Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Воопшто не се согласувам со твоето мислење, ти како што пиша испаѓа дека моментално играме како без тренер ... НЕЕЕ БРАТЧЕ, не е така !!! Енриќе е тој кој ја воведе оваа дисциплина во соблекувалната , ако некој е виновен за ова што го постигна клубот до сега е само тој и никој друг !!!! Лани Меси си го ладеше, Пиќе излагаше на утакмица како на тренинг, зошто сега не е така , зошто ? Затоа што Енриќе уште кога беше назначен за тренер на првата екипа јасно и стави до знаење дека тој е ШЕФ, а не Меси или рајко .... Тоа незадоволство беше затоа што играчите се понашаа како они да се главни, а сега Лучо ги стави во ред. Затоа беше тоа незадоволство... А дали си се запрашал, ако не беа тие ротации дали во овој клучен дел од сезоната ќе беа сите здрави играчи или ќе бевме бетер Баерн ....

П. С Со Сосиедат : : Bravo; Alves, Piqué, Bartra, Adriano; Mascherano, Xavi, Rafinha; Messi, Neymar y Luis Suárez.
Секако дека Енрике има удел во подобрубањето на одередени работи во тимов, тоа не спорам. Само ми е малку чудно како одеднаш после кавгата и средбите со челниците се играше најдобро во последните неколку години. Времето ќе покаже дали се точни претпоставките или ќе скријат се под тепих како ништо да не се случило. А тоа дека не ја спукаа сиграчите со Енрике мало морген ;)

ПС. Честито нека ни е првата титула годинава, да ни се множат :motorce:
 
QLFzK5A.jpg
 
Играчите урлаат во позадина. :pos:

:pos::zver:

На крајот пукна добра реченица. "Да почекаме само потврда од судијата, оти ги видовме во секакви изданија".
 
Вчера очекував дури и потешко да одиграат со оглед на тоа што со Баерн се истрошија и физичи и психички и емоционално.

У прво имавме 3 добри шанси за гол, штета што не се реализираше ништо од тоа, бар да се направеше порано два разлика и да се извадеше некој од тројкава напред да одмори малце.

Валенсија малце ни го олесни патот...Бар нема да стравуваме за мечот со Атлетико дали ќе победиме или не, големо психичко олеснување и за нас и за играчите.

99% титулата е наша. Останатото е само теорија за Реал.

Сега сите сили нека ги насочат кон Баерн и визирање на патот за Берлин !
 
Во последните седум натпревари гол разликата е 25-0

Незнам кој беше овде на форумот , на почетокот на сезоната пиша дека нема да примаме повеќе од 20 голови во Примера, и еден миланез му се изнасмеа у фаца. Уште 2 кола до крајот , 19ка имаме до сега. :icon_lol: Одбраната оваа сезона беше најмалце 3 класи подобра од лани , а единствено засилување беше Матје. Нормално дека одигра и дечкото улога , али сигурно тренерите што работат со нив, и физичката кондиција која им ја донесе Лучо до перфекција имаа повеќе заслуги за тоа.
 
Незнам кој беше овде на форумот , на почетокот на сезоната пиша дека нема да примаме повеќе од 20 голови во Примера, и еден миланез му се изнасмеа у фаца. Уште 2 кола до крајот , 19ка имаме до сега. :icon_lol: Одбраната оваа сезона беше најмалце 3 класи подобра од лани , а единствено засилување беше Матје. Нормално дека одигра и дечкото улога , али сигурно тренерите што работат со нив, и физичката кондиција која им ја донесе Лучо до перфекција имаа повеќе заслуги за тоа.
Не е само Матје единствено засилување во одбраната годинава го имаме и Браво на гол и он е одлично засилување плус и новиот Пиќе го имаме исто како и Алба и Алвес :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
А да му се даде малку повеќе кредит на Енрике за малкуте примени голови не ќе да е лошо. Иначе јас кажав ама не 20 туку 10 на почетокот на сезона ме тепаше ваљда ептен еуфорија после две благо кажано мизерни сезони.Плус има/ше доста лош третман Енрике од доста играчи во тимот можеше да биде по цврста сезона ако имаше помалку билдање его!
 
Браво е засилувањето на сезоната. Шала на страна многу малку кредит му се дава него, ама имаше некои одлични партии, кога не спаси од изгубени бодови. Голманската позиција ни е обезбедена за следните десетина години ако се одвива се како што треба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom