и кога губиме да ти е мерак да не гледаш!

не ми е жал за овој пораз, селтик иако се пацерска екипа (славеа како ние со англија 2-2) сепак ми е мило за нив, клуб со традиција, поштени, без фолирање, две шанси , уствари една, два гола. публиката пример за цела европа.плус слават 120 години.
на моменти таков ракомет се играше, нешто не видено во фудбал.
сонг, неќам да го криткувам, ама не гледам дека достојно може да го замени кеита. да не зборам за бускетс. инаку мислам дека беше далеку од исклучување иако лесно можеше од наивност да останеме со 10. ни еден старт не му беше претеран за жолт, камоли за втор.
меси по подолго време го видовме на крило 20-30 минути. супер, ама требаше да пробива во длабочина, да оди еден на еден (еден на три де) наместо да тегне во средина. како и да е, прв гол на меси посветен на тиаго, наместо на баба му

доста му е, нека си се врати на баба му, пошто за атер на малиот некако не иде...
чави и инеста. не е се во успешноста нога-на-нога додавања. треба малку и килер пас. макар и да се изгуби топка, една од 5 ќе помине. го окривуваме меси за изгубени топки, ама тој е тој што излага надвор и решава да пушти "срчин бол" што викаат англичаниве. не ми е криво. мора некој да го праи тоа, не може само со пимплање.
колку беа безнадежни селтик со топка можевме да си дозволиме таков луксус, ама ај
како и да е, најбезболни изгубени 3 бода. поразов дојде во право време, баш никаква штета да не направи.
п.с. уше ова, смешно ми беше, во еден момент решив да го пратам чуварот на меси што праи..на каков готовс беше типот, тотална посветеност, мислиш во игра е судбината на човештвото, а во истиот момент, меси си ги тегне ракавите и си шета низ тревата како да пасе куче, а не фудбал да игра. си викам види еј, страв.