Сега сите му се нафрливте на Бојан, а не ви текнува дека лани токму ТОЈ ЈА РЕШИ СЕЗОНАТА. Кога Ибра делуваше ко загубен у простор последните натпревари, Бојан ги реши... За ТИАГО нема што да правиме мубает... THE NEW XAVI !!! Победивме на многу тешки гостувања, со Билбао и со Атлетико. Сезоната е долга и нема место за паника уште сега. Ќе ја видеме правата Барселона, веќе со Валенсија.
Друже,немој молим те да го браниш Боки....:nenene:
Ја решил сезоната-па и јас лани на онаква игра кога се мелеа ривалите ќе дадев некој гол-кога има зад тебе да ораат такви играчи како Кеита,Туре,Чави,Иниеста...и да те ранат со чисти топки.....
И тетка ми ќе даде некој гол....
Да те потестам колку многу промашувања имаше Боки ланската сезона,посебно на клучниот меч во Севиља,кога при резултат 0-2,0-3 за нас се зафркаваше пред голот на Севиља,и промашуваше празни голови...наместо да ги дотолчи,па потоа намали Севиља на 3-2 па пораше да се стравува до последниот свиреж на судијата за титулата....
И на други мечеви се случувало ова-ја следам барса,,повеќе од 15 години навивам за нив од дете,уѓте од времето на Стоичков...и сум на мислење дека детево го нема потребниот ОСЕТ за врвен голгетер....голгетер каков шо заслужува тим како Барса....
Немам ништо против детево-изданок од школата....несомнено е дека е потенцијал...ама ја нема ладнокрвноста на еден врвен стрелец...вистински напаѓач дава голови од најмалата шанса...нема да утне празен гол од 1 метро....или да му се сплеткаат нозете на 3 метра пред голот-нема дуел игра,не е цврст во дуелите...за висина и скок игра нема потреба да дискутираме......
И Виља е низок,ама Виља е набиен,цврст,,со одлична техника,добро се снаоѓа во скок играта-едноставно НАПАЃАЧ-УБИЕЦ....кој од најмала шанса,од нејнеизледна позизија ќе шутне без размилување и ќе даде гол--е тоа се бара кај напаѓач....
Секоја чест на другите млади деца кои ги уфрла Пеп....можеби од нив ќе бидне нешто-ама од Боки....мислам дека не бива голгетер од врвен калибар.....
Боки е добар за 4,5 напаѓач,за втор напаѓач никако:nenene:
Мора во зимскиот преоден рок да се донеси барем каква-таква замена за Виља,зошто ќе оди навистина тешко-посебно на Кампот-кога сите екипи доаѓаат со БУНКЕР СТИЛ....и ќе биди тешко да се пробијат.....
На гости е полесно,ќе се отворат повеќе и доаѓа до полн израз играта на Барса,,,на домашен терен засега е мачење....:jaj: