Искрено мислев дека ќе имаме мака со оглед на неиграњето на Меси прва. Мислев и дека Чоло ќе биде побрутален прво полувреме со тој неговиот пресинг. Среќа ништо од ова не се исполни. Од почеток до крај Барса контролираше се.
Можеа да водат и во прво ако Нејмар додадеше на Суарез или Ракитиќ, малку себично изреагира.
Слободниот на Нејмар е топ мора Меси да му дава почесто да шутира има и со Бразил доста јаки голови дадено.
Изненаден сум од Серхи Роберто. Никогаш не верував дека тој лик ќе изигра вака одлично. Иако игра на неприродна позиција сепак се пронајде и делува стабилно. Истрчува напред, помага на средина и напад единствено послаб е на нафрлање. Но позицијата десен бек делува посигурно него ли со Алвеш и таа негова (не)форма. Пеп со Маске на времето и Енрике со Серхи луд експеримент со ротирање на неприродна позиција но делува. Се надевам дека Вермален нема да биде отсутен долго со оглед на тоа што немаше контакт со фудбалер при повредата.
Меси е единствен, малку му треба простор и да поентира. Сигурен бев дека ќе даде гол и ќе го посвети на синот.
Маске е тотално изгубен, Матие има некои чудни и несфатливи потези. (Како пијан каратист е) Тешко нас со тој централен дел од одбраната.
Битни три бода на гости со незгоден противник. Одиме понатаму. Visca el Barca!