави треба само да биде побрз при изнесувањето на топката.Тиаго е прекрасен дриблер,Адриано е прекрасен шутер(ќе ни даде една друга димензија во средината-би играле многу подиректен фудбал).Пердо и Иниеста по крилата кој се неверојатно брзи,креираат константен притисок и се добри дриблери.За Меси нема што да кажувам.
Сума сумарум:Само дирекниот фудбал(нормално ќе се губи повеќе топки и сето тоа,но ќе биде многу тешко темпо за следење),без многу врткање може да креира некоја дупка, во спротива гледајте уште еден досаден фудбал како против Челзи или пак Интер.
Сметам дека само ова е решение,се друго е пропало.