Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Тотално погрешен впечаток имаат за Семедо на таа утакмица. Лоша беше тактиката средата, што призна и самиот Валверде, Винициус беше оставен еден на еден со Семедо и нормално е од 50 пати, два-три пати да помине. Сите акции на Реал одеа од таму. Затоа вчера ги поправи грешките Валверде и ја постави одбраната перфектно, Роберто се повлекуваше во 16 метри за да се намали просторот за Винициус и тука му се собираа по тројца и секогаш му ја одземаа топката, генијално беше тоа мора да се признае. Штом и Мурџо упати пофалби за дефанзивата знаеш дека била добра :D
 
Тотално погрешен впечаток имаат за Семедо на таа утакмица. Лоша беше тактиката средата, што призна и самиот Валверде, Винициус беше оставен еден на еден со Семедо и нормално е од 50 пати, два-три пати да помине. Сите акции на Реал одеа од таму. Затоа вчера ги поправи грешките Валверде и ја постави одбраната перфектно, Роберто се повлекуваше во 16 метри за да се намали просторот за Винициус и тука му се собираа по тројца и секогаш му ја одземаа топката, генијално беше тоа мора да се признае. Штом и Мурџо упати пофалби за дефанзивата знаеш дека била добра :D

Тоа да со тактиката, но многу често и еден на еден Роберто го кинеше.
 
Lyon 5:1 ги утепале Toulouse , се спремаат за на Camp-от
 
Последно уредено:
Колку само би чинел Де Јонг по ова вечерва,колку само екипите ке запнеа по него,мислам дека Бартомеу нетреба да се мисли,и да тргне по Де лихт Во џеб го пикна на Бензема
 
Денес 18:45 Barcelona vs Girona , Supercopa Catalonia, се очекува младинците да добијат шанса. Лани мислам нерешено заврши, па пенали се шутираа и Барселона победи.
 
Според последните пишувања загрени сме за Де Лихт. Не знам колку ќе е паметно, пошо ги имаме Пиќе таму, кој сигурно ќе биде првотимец уште 2-3 години. Лево се Ленгле и Умтити. Плус го имаме малиот од Толуз како 4ти. Муриљо и Вермален веќе ги сметам за заминати на лето.
Според мене прво треба да се атакува на напаѓач. Некоја јака 9ка. Стварно не ми текнува кој би можел да е реална а добра опција. Треба да купиме и лево крило и замена за Алба. Па дури на крај ако има пари за штопер.
И мора да се дава повеќе шанса на младите од ЛаМасиа, пред се О.Бускетс и Пуиг, па и Миранда.

Вермален, Муриљо, Денис, Гомез, Рафиња, Боатенг.. све тоа треба да лета. Ако се даде добра понуда нормално и Ракитич, ма да мислам нема шанси Валверде да го даде.
 
За напаѓач мислам дека по Јович ќе тргнат,мислам дека добар играч барем колку што го имам гледано,само ме плаши да не тгнат многу тимови по него па да треба да се истуриме од пари.
Јас би одел до 60 милиони максимум.
За замена на Алба има еден куп играчи,до 20 милиони некој поискусен треба да се земе.

Мислам дека би имале пари за Де Лигт,мислам дека и самиот сака кај нас да дојде.
Пиќе е 32 години веќе,првата година ќе игра Де Лигт во Ла Лига после мислам дека ќе го истисне.
Реално штета е да не го земеме машина е детето 19 години само а толку зрело игра,капитенски пред се,сигурен сум дека ќе биде најдобар штопер еден ден.
Не верувам дека би им претставувал проблем на другите штопери,Ленгле и онака беше донесен за замена да биде на Умтити(овој тешко да биде тоа што беше).
Несмее да се испушти ваков играч.:)
 
Еднаш во деценија се појавува стопер како Де Лихт, не смее да се пропушти. Во предност сме пред другите клубови, што поради Френки, што поради самиот клуб Ајакс, којшто ни е како братски. Двата најголеми таленти од најголемиот произведувач на таленти ако ги собереме, доминацијата е неизбежна.

D0-XncFXQAA8KSe.jpeg

За лев бек Фелипе Луис се спомнува, реално за од клупа одличен избор ќе е.

За напаѓач ќе треба најголем напор да се вложи и ќе е клуч за успехот во наредните сезони.[DOUBLEPOST=1551889711][/DOUBLEPOST]И Тен Хаг тренер :D[DOUBLEPOST=1551889871][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Тренерот при поволен резултат не почна да се брани, напротив уште повеќе напаѓаа и дадоа уште 2гола. Таков тренер ни треба.[DOUBLEPOST=1551892161][/DOUBLEPOST]
Wagué - Murillo - Umtiti - Miranda
Todibo
R.Puiq - Aleñá
Malcom - Boateng - Collado

Ова е стартната постава, мислам дека 4-3-3 ќе се игра. Очекувам средината Puiq и Alena да изиграт на високо ниво. Todibo заден везен.

ПС: На кој канал ќе е на ТВ или линк од стрим?​
 
Последно уредено:
Todibo , Puig, Malcom, Cillesen добри, другиве тежок просек. Miranda нека биде задоволен што за Барселона Б игра. Boateng ептен лошо..
Todibo сега за сега искина на заден везен, треба да биде замена за Busquets, а De Ligt за штопер да го купат. Од Alena разочаран сум ептен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom