Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам што да кажам за само 4 натпревари ќе можат да ја поебат цела сезона,стварно незнам што им се дешава на играчите и на клубот, но вакво нешто е недопустливо посебно за тим како Барса, тука веќе не може да игра улога само уморот кај играчите, тука се дешава нешто многу поголемо и полошо за кое ние навивачите не знаеме.. да тепавме денес 100% бев сигурен дека земаме титула, али сега после овој меч незнам ни што да мислам веќе иако сеуште сме во пол позиција и повторно се зависи од нас до крајот.. наредниот меч против Депортиво е клучен и со победа таму се надевам дека колку толку ќе се стабилизираме малце, ако некој тим може да се издигне после вакво нешто, тогаш тоа е дефинитивно Барселона.. иначе со оглед на тоа дека Пиќе е суспендиран, очекувам на негово место да игра Бартра кој мислам дека денес беше на клупа, не верувам да стартуваме со Адриано на стопер.. и се надевам само десно ќе стартува Видал или Алвес, а не да експириментираме со Роберто на десен бек,кој навистина на почетокот беше одличен, но во последно време се почесто го гледаме стариот Роберто.. денес беше очаен и поради негова кривица падна и вториот гол...
 
Па и до психа е, никој не вели дека не е. НО, клучната психа кај Барселона како тим кој жарел и палел, а не психата кај рандом противник кој „одлучил да не и се плаши". Значи пак идиме до онаа категорија пад на форма на тимот.

Со сио ум се убедуваш дека само од Барса психата била важна? И ако да, зошто? Како можи да е само нивната кога имаш од другата страна 11 фудбалери кои исто така се професионалци. Никој не рече дека Одлучиле да не се плашат. Едноставно имаат поголема самодоверба противничките играчи со оглед на резултатите што ги вадите и игрите што ги покажувате. Влегуваат самоуверено. Незнам како да ти објаснам, а на навивач на Барса никогаш и не можело тоа да се случи.

Ко нема и Депор да ве тепа Среда, па да се доспуштите уште малку на земја.

Само психата од вонземјаните била таа што важела, угх. :вонзем:
 
Кој ти вели море САМО од Барса. Јас упорно ти велам дека формата на Барса е НАЈважна. А во форма спаѓа, премореност, спаѓа паднат карактер, спаѓа падната психа, може да спаѓа притисокот врз Меси со Панама, може да спаѓаат ред други калакурници меѓу кои НЕ е самодовербата на противниците. Не знам што не е тука јасно дека падот на формата е клучен за катастрофалните последни натпревари. Самодовербата на другиот тим може да е фактор, ама да го величиш како НАЈбитен и клучен фактор е муабет за прво одделение деца.
 
Следниот натпревар го играме во среда и несфатливо е зошто Енрике не направи замени .
 
Атлетико има огромни шанси наредно коло да киксне во Билбао и и евентуално со Леванте кои се борат за опстанок.
А на Реал еден од Сосиедад или Валенсија ќе им го пикне 100%.
Ние наредно коло ќе тепаме(најверојатно,зошто нема логика уште една во низа да изгубиме),во Андалузија со Бетис нема да биде баш лесно ама и тука ќе тепаме.И како последно гостување,односно во последното коло играме со Гранада.Е тука ќе биде заебано поготово ако на Гранада до крај и биде неизвесна ситуацијата за опстанок.Останатите два натпревари со Хихон и Еспањол кои ги играме дома не ми се веува дека ќе ни бидат некој проблем иако Еспањол пред некоја година практично ни ја зеде титулата.Мислам дека до крај на првенството сите три тима ќе кикснат минимум по еднаш.
 
Не знам што веќе да се каже, уште не ми се верува што гледам од Барса овој месец. Не Барса, туку ми се чини никој до сега вака не утнал освоена титула. Ок, не е уште готово, ама да прокоцкаш предност од 9 т.е.12 бода пред ривалите е страшно!

И тоа најмногу ми е криво што вечерва играа, креираа шанси, а не направија ништо. Меси беше нешто подобар од прошлите мечеви, ама пак не е тоа тоа. Нејмар веќе гадно ме нервира, заслужува да си седне на клупата макар еден меч. Сержи Роберто и Ракитиќ исто не покажаа ништо.

Ама вечерва за мене главен виновник е Лучо. Нема што да се лажеме. Цел натпревар без измена!?! Во натпревар во кој брка резултат! Ракитиќ не можеше да оди до крајот, Иниеста исто беше преморен, во нападот не одеше ништо, а Лучо мртов ладен не реагира! Мајку му, точно дека имаме слаба клупа, ама во ваква ситуација мораше да ги внесе Арда и Алвеш, а при крајот и Мунир.
 
А и кога гледа дека не оди не менува ништо, затоа ме нервира Лучо.Значи немаме клупа и ако на овие не им тргне, толку, изгубена е утакмицата... ни играчи, ни формација мења...
Со Депортиво може да проба и друга формација ако не оди, да бидеме поконкретни. Нека проба со 4-4-2 ... Нејмар и така не е корисен утакмициве на крило, дрибла накај нашиот гол, нека влезе у шеснаесетник барем нека праат гужва со Суарез и ќе има повеќе простор за дупли пасови така..
Туран е одморен, може он да стартува, Раќитич е мртов денеска неможеше да стои после 70та, Алвеш исто е одморен, може и Алба да одмори малку, катастрофа е... Незнам до кај сме со повредените Матје и Рафиња, ја у среда би почнал вака:

Алвеш - Бартра/Матје - Маскерано - Адриано
Меси - Рафиња/Иниеста - Бускетс - Арда
Суарез - Нејмар​

Ама џабе си праеме филмови, не е можно друга формација кај Барса освен 4-3-3 ...

Иначе за на лето мора едно добри 3-4 засилувања.. Лапорте, Гамеиро, Погба/Верати и лев бек...
 
Смешни ми се тврдењата дека досега ни се плашеле противниците па затоа сме победувале.. Се согласувам дека постои она што викаат насетување на крв, и чувствување на некои наши слабости од нивна страна, но за тоа се самите играчи криви. Едно да е јасно, Барселона во овој период се победи самата себеси. Ни Реал, ни Атлетико ни вчера Валенсија не изиграа ништо магично кога ги остварија победите. Напротив, факт е и постои како податок како завршуваа натпреварите во првиот дел од полусезоната кога тимот беше во топ форма. Недопустливо е да се загуби толкава разлика. Ниеден знак немаше дека ова ќе се случи и имаше позадина оптимизмот на фановите. Замислете Реал или некоја друга екипа да немаа загубено 39 натпревари? Немаше да бидат оптимисти...?Немој да ме јебешш. Друг дел од приказната е колку е способен Енрике. Јас сепак мислам дека триплетата минатата сезона беше освоена фуриозно на мускулите на овие тројца напред. Тој и не е баш некој тактичар..Згора на тоа е многу тврдоглав..Најмногу што ме нервира во целава ситуација е што сите фанови насекаде во светот бараат големи засилувања на лето..И тоа 4-5 врвни засилувања..Многу ме потсеќа таа тактика на овие богативе како Реал, Сити или ПСЖ. Не оди сезоната и ајде да ги купиме најскапите играчи, па да освоиме се...Барса како да го губи идентитетот, и тоа најмногу загрижува од се..
 
Последно уредено:
Абе да не надиграа противниците, ајде. Ама, од сите шо изгубивме само Атлетико се држеше, Реал беа мизерни, ние уште повеќе. Сосиедад еднаш на гол шутнаа, влезе. Валенсија еднаш шутнаа, 2 гола дадоа. Никој не ни е крив кога Суарез, Нејмар и Пике промашуваа зицери.
 
Напред Барса има уште до крајот.
 
Нејмар цела полусезона е срање невидено, колку се крена дечкото после третото место за златната топка, ако продолжи вака на добар пат е да биде продаден. Воопшто не изгледа зрело, толку лесно го провоцираат, тоа е чудо. Во првата сезона кога дојде беше подобар отколку оваа полусезона.

Немаше Барселона среќа вчера, силување за фанови на Барселона беше вчера утакмицата, овие напаѓаат и цело време некако не можат да погодат, овие другиве даваат гол од еден обид и еден полуобид.

@Бокица Ај брат излези од фан клубов јас не сеќавам некој олку да провоцира и да треси глупости, а да не е баниран. Цела сезона ти на Барселона и ја потценуваш и победувале тие оти другите и се плашеле. Толку ти е тешко да сфатиш што е опаѓање на форма? Вчера од што не ни се плашеа Валенсија нашиве играчи промашија неколку чисти шанси? Уште да кажуваш не признавале навивачите на Барселона, ко ние да сме криви 39 натпревари што немавме пораз и сега паднаа играчите. Се уморија, 10 натпревари повеќе од Атлетико и од Реал имаат изиграно, толку ти е тешко тебе да сфатиш?
 
Ok, izmoreni se. Do toa e.

Nema shansi neshto da vi se dokazhi, vie se znajte, iako so glata v zid vi e razmisluvanjeto. Ama ako, pravdajte gi vie ushte, pa neka vi se sluci istoto Sreda.

Kaj nas barem gi kritikuvame I toa zhustro koga ne e vo red. Vie samo pricini barate zosto, Panama slucaj, Krojf, nastinka, menstruacija.

Keep it up, my job here is done.
 
^
Ако последниве страници не се критикувани Нејмар, Алба, Меси и Ракитиќ, не знам кога биле.
 
Ok, izmoreni se. Do toa e.

Nema shansi neshto da vi se dokazhi, vie se znajte, iako so glata v zid vi e razmisluvanjeto. Ama ako, pravdajte gi vie ushte, pa neka vi se sluci istoto Sreda.

Kaj nas barem gi kritikuvame I toa zhustro koga ne e vo red. Vie samo pricini barate zosto, Panama slucaj, Krojf, nastinka, menstruacija.

Keep it up, my job here is done.

Бокица, едноставно е бе друже, се ова што го изгуби Барса е само нивна кривица, на никој друг. Нити Реал изиграа нешто спектакуларно на Кампот, нити Атлетико нешто поразлично во однос на 6-те порази по ред кои ги имаа од Барса, ниту Валенсија и Сосиедат одигра бриљантно. Барса беше мизерија, но не заради нив туку заради самата себе.

Вчера додуша Барса и не беа лоши како на претходните утакмици, уште во првите 15 минути можеа да ја решат утакмицата, ама јеби га, оваа утакмица беше од оние што среќата ти го свртела грбот, од една ипол шанса у 1 полувреме Валенсија постигнаа 2 гола, Барса на цел меч имаше 7/8 добри шанси, 3 да реализираа ќе ги лапнеа 3-те бода.

Муабетов твој е дека тимовите да излагале со другачие пристап Барса немаше да постигне ништо од сево ова.
Ако идеме по таа логика,твојава констатација тогаш ќе важи за сите поголеми тимови, и Реал и Баерн и ПСЖ, итн..

Во секоја сезона Барса има кризи во одреден период. Е сега, се деси во најлошиот период за нив што можеби ќе ги кошта титула,но ни ти ни никој неможе да им оспори дека играа бриљантно во најголем дел од сезонава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom