Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е последица на умоρ, ништо стρашно, неκа се поρадуваат малце душманите од сите мали κлубчиња. Титулата е наша сеκаκо. Остануваат уште дρугите две, одиме понатаκа.
Visca el Barca!
 
Не ми текнува кога олку лошо изиграл бускетс а мснто невидливо се да им ебам не се ни трудеа.
 
Сепак треба разбирање за триото напред , особено за Меси. Одигра цели 180 минути за Аргентина во два тешки натпревари , плус играме со Атлети за 3 дена.
значи уште пострашно ќе биде во вторник,вечерва се доисцедија :гомце:
 
Алба се виткаше по утакмицата нешто.. Тој ако се повреди лошо е.
 
Кога последен пат сме одиграле добар меч после интернационалените натпревари. Се надевам ова ќе им дојде како мало отрезнување.
 
Мечот со Атлетико на Ноу Камп е клучен , мора да соберат сила за тој меч . Потоа уште едно тешко гостување со Сосиедад , Суарез ќе одмара на тој меч поради картони .
 
Ова е последица на умоρ, ништо стρашно, неκа се поρадуваат малце душманите од сите мали κлубчиња. Титулата е наша сеκаκо. Остануваат уште дρугите две, одиме понатаκа.
Visca el Barca!

Пишав неколку пати. Има уште од нивата за орање, ништо не е освоено. Не знам зашто пред време почнавте да славите.
Па и уште со Реал лаганица ќе била.

Ел Класико е бе луѓе, за Реал збориме. Едниве 10-то место да се па не треба да се потценат, камо ли трето.

Ако не плесне следната Сосиедат плачење ќе биде, па после ќе се молиме да не се повтори сезона 2007-2008 кога прокоцкавме 9/10 бода за 8/9 кола.
 
Одамна не одиграле толку лошо како вечерва по голот на Пике. Честитки за Реал, тоа е тоа, мора да гледаме напред. Сепак заморот го прави своето, многу натпревари одиграа, па и Јужноамериканците играа тешки квалификациски мечеви. Меси изгледаше преморено. Суарез и Нејмар не личеа на себе со оваа игра.

Овие две недели се клучни за сезоната, се надевам нема да паднат сега во играта. Но, ако одиграат вака во вторник, тешко ќе направат нешто со Атлетико. А и мора конечно да се скрши малерот со гостувањата на Сосиедад. Ако победат со нив, мислам дека титулата е освоена. Но, ако пак загубат таму, веќе до крај се’ е можно.

Инаку по ова вечерва мора да се спомене и уште еден голем проблем. Реално гледано, моментално Барса нема добра клупа. Во финишот и да сакаше Лучо нешто да смени, на клупа немаше ниту еден играч кој би направил разлика. Мора летово да купуваат, пред се’ квалитетен резервен напаѓач и барем уште еден квалитетен фудбалер од средината.
 
Умор или шо како не знам, ама една од најмлитавите утакмици годинава им беше ова, буквално се влечеа по терен, а и Ел Класико во целост беше едно од најдосадните последниве 2-3 години (макар шо паднаа 3 гола).
Бидна шо бидна, нека се вратат со победа против Атлетико сега, ако не ја победат и таа утакмица ќе биде многу лошo, и психолошки и секако ќе паднат...

Рекордот застана на 39, not bad at all.
 
Треба да бидеме реални и самокритични..Заморот е битен фактор, но е безначаен изговор..професионалци се. Од друга страна Реал не е екипата на Бенитез, можеби и сега не се баш сјајни, ама доколку остане Зидан и со 2-3 врвни засилувања ете ги пак на врвот..Сепак се големо име..Мое видување е дека некако порастеретени играме на Бернабеу. Таму имаме многу големи резултати. На Камп Ноу памтам само еднаш комплетно да сме ги уништиле..таа што заврши 5-0. Другите натпревари добро се држел Реал...Комплицирано е тоа што после ова гостуваме кај Сосиедад, каде што не памтам од кога немаме победа..А и натпреварот со Атлетико нема да биде нималку лесен, иако очекувам да изиграат послабо од она што изигра Реал вчера..Комплетно бев разочаран од играта на Нејмар..а и од Арда..Вистина човекот игра малку, но мислам дека не ги оправда очекувањата, не се џабе сите шпекулации дека на лето може да замине..Сума сумарум, пораз кој треба да ги врати во реалноста, сезоната е долга и ништо не е добиено..Во фудбалот фаворити има само на хартија, и земајќи го во предвид тој факт воопшто не ми смета и да фигурираме како аутсајдери во секој нареден натпревар..VISCA BARCA!
 
Двата гола паднаа по лош пас од Алба. Јебига лош ден беше сношти , настрана уморот али и многу аматерски изгледаа во некои ситуации. Сигурен сум дека против Атлетико ќе гледаме сосема друго издание.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom