Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Пиќе и Ленге:cuc::cuc::cuc:
Колку топки избација,Ленгле флипер 3-4 топки ги блокираше.:zver:
Ако на почеток на сезона ни беше најлсаба алка одбраната сега може да кажеме дека ни е најака страна,две утакмици на Бернабе не примивме гол.:bravobe:
Лигата и купот се готови веќе нека се одмараат играчите за ЛШ.
 
Сосема друг пристап од мечот во купот плус Артур во игра и целосна друга игра игравме.
Само Артур падна физички во второ но затоа Видал влезе и не попушташе ништо да го помине.
Роберто да го извади од џебот Винисиус, како само го чуваше, ни Семедо вака не успеваше да го затвори.
Бускетс немаше баш најсјајна партија, во прво губеше топки на глупав начин а и Пике на крајот изгуби две топки кои лесно можеше да ги расчисти, но во текот на целиот меч беше супер.

Кутињо хаха па уште го барате да го стави во игра, невидлив е тотално, требаше Дембеле да го остави до крај за да ги отвори на контри, Кутињо нека билда форма против помалите.
 
Последно уредено:
Одбранава коска утакмицава, до утре да играа немаше гол да примат. Валверде тренериштево си ги мачка Реал. :)
Да видиме дали одбраната ќе покаже вакви партии и во ЛШ.
Има уште 12 кола да крај, блиску сме али би почекал уште некое коло, имаме 3 незгодни гостувања, Бетис, Виљареал и незгодната Селта за нас, плус дома со Атлетико Мадрид.
 
Изгина одбранава денес, сите шутеви ги блокираа (y) но кога е во прашање срединава, како забавена снимка делуваше во однос на таа од Реал, тешко се носат Бускетс и Ракитиќ во игра без топка, претромави се.

Сега да се надеваме дека не е Меси повреден, со Лион ќе биде заебано без него.
 
До 7 април мора да издржат, со мечот со Атлетико би требало дефинитивно да се расчисти лигава.
 
Ќе го отепаме Атлетико дома, реално вистинската закана секогаш бил Реал, а не тие :)
 
Атлетико немаат шанса на Кампот,плус ќе дојдат со автобус паркиран.
Сигурен сум дека и ќе кикснат некоја,како што играат мртво све по 1-0 тепаат..
 
Доволно е 1:0. Валверде имаше милост , нејќе Солари да јаде отказ.
Куп обезбедија финале, сега со Атлетико да победат или нерешено ( во случај Атлетико да киксне ). Цел фокус треба на Лига Шампиони сега.[DOUBLEPOST=1551568945][/DOUBLEPOST]
upload_2019-3-3_0-22-8.png
 
Последно уредено:
Ептен рутински ги тепавме. Доволно да докажеме дека моментално сме далеку подобар тим. Освоена е веќе лигата 99%. Атлетико мислам нема толкав квалитет да не стигне. Ќе киксаат до крајот, може уште утре со Сосиедад да изгубат. Сега остана да се запне со сите сили во ЛШ.
 
Валверде колку и да иритантен со играта понекогаш, мора да се признае дека ги погоди трансфериве.
Артур и Ленгле се играчишта.
Видал коа влезе го затвори тотално Виницијус, милион топки им украде, а за ич пари го зема.
И Малком го погоди али јбг нема место во тимот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom