Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Епа барем може да дискутираме кој од подмладокот оваа сезона ќе добива поголема минутажа?
Јас на пример мислам Тиаго ако остани (ако сме глупи да го дадеме) ќе биде прв на таа листа, Хефрен највероватно ќе си оди, така да отпајѓа. Фонтас би сакал повеќе да го гледам ако не земеме некој централен дефанзивец летово.
 
Абе многу се потресувате за Тиаго. Тиаго не оди никаде, а ако евентуално тоа ќе биде на позајмица шо и не е толку лоша опција, под услов ако оди во некоја послава екипа за да игра цело време.
Иако изгледа и тоа нема да биде точно оти изгледа Гвардиола и Зубизарета рекле дека Тиаго не оди никаде.
 
Дајте бе малку активација, не личи ова ШАМПИОНСКИ :)))) Јес да нема ништо ново освен медиумски глупости, ама бојле ќе тепаме бош :}

Кој гол ви остави најголем впечаток и ви беше најдраг мината сезона . . . Мене на Меси на Бернабе :cool:
 
Со мало задоцнување, среќен роденден на Маскерано!
Ова со трансфер вестите не е ништо ново, секој ден ќе има шпекулации. Еве сега читам наводно денеска Роси е виден на аеродромот во Барселона. Има толку многу шпекулации, па додека не прочитам официјално, не можам да верувам ништо.
А, за Тиаго, имам доверба во управата, не се без мозок па да го дадат.
 
Демек Фабрегас добил дозвола да си оди од Арсенал, но Барса немале пари оти од Арсенал бараат 50 милиони, а Барса има за трошење 45 милиони и плус сака да ги доведе Роси и Санчез :)
 
Голот на Виља......неможам да го најдам само него
 
Оваа сезона се постигнаа толку голови на кои сум скокнал до таван, така што тешко ќе се одлучам за најдобар.
 
Udinese player Alexis Sanchez has the permission of his NT coach to travel to Barcelona for medical tests if there's a transfer deal. [rac1]


По се изгледа Алексис е веќе наш, но се додека не видам црно на бело на ништо не верувам . ..
 
Ова ништо не значи... вели дека му се дозволени медицински прегледи АКО има договор. Значи нема ништо сеуште:D
 
Голот на Виља се разбира, толку слатко сме се израдувале и изгушкале со другарите...priceless :)

А инаку гледам на Евроспорт кажаа демек Венгер го пушта Фабрегас да си замине, а штом Венгер го пушта јас мислам дека Цеск ќе биде наш у скоро време, иако не сакам да го земеме по цена на Тиаго, но тоа е...детето животна желба му е да се врати,а искрено мислам дека ќе се вклопи страшно добро.

Давид Виља ретроспектива :)

 
Најомилен гол ми е првиот гол на Меси на Бернабе во полуфиналето.
Уфф како се израдував на тој гол!
 
Очигледно дека цел Јуни ќе се мачиме со разни шпекулации објавени по медиумиве. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom