Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Најбитно е да се добие виљареал,а за валенсија може со комбиниран состав првата пошто е у валенсија,педро,куенка,тиаго,адриано,монтоја,маскерано можат да ги одморат меси,чави,пујол.
не знам ова купот во африка кога завршува па и кеита да се врати.
 
Прво ,честито пласман...

Играта на Барселона воопшто не ме импресионираше,дозволивме реал да диктира темпо на Камп Ноу...Дербито ме натера да помислам и да сватам една работа.Барселона очигледно не знае да се брани и да држи резултат(се покажа против милан,арсенал во два дуела,еве сега Реал,со помалите да не ни спомнувам).Со Реал иако формацијата беше напаѓачка,излеговме да држиме резултат а ние тоа во моментов не умееме.Затоа и Реал и наметна игра,почна паника во целиот тим , играчите се загубија низ теренот....

Влегоа психолошки да бранат резултат и тоа се деси,Реал беше супериорен...Инаку , гледам Мадриѓаниве се дигнаа на нозе,мислат дека тоа е тоа и дека Барса ќе се сруши после ова ел-класико...но јас ќе одговорам:Барса е најсилна кога треба да победи,Барса е најсилна кога напаѓа,следното класико Барса повторно ќе го сломи Реал но овој пат мислам дека ќе биде многу машки ломење(немојте да се чудите ако повторно се случат 5:0).

Инаку , купот е приоритет да се освои,кога дојдовме до полуфинале,два меча со Валенсија не верувам дека нешто посебно ќе ги измори играчите(навикнати се на такво темпо низ годиниве)....

Поз
 
Со Валенсија секако че се излези со комбиниран состав. Се што сакам во тој состав е да видам 4 играчи во одбрана, ништо повеќе. Утре против Виљареал очекувам полесна победа, не се ама баш ништо посебно годинава.
 
Одлично видео каде има се за двомечот со Реал.
Уживајте во ебењето на мадридистите! :D

Пс: Пазете на вистинскиот мадридиста 5.49-5.51

 
Мислат дека го запреле Меси, затоа што 'одамна' не ги полнел со голови. Ама, ако бројам убаво, Лео има одлична серија, има по една асистенција на последните 5 Ел Класика. Претходно можеби немаше толку, затоа што беше зафатен со постигнување погодоци. :D
 
Official: Pedro is out with a muscle injury, he's replaced in the squad for today's game by Alexis

Што е сега ова? Прво се плашевме за Алексис, сега излезе Педро!
 
Ајде честито нека ни е елиминацијата на ,,најголемиот" ривал, ако веќе може и да се нарече ривал.... Тоа што тие го прават е толку ниско паѓање, толку големо плачење, толку неспортско однесување, толку идиотизам, што ги претеруваат сите можни граници, а се со една цел, ставање во сенка на оваа доминација, неможност да се помират со реалноста .....

Јас лично, не сум многу задоволен од играта на тимот особено во второ полувреме .... Не играше противникот толку добро, како што ние се опуштивме и не се замаравме ..... А бе наполни ги 5 со кромид, па нивниот така наречен тренер, не по паркинзи, нека ги брка судиите до дома ако сака .... Сите негови успеси паѓаат во вода со овој цинизам , со ова однесување буквално како мало дете, ГОЛЕМИТЕ НИКОГАШ НЕ ПЛАЧАТ !!!!!!

Вечерва со Виљареал тимот ни е прекраток, изборот е премал, но мислам дека ќе немаме проблеми ....

Валдес​
Дани Маскерано Пујол Абидал​
Бускетс​
Чави Тиаго​
Меси Цеск Куенка​
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom