Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа ќе направиме трансфер-бум :D
 
30 милиони + Бојан за играч кој до сега имал само една добра сезона не е трансфер бум. Тоа е чиста глупост. Особено затоа што одбиваат да дадат 30 милиони за Роси.
 
30 милиони + Бојан за играч кој до сега имал само една добра сезона не е трансфер бум. Тоа е чиста глупост. Особено затоа што одбиваат да дадат 30 милиони за Роси.

ако го оставиме да има уште една добра сезона, отиде у Реал за 50че :)
 
30 милиони + Бојан за играч кој до сега имал само една добра сезона не е трансфер бум. Тоа е чиста глупост. Особено затоа што одбиваат да дадат 30 милиони за Роси.

У трансферов Бојан би бил вклучен само како играч кој ќе оди на едногодишна позајмица, значи во случајов Бојан не би се продал туку ќе биде пуштен само на позајмица.
Е сега да, цената е висока, треба да пробаат да ја спуштат за некој милион.
 
Роси беше прв избор на Пеп, веќе неколку години игра одлично, навикнат е на Ла Лига и живот во Шпанија и во исто време е подобар од Санчез. Ако сакаат Реал дадат 50 милиони слободно нека си го носат. Се додека Барса го земе Роси.
 
Роси игра одлично неколку години?
Роси направи „бум“ оваа сезона, исто како и Санчез.
Тоа што игра во Шпанија му е единствена предност пред Санчез. Подобар од Санчез? Изгледа го немаш гледано Санчез, како ја изигра сезонава(плус СП).
 
Кој и да го земете од Роси и Санчез нема да погрешите ! Санчез , Виља и Меси во напад би било нешто невидено ...

П.С Јас сакам Јуве да го земат Санчез ама некако тешко чим Барса е фаворит за него :)
 
Имаше на претходната страна изјава од татко му кај што вели дека останува:D
Абе случајно го кликнав линкот а претходните страници не бев ги разлистал тука, па побрзав да го пуштам линкот, пошто стварно непријатно ме изненади :)
 
Роси игра одлично неколку години?
Роси направи „бум“ оваа сезона, исто како и Санчез.
Тоа што игра во Шпанија му е единствена предност пред Санчез. Подобар од Санчез? Изгледа го немаш гледано Санчез, како ја изигра сезонава(плус СП).

Роси оваа година за првпат се растури од давање голови. Ама игра на високо ниво веќе 3-4 сезони. Лани беше повикан во првичната екипа на Италија за светското првенство и Липи највеќе беше критикуван што затоа што реши да не го земе што значи дека не бил толку лош ни лани.

Единствена причина зошто си отиде од Манчестер беше затоа што мораше да се натпреварува со Гигс, Роналдо и Руни за место во нападот. Ферги сакаше да го врати од позајмицата во Њуксал ама Роси сакаше да си оди.

За Санчез никој ништо не знаеше пред 9 месеци, а Роси си го гради името веќе 6-7 години низ цела Европа и станува се подобар и подобар.
 
Укупно за Виљареал има изиграно 127 утакмици и има дадено 51 гол. Лоша статистика за напаѓач, а?
Лани 34 утакмици 10 гола, не бил лош? Значи збориме за напаѓач, на кој единствена задача му е да дава голови.
Тоа што бил повикан на првичниот состав на Липи, не мора ништо да значи. Види само кој играше во нападот, одма ќе ти стане јасно.

Што е битно, колку време се знае за некој играч? Тоа ли треба да е мерило на квалитетот на еден играч?
Роси си отиде од Манчестер, зашто не му одговараше лигата. Гледам бил позајмен на Њукасал, каде во 11 утакмици немал постигнато гол. После во Парма 19 утакмици 9 гола. Значи до лигата е, не е до играчот.
Форлан исто така беше прогласен за анти талент, кога играше за Манчестер. Па пред неполна една година, беше прогласен за најдобар играч на СП.

Плус, Санчез е 2 години помлад.
 
127 утакмици 51 гол е лоша статистика? Што очекуваш? Статистика како Меси или Роналдо?

Ај да се позанимаваме малку со статистика.

Во Виљареал е од летото 2007, од 20 години. За тоа време има изиграно 127 утакмици, има дадено 51 гол. 32 оваа година. Лани и оваа година игра како шпиц претходно Кавечи беше главниот шпиц, а Роси и Казорла играа како крила во 4-5-1 формација. Значи далеку од гол.

Санчез за Удине има изиграно 94 утакмици, има дадено 20 гола, од кој 12 оваа година. Како е тоа за напаѓач чија што работа е само да дава голови?

Бројот на асистенции им е тука некаде. Санчез 6, Роси 5. Ништо посебно.

За светското првенство, важно е да видиш кој не играше, а не кој играше. Липи толку се потпре на старата гарда од 2006 што заборави дека и тогаш сите беа ветерани. Лука Тони.... сенилен старец.

Во тој тим немаше место ни за Касано ни за Роси. Да беа таму Италија немаше да губи од Словачка како мајмуни.

Санчез изигра една просечна сезона, не може да збориш за добра сезона ако не дадеш над 15 голови. Во многу просечна лига која што од следната година има 3 претставници во ЛШ.

Исто така од тие 12 голови 4 му беа против Палермо во победата од 7-0. Нема ништо импресивно да дадеш 4 гола на една утакмица ако на сите друг 37 дадеш уште 8. Роси на 19 години имаше 9 гола во 19 настапи за Парма. Во многу посилна Серија А од сегашната.

Единствено што дигна толку галама е што Удинезе завршија четврти ама кога ќе видиш каква беше конкуренцијата не ништо чудно.

Од друга страна Роси има 32 гола против тимови како Валенсија, Атлетико, Севиља, Порто, Наполи.... да не ги редам ама некои од посилните тимови во Европа.

Да не збориме дека тактички Роси е генијалец во споредба со Санчез кој што толку често е на погрешно место што дури жал ти паѓа да го гледаш. Ама ај за тоа нема врска млад е. За 2-3 години може ќе се опамети.

Само што ако на Барса и треба напаѓач после 2-3 сезони ќе си го чува Кркич. Нема да го купи санчез. На Барса и треба играч што може следната година да направи битна разлика и да даде солиден број на голови.

Санчез сега за сега го нема направено ни едното ни другото така што Роси е барем 2 класи над него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom