Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
И мене многу ми се свиѓа трансфер периодот, поготово ако се земе и Вието. Се засиливме со млади и квалитетни играчи, а не си замина никој што беше важен од тимот.
Според мене треба да си замине Адриано, пошо стварно нема простор за него..
За Даглас да не праиме муабет, и еден од Матје и Вермален. Реално мене Вермален кога е здрав ми е боље опција од Матје, ама веројатно Енрике не мисли така, плус помлад е од Матје, има во него уште добри 2-3 сезони како штопер.
Ако се земе Вието, најдобро би било Мунир да замине на некоја позајмица како Денис, дали во Виљареал дали во Севиља, пошо реално би немало место за него.. Мислам дека е и Рафиња, Денис и Туран се пред него за крилните позициим. а и Вието ќе покрива таму плус на 9ка...
Исто сакам Сампер да остане, за да оваа година добие на искуство малку, ако другата година си оди Маскерано ќе немаме замена за Бускетс..
Ваков состав сакам;

Голмани: Браво, Тер, Масип
Одбрана: Алекс Видал, С.Роберто, Пиќе, Маскерано, Умтити, Матје/Вермален, Дигне, Алба
Средина: Бускетс, Сампер, Ракитич, Рафиња, Иниеста, Денис, Туран
Напад: Суарез, Нејмар, Меси, Вието

Ако нешто би мењал во составот, тоа е да се продадат С.Роберто и еден од Ракитич и Туран за Верати и Белерин :D
 
Ајде нека се покаже сега како Денис Суарез, па за 1-2 години да имаме тандем Суарез-Халилович, плус Иниеста, техника левел 10000000 :uzi:
 
Halilovic vo Hamburg za 5 mil.evra. Narednata godina ke mozete da go vratite za 10 mil., a vo 2018 za 12.5 mil.evra.
Не ми е баш јасно што се прави со овој трансфер. Барса го плати 15м мислам, сега го продава за 5 за по една година можеби да го купи пак за 10 #FuckLogic
 
Андре Гомес и тоа за 50 милиони... :tapp:
Што праат бе, нормални ли се, што кур ќе ни е покрај толку средњаци.. место десен бек и шпиц да купуваат они лупаат во средина за просечни играчи.. овој не е ништо посебен, Верати илли Кутињо 100 пати боље ќе беа а ќе се земеше за истите пари.
Очигледно С.Роберто нема да се мрдне од десен бек, а многу веројатно е да биде и прв избор пошо му е миленик на Енрике..
Е сеа, од Ракитич, Рафиња, Иниеста, Денис, Туран, Гомес треба двајца да играат, другите 4 на клупа, а согурен сум дека пак најчесто ќе игра со Ракитич и Иниеста..
Стварно не го разбирам трансферот.. освен ако нема некоја замисла со 4 во средина да игра.. пичка му матер.
 
Хм, сега веќе сме пренатрупани во средината, дури и без Роберто кој ќе покрива на десен бек со Видал.

Иниеста, Бускетс, Ракитиќ, Маскерано, иако малку ќе игра на неговата природна позиција, Арда, Денис, Рафиња, Гомес, плус Зампер за кој Енриќе ако не се лажам изјави дека ќе рачуна повеќе сезонава. Еве и без Зампер, тоа се 8 играчи за 3 позиции. Според мене многу.

Нападот е тој кој што треба добро да се покрие. Таман си беше сега средината. Немаше потреба од Гомес. Се надевам само дека нема у напад да останеме со Сандровци и Мунирци.
 
Ни треба класична 9ка. Според мене Вието е топ решение. За на крила ги имаме Рафиња, Денис, Туран па и Иниеста како замени. Мунир мислам дека ретко ќе добива шанса и дека следната година ќе се продаде за 7 милиони со бај бек опција за 8 мил. у 2018 :D Така да после овој трансфер може да лета уште сеа негде на позајмица...
У средина незнам што ќе планира, ама можно е Турчинот да лета, а ништо чудно и Ракитич, ако стигнала некоја јака понида...
 
Без паника..деновиве турските весници пишуваат дека Арда прифатил понуда од Кина..мислам тој заминува
 
Во Кина не заврши транфер периодот?

Иначе Д. Суарез и Рафиња веројатно ќе покриват на крилни позиции.. Така да ќе има минутажа за сите иако овај Гомес никогаш за Валенсија не ме импресионирал а за на Европското шо да се кажи чорба..
50мил озбилно? 80-90 за Арда и овај ги фрлија.. За тие пари Верати можеше
 
35 кошта со можност цената да достигне 55 со се бонуси. А со оглед дека во делот со бонусите ќе се вметнат некои варијабли, како шампиони во Шпанија, во ЛШ, како и неговите индивидуални перформанси, не би ми сметало и да се исплатат сите 55 милиони.
 
А таман ќе го прогласевме трансфер рокот за феноменален. :tapp:

Купи уште еден голман јеботе , кога се глупирате барем иди до крај. Јас незнам како може така да се расфрлат финансиски , изгледаме како ПСЖ , милијардерски проект. Само човек што има многу , али страшно многу , може толку недомаќински да троши и да продава за по 2-3 пати поефтино ( случајот со Халилович ).
 
Играчот не ми е нај нај...искрено. Работата беше што Реал се вмеша во трката и практично мислам тие ги диригираа понудите и многу ја кренаа цената. Мислам дека од управата наседнаа на таа нивна игра. Средината е гужва голема, ама од друга страна страшно се зголеми конкуренцијата. Сеуште не знам како ќе се одвиваат работите, логично е некој да си замине. Страв ме фаќа тоа да не биде Ракитич...За Арда не се грижам и да замине, но утрово гледам Енрике го поддржува и верува во него..Некако конфузни се работите. Во однос на нападот се водат интензивни разговори со Вието, а Ван Перси отворено се понуди да помогне со своето искуство и бил спремен да биде четврта опција за во нападот..Мислам дека тој може да придонесе многу во нападот, сепак се работи за голем мајстор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom