Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Шо се секирате бе, се чуваат за Реал. Или пак во краен случај ако имаме лоша игра таму, ќе свртиме 2-3 телефона, даваат црвен на Пепе и даваме гол во 92 минута. Ние задоволни, тие серат и така... до наредната година:D

И од наредна сезона повторно иста песна, повторно два телефона , повторно црвен на Пепе и повторно пор ќе :D
 
најважни се трите бода.
ќе има уште 4-5 утакмици вакви минимум до крај на сезона коа ќе бидеме тапа (тапа во смисол испод нивото на квалитет на кој сме навикнати) инаку во спротивно целосно заслужена победа.

фабрегас труп. тешко се движеше. пасовите ужас. па јас не го ни видов да се стрча.
меси, дадовте сите оцена, една од полошите утакмици. индиспониран беше комплетно
чави беше солиден иако фалат тие негови килер-пас, бускетс според мене најдобар.
маскерано и абидал одлични. со оглед на тоа што алвес има задача често да улетува...си поставувам прашање: кој тренер во историја на фубалот играл со ваква поставеност во одбраната, при тоа противничката екипа едвај да има по една-две полушанси?! нешто невидено и непознато во светот на фубалот.

како и да е, мора нешто да смени пеп. премногу пимплаат пред 16. може некогаш и да се шутне да му се сневиди, него да му се дава на педро или алвес, да бидат изблокирани во корна, па корната да се проигра кратко.. и така натака. многу сме предвидливи во напад, супериорноста не` вади, односно и поркај тоа што противниците знаат како тече нападот на барса најчесто немаат решение. тоа најчесто полека преминува во често. а ме плаши. да не премине во не-баш-толку-често.
гол од корна не сме дале од ларсон (така е зборот)

друго нешто ме плаши. екипиве против кои играме еволуираат да им ебам тоа. логично би било на 1-0 да нападнат да се отворат малку.. они се бранат без оглед на резултатот. на ниедна екипа не и оди во прилог да нападне против барселона. класична дарвина еволуција :)
 
Колку и да ни ги тренираа живците сепак мора да се разберат и играчите,играа за викенд,па вторник,па пак викенд,па пак вторник треба да играат во ЛШ.
Мора и некогаш вакви утакмици за се изиграат,ма да и против гранада да се искористеа шансите во прво ќе беше порелаксирано.
Со Мајорка сега дома очекувам полнење,со нив стандардно многу гола паѓаат на Камп Ноу.
 
Среќен роденден Адриано ... Уште многу успеси, трофеи во нашиот дрес ....
 
ne go gledav fudbalot , no po izgledanoto video ne mi stoi deka sme igrale tolku losho kako sto kazuvate, kako sto moze da vidam Granada ne stignaa do golmanot. Pa ne mora sekojpat da tepame so 3+ gola razlika . I vaka e dobro...

A i nikoj ne go spomenuva faktot shto 7 mecha po red nemame primeno gol.

 
Ајде бе , пишав и вчера , материал за Ел Класикото на Мак. Јазик ми треба многу!! ?!!! :confused:
 
Тешко ќе најдеш на македонски,отвори си на википедија и преведи си од англиски.
 
Бекенбауер: "Најголемиот ривал на Барса е самата Барса! Зошто? Многу едноставно, на навивачите на Барселона никогаш не им е доста, освоиа многу титули, играат многу добро. Ако во еден натпревар каде не постигнува многу голови Барса, кога играат помалку шармантно од тоа што се навикнати, навивачите тоа го карактизираат како лош натпревар, а тоа им комплицира многу работи на Пеп и неговите фудбалери."

Одлично кажано !
 
^ Е точно е тоа, многу не разгалија последниве години.:D
 
Поради повреда на левиот зглоб Педро ќе паузира наредните три недели..
 
UEFA+Champions+League+Final+Previews+StIQhMTVeRul.jpg

Пиќе и Пујол тренирале нормално денес, веројатно ќе играат во сабота против Мајорка ....
--- надополнето: Oct 26, 2011 10:38 PM ---
Huesca - Barca B : 0-1

Риверола стрелец на победничкиот погодок ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom