Сите го обвинувате Енрике, а изгледа не знаете дека Пике и Ракитич беа суспендирани за натпреварот, а Рафиња и Арда се повредени.
И да играше Иниеста од почеток, секако мораше да игра еден од Гомеш и Денис, а овие двајца се полоши од Шумуликоски во најлоши денови. И секако Иниеста не може да изигра цел натпревар на високо ниво, ќе мораше да го менува, така да пак ќе играа овие 2ца.
Е, во одбраната се сложувам дека можеше и мораше да се почне без Лорд Волдеморт ака Жереми факинг Матје. Можеше да ги игра Маске и Умтити стопери, а Роберто десен бек.
Жално е што на ваков МЕГА-ГЛУПАВ начин ја испуштија титулата во Ла Лига, покрај ваков никаков Реал. Прво со поразот кај Депортиво на гости, сега и кај Малага. Ел Класико на Кампот последна минута примаат гол. Со Бетис гостувањето беше срам, чист гол ни не ни признаа... Се на се, мизерна сезона, се изгубија многу бодови на смешен а трагичен начин. Можеше да се освои оваа Лига, да се играше посериозно на сите натпревари.
И само да ве потсетам, кога се донесуваа играчи како Денис Суарез, Пако, Гомеш, Дињ.... голем дел од вас тука велеа дека баш тие, новите играчи сами ќе ни ја донесат Ла Лига, а останатите ќе се борат во ЛШ. Епа се надевам дека сега сфативте дека ова е фудбал, а не ракомет или кошарка.
Мора во средина да се донесат играчи стварно кои ќе знаат да играат, а не само да ја враќаат топката назад. 99% од головите што ги постигнуваме ги даваат и си асистираат триото напред. Средината како да не постои, никаков удел нема.
На почетокот на сезоната му тргна на Арда, постигнуваше голови, асистираше, играше одлично и Лучо го седна на клупа. Рафиња постигна неколку гола, па за жал се повреди и ќе отсуствува до почетокот на наредната сезона....[DOUBLEPOST=1491695232][/DOUBLEPOST]И да, овој мочко Хил Манзано ми е најодвратниот судија.