После подолго време и јас да пишам еден статус, не пишував поради Валверде ефектот

и поради некој други работи овде во фан клубот.
Конечно начекавме промена на тренерската позиција, после Рома , Ливерпул , Хусан доби отказ можеби би рекол во неочекуван момент. Но, фала му на Бога на Атлетико и на Чоло.
Морам да признаам , на почетокот кога почна Валверде, бев голем оптимист, па и негов фан да не кажам. Впрочем после назначување на секој тренер на мојот омилен клуб сум и голем оптимист и не го менувам мислењето многу лесно, НО Поразот во Рим, со крајни сили го прифатив ама она лани што ни се повтори на Енфилд, никогаш нема да го заборавам. СЕ беше благодарение на Валверде, НЕМОЖЕ некој да ме убедува дека тоа не е така.
Никогаш Барса немаше да доживее такви порази ако не одстапеше од својата ДНК, од пас играта, од Кројф филозофијата, ако не отидеше како ПИ*КА на тие гостувања. Точно е ги нема Чави и Иниеста, не може да се очекува тоа време, НО НО Сетиен докажа уште на првата утакмица како требаше да игра Барса последните па да не речам 5 години (и со Енрике последната сезона не беше сјајна).
Рано е за било каков коментар, но едно знам ќе биде многу подобро од ерата на Хусан, за трофеи не знам, може нема ништо да освоиме оваа сезона ама барем душата ќе ми биде полна ако играта е со нашата ДНК.
ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА ИМАМ
VISCA BARCA Y VISCA CATALUNYA <3