Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Извини вака брат, ама не трескај глупости :D Бускетс е по потребен и од Меси за таа утакмица, најбитен играч ни е у екипа.. кој ке ги сопира нивните налети? 1 гол и крај.. поправо Пујол и Чави нема да игра него ли Бускетс. Значи за реваншот мора да се смени нешто што ни на крај памет нема да помисли Алегри пошо сме прочитани веќе. Пример Педро да не игра, д на негово место Адриано крило и да влага и да шутира, да неаме бекови, Виља класичен шпиц, ни Фабре ни Иниеста по страна, туку Тељо да рашири, Меси и Иниеста креатори.. Друго е кога Меси и Иниеста ти играат у напаѓачката тројка друго кога пред нив има 3 шпица...
Тељо - Виља - Адриано​
Иниеста - Меси​
Чави -Бускетс​
АБИДАЛ :vozbud: - Пиќе - Пујол​
Валдес​
Знам дека ќе победат момците за Абидал и за Тито :)
Да,Бускетс е многу важен е за тимот и тоа во исто рмниште со Меси,Чави,Иниеста но во овој меч нема да биде потребен.Знаеме дека Милан ќе игра пак строго дефанзивно и тоа дупло повеќе од вчера,така да нивните налети ќе бидат во многу помал број.Е сега,дали ќе има голем ризик ако не игра Бускетс,да,ќе има но МОРА да се земе ризик иначе ништо не правиме....На Милан нема да му се потребни голови па во прв план ќе имаат да не примат гол.....Ако се игра и Бускетс на средина заедно со Меси,ќе има премногу гужва па самите ќе се тепаме.....Другото све имаме иста замисла.Иниеста и Меси креатори на игра и Виља шпиц.....
Или пак има уште една варијанта,да играме во одбрана со 3ца : Пујол,Пике,Адриано и Бускетс,со тоа што последниот ќе има двојна улога,и ДМ и одбранбена првите три стрикно пд центарот да не се поместуваат понапред....Но,пак вака ќе испадне преголема гужва на средина,а тоа сакаат и Милан,да играме на средина и да се гуши тој дел.....
Кога играме против бункер екипи,сите голови ги примаме од страната на Алвес,затоа што бразилецот сака да игра крило а не бек,секогаш остава празно место а противникот тоа го знае...
Мора да смениме нешто и мора да се превземе тој ризик,а според мене тоа е најдобро....Бомбрадирј ги уште од прва минута,шутирај кога ќе имаш прилика,и да се надеваме дека ќе имаме малце среќа....
 
Мора да има иновација на оваа стратегија, на вакви натпревари Меси треба да игра десно крило, лажна 9-ка може да игра Фабрегас или уште подобро класичен напаѓач нека ни биде Виља. Така ќе наликуваме на 2008/2009 кога го имавме Ето.
Иниеста мора да игра заедно со Чави, и Бускетс мора да игра исто така.

Сепак сега најважен е реваншот на купот!
 
Што и да правите,бускетс мора да игра :D

----------------------Валдес------------------------------------
Алвеш(адриано) ----- Пике(Пујол) ----- Алба(адриано)
----------------------------Бускетс--------------------------------
Чави---------------------Фабрегас--------------------Иниеста
Меси---------------------Виља----------------Тељо(педро)

Мое мислење е дека Меси би требало повеќе да се концентрира на крило,за да се префрли вниманието кон него и да се растерети малку средината,и уште едно брзо крило,тељо на пример по лева страна.
А бековите да не се премногу офанзивни,и бускетс повеќе да се држи до нашата половина бидејќи се 3ца во одбрана.
 
До некде (освен Бускетс) сите се сложуваме дека Виља мора да игра,ем многу поефикасен од ргуите ем нема цела тежина да биде на Меси,ќе повлече повеќе одбранбени и тн тн.Мада мислам дека правиме бајрам со умот,може и нема да добие ни минута.Еве против РМ ќе видиме дали ќе го играат Виља или не...
 
Распоредот е крвав дефинитивно , и тоа во лош момент после поразот од Милан.

Утре ( Сабота ) ја чекаме Севиља на кампот , 3 дена подоцна доаѓа Реал на кампот во суперкупот , па после 1 недела гостување на бернабе. Се надевам барем на кампот да ги добиеме во купот , а потоа гостувањето отом потом , и да изгубиме нема да е којзнае колку страшно.
 
Престиж и останато, ама на гостувањево во Мадрид и Барса Б нека испадне ако сака, ништо битно нема да е, 16 бода предност на сон нема да ја стасаат, а има побитни работи за мислење тогаш отколку Лигата.
 
А да не го играте меси во реваншот ?
Ќе незнае Алегри каде да внимава во одбраната:D
 
А да не го играте меси во реваншот ?
Ќе незнае Алегри каде да внимава во одбраната:D
Може место Меси, Бабунски прва постава.
Изненадување на векот ќе биде тоа :)
 
Како да не знаете, дека ќе излезе со исти состав како вчера. 0:0 полувреме, тука влегува Виља, останува 0:0 до 70. минута, кога Пике се префрлува во напад, а Санчез влегува место Алба. Можда до крај ќе дадеме еден гол и толку.
Не пратам НБА кој е овој, врати го стариот Аватар немој да бидеш педер!
 
Не пратам НБА кој е овој, врати го стариот Аватар немој да бидеш педер!
2z6in9g.gif
 
Во ситуации кога има толку многу време до реваншот, обично не сакам да пишувам уште сега.
Но, бидејќи сега сите пишувате само за Милан, а Реал не го ни спомнувате, еве мое видување за реваншот(само нека се здрави и живи сите играчи до тогаш).
Прво, на голманската позиција излегуваме со Валдес.
Во одбраната, играме стандардно со 2ца стопери и 2 офанзивни бека. Не си правете бајрам со умот дека ќе илезат со 3-4-3 формација. Стопери стандард, Пике и Пујол. Десен бек Алвес, лево Алба. Е, тука има еден исклучок. Може да се игра со Адриано како десен бек, а Алвес стопер, но јас се одлучувам за другата опција, Алвес бек а Адриано во нападот.
Во средината загарантиран е настапот на Бускетс и Чави. Не знам дали Иниеста ќе игра во средина или на крило, но јас се одлучувам за старата добра средина, со Бускетс, Чави и Иниеста. Цеск не е паметно да се игра како лажна 9ка во ваков натпревар, а бидејќи нема место во средината за него на овој натпревар, очекувам да го започне натпреварот од клупата.
Во нападот одиме со Меси централно, десно крило Адриано, а на левото крило кандидати се Виља, Педро и Тељо. Не знам колку е паметно младичот Тељо да стартува ваков натпревар(сетете се како лани разочара кога беше стартер во Ел Класико), Педро никако да влезе и да задржи добра форма, нон-стоп е неконстантен. Затоа, јас ќе се одлучам за искуството и би го одбрал Виља како стартер на левата крилна позиција. Во зависност од резултатот и играта која ќе ја пружи Виља, можно е тој да биде првиот кој ќе биде заменет во текот на натпреварот.

Поставеноста формациска на играчите:

Валдес
Дани - - - Пике - - Пујол - - - Алба
Бускетс
Чави - - - Иниеста
Адриано - - Меси - - Виља
Единствен играч кој не сакам да го видам на овој натпревар е Санчез.

А, ако се мора да се напаѓа по секоја цена(ако не падне гол во прво полувреме), нема да е чудно и да го продолжиме натпреварот со некоја екстремна офанзивна формација:

Валдес​
Пике - - - Бускетс - - - Пујол​
Чави​
Алвес - - - - - Цеск - - - Адриано​
Иниеста​
Меси - - - Виља​
 
Ако Меси игра пак централно тогаш ќе бидеме многу лимитирани. Тој пак ќе се врати длабоко назад во средниот ред за да прими топка, да креира акција а со тоа ќе остане голема дупка напред.
Најпаметно би било Меси да го започне натпреварот како десно крило, па во текот на натпреварот нека ротираат. Виља нека започне како 9-ка и Педро како лево крило, па после може слободно да ротираат, Меси средина, Виља лево, Педро десно.
Мислам вака би биле поефективни и поопасни кон голот на противникот.

Но за во вторник би сакал да го видам Виља во стартниот состав така да ќе имаме вистинска слика дали тој ќе може да ни биде од голема помош против Милан. А за класикото во сабота сакам да излеземе со комбиниран состав, нека играат Тиаго, Тељо и Сонг!
 
Прочитани сме, тоа е работата.. треба да се искочи со нешто со никој нема да го очекува, како на пример кога Гвардиола го избаци десно крило Алвеш на ЕлКласико и противникот да нема решение, инаку ќе бидат они спремни и на 4-3-3 и на 3-4-3 и на Меси и на Виља и на сите. И да, Мора да има шпиц и 2 крила пред Меси, за да нивните 4 одбранбени бидат скончентрирани на нив, а не на Меси и Иниеста.
 
Малце сум скептичен,против Милан, после бледата игра, каде што налет веќе мораше да се појави баш сега, Незнам дали ќе имаме шанси да го видиме голот на Милан, а не па 3 гола да им дадеме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom