Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Абе нека го земат Симеоне за селектор, уверен сум дека ќе се врати Меси, а со една ваква комбинација светското во Русија нема кај да бега, освојува Аргентина :D
 
Се надевам дека Меси ќе се премисли и ќе игра на СП во Русија. Но јас да сум на негово место би направил извесна пауза. Меси дава се’ од себе за Аргентина, го одигра најдоброто финале до сега, овој турнир прерасна во вистински лидер на тимот, ама ете, немаше среќа со промашениот пенал. Психолошкиот притисок го совлада.... И покрај се’, никогаш немал јасна поддршка од Аргентинците. Постојано тој им е крив за се’. Постојано бараат нешто да докажува. Она дрвото Игуаин три финалиња промашува чисти шанси - пак Меси е крив. Нека направи пауза во квалификациите за Светско, и онака Аргентина сигурно ќе се пласира. Нека се врати при крајот на 2017 и нека биде подговтвен за СП. Аргентина е главен фаворит за мене уште од сега, ако надминат некои бариери.
 
Какво сценарио би било пред СП да се средат коцките како што треба и да се сложат сите да го изиграат најјако што можат за последен пат, како само ќе се напалат за сите досегашни порази и гневот ќе го истурат баш тогаш, но сега за сега е километри далеку од тоа :D Покренати се многу собири, реклами, петиции, многу видни личности за да се обидат да го вратат Меси. Марадона рече дека ќе разговарал со него, може тој многу да влијае врз одлуката. Очигледно има некои луѓе од федерација или други играчи кои му ја префрлаат кривицата за поразот, со кои треба да се расчисти.
 
Според изјавиве од Агуеро, Меси и остала багра, изгледа доста се имаат испокарано во соблекувална. Си имаат и они некои проблеми, што до некаде е јасно, три финалиња на големи турнири да изгубиш во три години и не е мала работа. Се спомнуваат некои „луѓе“ кои правеле проблеми, ама не верувам дека ќе замине од репрезентација. Премногу ќе биде, Маскерано, Игуаин, Агуеро и Меси да заминат во исто време.
Крај краева, спознори и триста чуда, милиони лежат и таму, друго е на СП ако игра Меси, а друго ќе биде ако не игра, нема шанси да му дозволат да си замине од репрезентацијава пред Светското...кое реално му е последна шанса, со 33 години да освои уште тоа што му остана за освојување.
 
Според изјавиве од Агуеро, Меси и остала багра, изгледа доста се имаат испокарано во соблекувална. Си имаат и они некои проблеми, што до некаде е јасно, три финалиња на големи турнири да изгубиш во три години и не е мала работа. Се спомнуваат некои „луѓе“ кои правеле проблеми, ама не верувам дека ќе замине од репрезентација. Премногу ќе биде, Маскерано, Игуаин, Агуеро и Меси да заминат во исто време.
Крај краева, спознори и триста чуда, милиони лежат и таму, друго е на СП ако игра Меси, а друго ќе биде ако не игра, нема шанси да му дозволат да си замине од репрезентацијава пред Светското...кое реално му е последна шанса, со 33 години да освои уште тоа што му остана за освојување.
Со 31 година, сега има 29, а СП е 2018 :D Ако го освои тоа ќе остане веројатно и за наредното, знае Меси како да се штеди, па ќе може и на 35 да игра без проблем.
 
Ќе умрам

b8a4db8c6fbdb7c904f43c4d70e6932d.jpg
 
Šampionska generacija Argentine iz 1986. godine pridružila se kampanji čija je svrha ubijediti Messija da se vrati u nacionalni tim. Inače, organizovan je i događaj u Buenos Airesu za koji se već prijavilo oko 50 hiljada ljudi.

13567030_1232172653474267_8376212171338703179_n.jpg
Дури и статуа му подигнаа :icon_lol: Сфаќаат изгледа што им се случи, исто како Англичаните со Брекситот.
13501746_1232461653445367_3408596344785759049_n.jpg
 
Умтити прашање на време е кога ќе потпише. Потврда има и од председателот на Лион, плус ангажираа и штопер они. Се спомнува цифра околу 25-30 мил + некој бонуси.
Според мене топ трансфер, оваа сезона да се кали, а наредната ако замине Масче ќе си игра прва постава со Пиќе.
 
Не го почитуваа доволно, додека не реши да се повлече. Пичка им материна незахвална неблагодарна!
 
Абе озбилно Меси треба да докажува на некој нешто? :pos:

5 златни топки , 4 ЛШ титули , незнам колку Примери околу 8 , еден куп признанија и награди и срушени рекорди. Јебем ти Аргентина и светска јавност , па дали бил подобар од Марадона дали ќе играл јако да не биле Чави и Иниеста , мрш таму обични смртници се тие шо го пишуваат таму.

Едноставно уживавме во најдобриот играч шо некојпат газел на светот , плус ќе уживаме уште најмалце 3-4 сезони. Овие бројки од погоре со освоени титули и награди може само да се накачат во наредните години и само да го потврдат тоа што сите го зборуваат , а некои фаци несакаат да го признаат.

Џордан у кошарката , Меси у фудбалот.
 
Хоан Гампер купот повторно со Сампдорија, во 2012 изгубивме 1-0 :D

13502091_1232762783415254_2521454297973810239_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom