Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки бре, чукнете ја главата малку. Нападот мораше да претрпи промени бидејќи веќе играта ни беше прочитана. Откако ни се случи Челзи и „среќниот“ гол на Иниеста веќе секој фудбалски стручњак знаеше против игра на Барса. Пеп го почуствува тоа и едноставно мораше да има промени, бидејќи натпреварите ги игравме со иста формација, никој со никого не ротираше и сите беа да неречам статични во тој поглед.

Следната сезона во првиот тим беа прекомандувани Педро и Бускетс, секако нели предходно веќе имаа неколку натпревари одиграно за првиот тим, а со самиот факт што Педро игра подеднакво добро и лево и десно, Гвардиола имаше многу повеќе опции во нападот, и често за време на натпреварите по 3-4пати ја менуваше формацијата на играчите на теренот, што донесе многу новини во напдот и често противниците беа збунети, па лесно се стигаше до гол. За жал тоа што го добивме против Челзи, сега среќата ни го сврте грбот против Интер.

Сеа малку за споменатиот Педро. Лани никој не обрнуваше посебно внимание на него, бидејќи сите беа насочени кон другата страна односно Меси. Дотолку се сетите, и ако бидеме малку реални, Педро лани на повеќето натпревари каде беше стартер во никој не играше значајна улога при креирањето на акции т.е речиси и воопшто да не учествуваше во нив. Често кога го гледав на натпреварите буквално неможев да го најдам на теренот, и од нигде никаде ќе собереше некој отпадок или нешто слично, пред се дека немаше никаков притисок врз него. Оваа сезона се прочита и неговата игра, се бара многу повеќе од него, па сега прочетниве натпревари ги игра уште по мизерно.

Самиот факт што Бојан е најмладиот кој играл за првиот тим, по дефиниција навивачите бараат премногу од него. Незнам зошто самиот инсистираше да ја добие 9ката која патем му донесе притисок на квадрат на негов грб. Тешко се снаоѓа, бидејќи разнишана му е самодовербата, треба да се има трпение со него, ќе си дојде се на свое место.

Гвардиола веројатно уште од самиот старт сега на натпревариве инсистира да се постигнат голови, гледавме како екипава трга максимално офанзивно уште од старт. Има едно 5 убави шанси во првите 5минути. Играта ни е како под конец, се што треба е само повеќе концентрација, реализацијата сама ќе си дојде... не треба да се обрнува многу внимание на тоа бидејќи лесно истото може да прерасне во комплекс, па потоа уште повеќе да имаме проблеми.
 
Само прашање на време е кога ќе распалиме.
Уживајте,ептен сте ми напнати некако :)
 
Абе или ќе не биде, или нема да не биде...трето нема :)
 
Абе или ќе не биде, или нема да не биде...трето нема :)

Абе или ќе врне или не :):)
Инаку постот на Диме е баш истот она што и јас го мислам. Лани Педро голем дел од головите што ги постигна беа отпадоци од никаде собрани или голови дадени на тацна. Така да полека малку трпение и со Бојан и со Педро и веќе со Валенсија чекам да ја прекинеме серијава од нерешени :)
 
aj malku jas da ja zivnam temata na voa vrnezlivo vreme :):)

http://www.24fudbal.com.mk/Default....-4b9a-84ff-a29d35747f49&ln=3&typeBack=default
nema nikakva kriza samo trebe mrzata da ja razmrdate malku :)
Гоче зар и кај вас се истури :) :)

Дефинитивно подобра реализација е потребна... Како што вели Давид, се создаваат шанси а не се користат... Треба Пеп да и спреми еден шутерски тренинг :smir:
 
нее ќе ти ебем Пепе . Ретардиран играч со психички проблеми
 
Коби Брајант: „Имате фантастичен фудбалски тим, го следам секој пат кога имам време, и мислам дека Барселона е најдобрата екипа на денешницата. Згора на тоа, сметам дека нема ниту еден играч кој може да му конкурира на Лионел Меси. Тој е едноставно феноменален.“

Лео и Коби, дефинитивно НАЈДОБРИ во своите професии :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom