Ај да се позанимаваме малку со статистика.
Во Виљареал е од летото 2007, од 20 години. За тоа време има изиграно 127 утакмици, има дадено 51 гол. 32 оваа година. Лани и оваа година игра како шпиц претходно Кавечи беше главниот шпиц, а Роси и Казорла играа како крила во 4-5-1 формација. Значи далеку од гол.
Санчез за Удине има изиграно 94 утакмици, има дадено 20 гола, од кој 12 оваа година. Како е тоа за напаѓач чија што работа е само да дава голови?
Бројот на асистенции им е тука некаде. Санчез 6, Роси 5. Ништо посебно.
За светското првенство, важно е да видиш кој не играше, а не кој играше. Липи толку се потпре на старата гарда од 2006 што заборави дека и тогаш сите беа ветерани. Лука Тони.... сенилен старец.
Во тој тим немаше место ни за Касано ни за Роси. Да беа таму Италија немаше да губи од Словачка како мајмуни.
Санчез изигра една просечна сезона, не може да збориш за добра сезона ако не дадеш над 15 голови. Во многу просечна лига која што од следната година има 3 претставници во ЛШ.
Исто така од тие 12 голови 4 му беа против Палермо во победата од 7-0. Нема ништо импресивно да дадеш 4 гола на една утакмица ако на сите друг 37 дадеш уште 8. Роси на 19 години имаше 9 гола во 19 настапи за Парма. Во многу посилна Серија А од сегашната.
Единствено што дигна толку галама е што Удинезе завршија четврти ама кога ќе видиш каква беше конкуренцијата не ништо чудно.
Од друга страна Роси има 32 гола против тимови како Валенсија, Атлетико, Севиља, Порто, Наполи.... да не ги редам ама некои од посилните тимови во Европа.
Да не збориме дека тактички Роси е генијалец во споредба со Санчез кој што толку често е на погрешно место што дури жал ти паѓа да го гледаш. Ама ај за тоа нема врска млад е. За 2-3 години може ќе се опамети.
Само што ако на Барса и треба напаѓач после 2-3 сезони ќе си го чува Кркич. Нема да го купи санчез. На Барса и треба играч што може следната година да направи битна разлика и да даде солиден број на голови.
Санчез сега за сега го нема направено ни едното ни другото така што Роси е барем 2 класи над него.