Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Прочитани сме, тоа е работата..
Ма дај бре, 5 години го зборат ова истото за Барца и Шпанија и пак се доминанти во секое натпреварување.

95% од тимовите играат исто против Барца, немаше некоја разлика од Милан до Малага или полоши проблемот беше во Барца. Очајна игра во секој поглед, доколку беа малку посериозни во одбрана ќе завршеше 0-0. Идиотот Вики ја дрибла кога не треба (во супер куп), а неќна без притисок ја шутира во аут и потоа падна голот.

Небитно јас сеуште верувам во пласман, ако не сме способни овој Милан да го тепаме барем 2-0 на Ноу Камп секако не заслужуваме пласман понатаму!
 
Ма дај бре, 5 години го зборат ова истото за Барца и Шпанија и пак се доминанти во секое натпреварување.

95% од тимовите играат исто против Барца, немаше некоја разлика од Милан до Малага или полоши проблемот беше во Барца. Очајна игра во секој поглед, доколку беа малку посериозни во одбрана ќе завршеше 0-0. Идиотот Вики ја дрибла кога не треба (во супер куп), а неќна без притисок ја шутира во аут и потоа падна голот.

Небитно јас сеуште верувам во пласман, ако не сме способни овој Милан да го тепаме барем 2-0 на Ноу Камп секако не заслужуваме пласман понатаму!

Играта не е прочитана,никој до сега неможел да ја надигра Барселона фудбалски,единствено решение е само бункерот и страшната дисциплина.
Барселона игра стрплива пас игра(премногу стрплива) во која остава доволно време за реорганизација на одбраната на противникот,добиваат време да ги покријат сите полиња и отворени простори(а тоа е само возможно со 10 играчи во одбрана).
Решение за таков бункер има,а тоа е дирекноста.Барселона не знае да игра директен фудбал,цело време трудот е насочен кон држење на поседот и чекање стрпливо на отворен простор.
Со Милан ако сакаат да го добијат,треба интензивно сите до еден да работат и константно на напаѓаат,да влегуваат во дриблинзи и исто така да нафрлуваат(иако со нафрлените нема посебен учинок, со оглед на низките играчи сепак им дава до знаење дека Барселона може и знае да игра и на друг начин,со што мислите додатно им ги насочува и на други полиња).Со дриблинзите треба да се размрда бедемот кој е страшно статичен и покрива буквално цел простор на теренот(а тоа може да се отвори само со дирекност,кој после дриблинг на еден играч ќе мора друг да помага при одземањето на топката-така се отвара оној простор кој е недостапен).

Значи,јас очекувам Милан да си го игра оној стандарден бункер.Додека Барселона би сакал да излезе со овој состав.
-----------------Валдез--------------------------
-----------Пујол----------Пике------------

-Дани--------------------------------Алба

Тиаго-------------Чави------------------Адриано

Педро--------------Меси-----------------Иниеста

Бускетс е премногу стрплив за вакво темпо,Чави треба само да биде побрз при изнесувањето на топката.Тиаго е прекрасен дриблер,Адриано е прекрасен шутер(ќе ни даде една друга димензија во средината-би играле многу подиректен фудбал).Пердо и Иниеста по крилата кој се неверојатно брзи,креираат константен притисок и се добри дриблери.За Меси нема што да кажувам.
Сума сумарум:Само дирекниот фудбал(нормално ќе се губи повеќе топки и сето тоа,но ќе биде многу тешко темпо за следење),без многу врткање може да креира некоја дупка, во спротива гледајте уште еден досаден фудбал како против Челзи или пак Интер.
Сметам дека само ова е решение,се друго е пропало.
 
^ Само не Иниеста крило,сезонава кога и да игра крило на тешки натпревари се губи на таа позиција,односно не дека се губи туку природно почнува да игра каде што му е местото на средина.Така да може крило Адриано со Меси а Виља најистурен....
 
^ Само не Иниеста крило,сезонава кога и да игра крило на тешки натпревари се губи на таа позиција,односно не дека се губи туку природно почнува да игра каде што му е местото на средина.Така да може крило Адриано со Меси а Виља најистурен....

Го ставив Иниеста бидејќи има добар дриблинг,добра визија и пасинг додека шутот му е слаба страна.Адриано е брз,ќе има поголем простор(бидејќи ја нема техниката на Иниеста,дефанзивно е подобар т.е истовремено ќе работи на одсекување на топки,страшен шут од поле и богами многу подиректен од Иниеста.Кога би влегол во дриблинг на средината од теренот,просторот сам се отвара т.е ќе го дуплираат или триплираат и се отвара добар простор за Иниеста,ако не го дуплираат можи од далеку да ги бомбандира).Повеќе заради овие квалитети,во вакви мечеви не ни треба креатор во средина,треба брз,тврд,корпулентен,директен и добар шутер во средина т.е некој што ќе навлече и ќе го стимулира бедемот од одбраната на Милан.

Виља?Хм..долго време го нема,не знам како ќе се снајде.Сепак стојам на ставот дека меси е многу подобра опција во средина(гол шанса е гол,додека виља и алексис би биле чист промашај).Плус тоа , педро е идеален за десната позиција,влегува во дриблинзи и има доста добар шут.Затоа сметам дека многу поиделано би било Педро-Меси-Иниеста.
 
Сезона 2010/11 http://www.metacafe.com/watch/6548463/mvp_defending/

Меси Виља и Педро у одбрана. Ова веќе го нема, Меси си го лади, Виља дреме на клупа ради Алексис (додуша он и праи притисок, па после е уморен и се лизга-деген) единствено Педро работи. Ова сакам да го видам, пожртвуваност и пресинг од сите.
Глеам никој не го прокоментира голот на Мунтари, овој Алас имаше една убава анализа за голов и е скроз у право пуштете си видео и ќе видите дека Чави е тој шо требаше да го прати. Пујол со Нианг, Пике свипер, Алвес со Шарави а пошто Мунтари праи трк од средина на терен Чави е тој шо почна да го брка и некаде на 16 се откажа. Ова е сеа барање игла у сено ама вакви детаљи решаваат утакмици у ЛШ посебно кога Барса игра против бункери и лапа гол од контра.
Се надевам дека овој мамли ќе ротира нешто против Севиља а на утакмицата пред Милан ќе го одмори Меси, па после нека го пуштат од ланец, не у средата као маче беше.
 
ФКБ ДО ВИЉА : ИЛИ ЌЕ ЈА ,,ГРЕЕ,, КЛУПАТА ИЛИ ЌЕ СИ ОДИ!!
Давид Виља сам ќе одлучи дали ќе остане на Камп Ноу или ќе си замине. Неговиот договор истекува во јуни 2014 и ФКБ е спремна да му понуди нов договор, но под еден услов. Во новиот договор на Виља (ако го потпише) стои дека тој ќе биде четврти или петти напаѓач во тимот, а ќе игра на помалку важни натпревари.



sramota e ova sto se slucuva so villa
 
Сакаат Виља да биде новиот Ларсон т.е џокер. Мислам дека нема да прифати и ќе си отиде.
 
Мислам дека имаме многу лоша управа. Yes, дека Тељо е млад и преспективен, ама Виља е учител за него и барем уште 1-2 сезони треба да биде у преден план. Ќе плачеме и по него како по Ето.
 
Валдес (K) - Алвеш, Пике, Маскерано, Монтоја - Тијаго, Сонг, Иниеста - Алексис, Меси, Виља.

Клупата: Пинто, Бартра, Алба, Бускетс, Чави, Педро, Тељо.

Ме радува составов :)
 
Виља прв состав а ? Ајде мајсторе покажи ни зошто не треба да те продаваме ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom