Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Не е толку лошо, без Алба и Нејмар таа страна е за џабе. Матје ниту го напаѓаат противниците секако неможе да придонесе ништо во нападот.
 
article-1357526-0D35B3DB000005DC-172_634x376.jpg
 
Кога се враќаат Алба и Нејмар?

Најверојатно за второ коло . Паузата на Алба е до 23-ти август . Нејмар можеби ќе биде во тимот , но мислам дека нема да ги стават .
 
Пиќе ќе биде казнет помеѓу 4 и 12 утакмици. :tapp:
 
Тоа е тоа... ништо од 6 титули и оваа година, но сега тоа е и најмалце битно иако сите го посакувавме тоа, прва работа која мора да ја средиме е одбраната бидејќи не делува баш најстабилно а веќе во Недела започнува Ла Лига и повторно играме против Билбао и тоа на нивен терен... како и да е заслужена титула на Билбао, сигурен сум дека во Недела ќе гледаме сосем друга Барселона, не како во овие два меча.. за тој меч би требало да се вратат и Алба и Нејмар и со нив во тимот сигурен сум дека тепамe на тој меч :D[DOUBLEPOST=1439858521][/DOUBLEPOST]
Пиќе ќе биде казнет помеѓу 4 и 12 утакмици. :tapp:
Од каде сега оваа информација?
Покрај оваа одбрана уште ова ни фали...
 
Играта е срање, не можат да победат еден ебан Билбао. Се однесуваат како препотентни идиоти предводени од неписмено муле.
Скоро секогаш после претходна успешна сезона се замислуваат дека го фатиле Господ за брада, а паралелно со тоа играта станува жива катастрофа.
Нек се ебат у гз јас таква препотентна Барса не сакам да гледам и мило ми е што нема да го овојат супер купот. Со ваква игра најверојатно и ќе освојат курац (иако е рано за прогнози, сезоната само што започна).

не сум неписмен !
 
Со Арда Туран јас се надевам дека ќе добиеме на креативност , бидејќи Чави повеќе го нема , а ќе биде потребен да го заменува Иниеста . А за Погба не знам ни која позиција би му одговарала во овој систем .

Споредба јака. Чави со дивјако шо фрла копачки по судии. Ако чекате на него, добро е тоа за нас. :icon_lol:
 
Не коментирам за изгубената титула,сакав нешто друго да пишам.Вчера коментаторов од СК кажа битен податок дека овој тим на Барса што излезе вчера е со просечна старост на играчите од 29,4 години o_O.Ептен е загрижувачки тоа што ни стареат ичгачите а ние не се засилуваме со млади играчи туку купуваме 28-29 годишни играчи(Суарез,Арда).Не дека не ги сакам играчиве,муабетот ми е дека раководството треба сериозно да го свати ова и да почнат да се носат млади играчи и тоа не само таленти туку проверени играчи пр.Погба,Верати,Кутињо(последниов ми е најголема желба:love: )
Мора да почне да се купува зошто за некоја година ќе треба да направиме тотална чистка во тимот а ќе се ослонуваме на антиталенти од школата кој немаат потенцијал за да бидат ни резерви во Барселона(Бартра,С.Роберто па и Мунир и Сандро не се ништо посебно иако Сандро ми е ок).
Значи иднината на Барса се Тер Штеген,Нејмар кој и тој има Бразилски менталитет и може за некоја година да забега,Рафиња е просек и најмладите Халилович,Д.Суарез и Сампер(како што тргнала работава со најмладиве играчи добро ќе биде барем еден од овие да задржат).Значи треба да се донесат едно 3-4 млади и добри играчи кој ќе имаат доволно квалитет да можат достојно да ги заменат Иниеста,Чави,Алвеш,Маскерано и сл.
Доста е пишување,мислам дека ми ја свативте поентата.Забегав од сабајле :eek:
 
Споредба јака. Чави со дивјако шо фрла копачки по судии. Ако чекате на него, добро е тоа за нас. :icon_lol:

Арда Туран го сметаш за чист копач? o_O

Комбинација ти е Арда , и да ве плеска и да ве дрибла . :D
 
Значи вака стојат работите ахам. ЛФП нема да дозволи Барселона да биде првак и оваа сезона тоа е очигледно. За вреѓање на судија се добива максимум жолт картон, а според овој критериум Пепе против Гетафе требаше да добие помеѓу 4-12 години затвор, исто и Пеналдо барем една година суспензија заради удирање со бокс противнички играч. Тоа е тоа, сезонава ќе сме сведоци на уште мноу вакви бизарни одлуки, само што штета што Барса нема некои луди навивачи да им покажат малце демократија на дело на судивчињата. Очекувам поради длабоки анални проблеми од претарано силување на противничките играчи Меси да добие 30 натпревари казна, а Браво поради избегнување на крвнички противнички старт да добие минимум 2 години суспензија бидејќи не останал во место да биде прекршен. Ако на ова не реагира остро управата нека се лечат пичка им лепа материна, ако имаат грам мозок бар ќе пуштат жалба иако не вреди за мадридските гомна.
 
Под итно мора десен бек да си земе Барса, и навистина не разбирам зошто на Дани Алвес му го продолжија договорот... Значи последниве две сезони е дрво невидено, еден добар центаршут нема, во дефанзива е патарушка, а и прави непромислени работи како да има 17 години.... Замена за Дани Алвес кој е ? Ако е само Даглас, колку што имав можност лани да го гледам еден или два натпревари дечкото сеуште незнае кај тера... Дали е повреден или не знам што е работата во моментов со него гледам последниве неколку натпревари го нема ни на клупа...
11902469_1129808090364006_4231929899439594570_n.png
 
Како не разбирате зошто му го продолжиле договорот на Дани Алвес? Како? Кој ќе игра? Даглас? Поглупо прашање нема, налет тоа што минатата сезона беше предобар, во најдобра форма беше кога требаше најмногу.
За муабетот што ни е застарена екипата се сложувам. Меси, Луис Суарез, Ракитич, Арда, Бускетс, Пике, ќе играат како сега уште 4 сезони минимум, Иниеста, Матје, Дани Алвес, Вермален, Браво(овој можда повеќе), Маскерано мислам максимум уште две сезони, некои од овие ни една. После тука се Видал и Алба што мислам уште минимум 6 години ќе бидат страшни бекови, Рафиња се надевам дека ќе се развие правилно оти има многу потенцијал, во Бартра, Роберто немам надежи, а за Мунир и Сандро немам мислење се' уште. Мора малку да купуваме како Реал, тие во последниве години се изнакупија играчи кои на 23-4 години се веќе играчишта, со овие тимови моментално ние за неколку години ќе имаме стар тим и ќе мора да сменуваме од корен, а тие отприлика ќе го имаат истиот костур. Кај нас такви се само Тер Штеген и Нејмар (одлично е што најдобриот од генерацијата го зедовме ние). Следниот преоден рок наместо да го купуваме Нолито на 29 години треба да купиме некој помлад и подобар, да купиме еден од Погба, Верати и Кутињо, да го купиме најдобриот млад стопер - Маркињос, Лапорт. Ова е важно и за евентуално продавање, кој ќе го купи сега Матје за 20 милиони колку што го зедовме или Вермален, Адриано.
 
Немора да ги продаваме за толку колку што сме ги купиле. Матје кој сака нека збори али лани си ги заслужи тие 20 мил. Да, да 20 милиони. Не како Реал шо дава по 35 за бекови и тоа замена. Си даде лани два најбитни голови у лигата, против Реал и Селта и освоивме титула. Годинава е тука добар за ротација за штопер и лев бек. Другата год. комотно може да иде у Лион или Рен за 7-8 милки.
А дека треба да се прави реконструкција, треба.
Ама треба да има и искуатво во тимот. Најдобри години за фудбалерите се од 26 до кај 30-31.. баш во тие години ни се најдобрите (Меси, Суарез, Раќитич, Пиќе, Бускетс, Арда, Видал, Алба, Браво...) кои можат да играат на врво ниво уште 3-4 год. па и повеќе, а ние за тоа време ќе купиме 15 фудбалери. Плус тука се Нејмар, кој го гледам како иден предводник на тимот после Меси, Тер Штерген, Рафиња.. и најмладите Сампер, Халилович, Денис Суарез..
Искрено од Мунир и Сандро не очекувам ништо, освен ако може да им земеме по 10-15 мил. за некоја година.
Следното лето треба да се тргне по квалитетен млад средњак (Погба, Верати, Кутињо.. сите ми се желба), десен бек, лев, штопер и напаѓач потенцијален.. а тимот треба да го напуштат Дани Алвеш, Даглас, Матје, Адриано, С.Роберто, Маскерано.. и да им се даде шанса на Д.Суарез, Халилович и Сампер..
Каков само тим ќе имаме, спој на искуство и млади таленти кои сакаат да се докажат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom