Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Честитки , сите одиграа на високо ниво со исклучок на Монтоја. Тој беше дефинитивно најслаба алка.... Повредата на Иниеста првично не е од сериозен карактер, утре ќе има подетални испитувања околу повредата, а мора и да кажам Чави моментално е во многу подобра форма од Иниеста .....
 
Ај не серете за Монтоја, сасвим коректно изигра вчера.

Уште Клоп да го осигураме за наредна сезона :popce:
 
Ај не серете за Монтоја, сасвим коректно изигра вчера.

Уште Клоп да го осигураме за наредна сезона :popce:

Ако Луис Енрике освои барем една титула мислам дека нема шанси да замине наредна сезона ....
 
И да освои три , јас би го отпуштил. Нема карактер момакот , нема муда. Калкулации еден куп цела сезона.
 
Се зависи и од тоа како ќе изиграат до крај. Ако изиграат квалитетно и испукаат се до крај, нека остане. Јас кога почна сезоната реков дека би бил ептен задоволен со една титула од ЛШ, Ла Лига, Куп, сега има надеж и за нешто повеќе, само не ми се допаѓа тоа што играат топло ладно во одредени периоди, нешто што може да ја заебе цела сезона.
Како и да е, како што кажа ЛаВиста, ако се врати Лапорта, тешко дека Енрике би останал.
 
Погодуваме од прекини, контра нападите ни станаа најсилно оружје решаваме битни утакмици со јаки противници уште првиот натпревар.
Лидери во првенството, куп финалисти. Зашто би го смениле тренерот, дај покажете малце респект кон чоекот. Јас сум го критикувал, и можеби пак следна ќе го критикувам ама засеа заслужува почит
 
Според мене минувате во транзиционен период, старите играчи воедно првотимци не се веќе во форма и се бара нивна замена, а човекот доста добро се справува со ова. Е сега зависи од тоа колку титули ќе освоите, али ако Реал го задржи Карло кој најверојатно нема да освои ниту една титула сезонава, тогаш не гледам зошто да го бркате Енрике.
 
Многу оштетувања имаше откако замина Пеп.. Сигурен сум дека и самите не сме свесни колку долу беа играчите и начинот на кој игравме.. За брзо време успеа да воспостави еден нов начин на игра.. Сите ќе се сложиме дека ова не е најатрактивната и најдоминантна Барса, но секако дека е поопасна и поконкретна на моменти.. Се сеќавам на натпреварите со Челзи во 2012 кога испаднавме..Често ги споменувам тие натпревари бидејќи тие натпревари според мене го означуваат крајот на таа ера на Пеп. Игравме одлично за око, но на крајот останувавме без целиот плен. Исто имаше такви натпревари во следните две сезони..Овие киксови кои сега се случија како оној со Севиља се плод на неискуството на Лучо, кој знае да погреши со замените..Не е лесно да се биде на едната страна, а од другата страна се медиумите, преголемите очекувања на навивачите.. Видете што се случува со филозофијата на Пеп во Баерн..Го сакам Клоп на клупата, нема сомнение, но не знам колку ќе биде ефикасна промената на уште еден тренер за толку брзо време.. Мислам дека со уште некое засилување во средината и одбраната, овој тим ќе биде уште подобар и со Лучо на клупата..Чувствувам дека си ја враќаме репутацијата на големата сцена...Овие денови Лучо плови во мирни води..да го почекаме крајот, па да судиме...
 
Никој не ги успорува резултатите , али некојпат прави нејасни работи кои што на крајот можат да коштат титули. Најсвеж пример Севилја.
 
Погодуваме од прекини, контра нападите ни станаа најсилно оружје решаваме битни утакмици со јаки противници уште првиот натпревар.
Лидери во првенството, куп финалисти. Зашто би го смениле тренерот, дај покажете малце респект кон чоекот. Јас сум го критикувал, и можеби пак следна ќе го критикувам ама засеа заслужува почит
:eek:
Ова не мислев дека ќе го прочитам од тебе. :D
 
Никој не ги успорува резултатите , али некојпат прави нејасни работи кои што на крајот можат да коштат титули. Најсвеж пример Севилја.

Лучо ли е виновен за тоа што Суарез на 2-0 промаши 2 чисти шанси, Лучо ли е крив за лошата интервенција на Браво, Лучо ли е крив за фаталната реакција на Пиќе ???? НЕЕЕЕ, Лучо сите го оспорувате ради замената Чави - Нејмар, и демек ако не ја направил таа измена немаше да го примаме вториот гол .... Не знам, ама Лучо игра на многу зрело тактичко ниво, и сега за сега тоа му оди доста од корист .... Прв пат од кога навивам за Барселона ( од 2002 година ) не се плашам кога направеме прекин блиску нашиот шеснаесетник или да е удар од аголот за противникот а да не ми се стресат нозете. Прв пат сме опасни од прекини, што не се случило.... Треба промени луѓе, класичната тика-така на Пеп не успева повеќе.... Фудбалот е многу тактички усовршен така да тие времиња мислам дека нема да се повторат ....
 
Лучо е крив оти нареди да се намали темпото на резултат 0-2. Севилја беше во паника да намали резултатот и беше во налет , и оставаше простор назад авион да слета. Барса наместо да искористеше да ги дотепа , они пимплаа топка за да тече времето. За тоа го обвинувам Лучо.

Нормално не е само негова вина , али требаше да се продолжи со исто темпо.

Ќе видиме со Валенсија што ќе играт.
 
Се те разбирам, и јас сакам и на 5-0 екипата да игра како да е 0-0 ама за тоа треба вонсериски напор....Но, главното прашање е дали доколку Лучо како на многу натпревари до сега, ако не го намалуваше темпото на игра свесно , ќе го имаше овој скор до сега ?
11150395_812652082104308_4673239290432518986_n.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom