Колку шо знам(како што стојат работите во моментот) на позајмица имаме само еден играч, Кеирисон во Сантос.
Оваа сезона од позајмица се вратија Касерес, Хенрике, Виктор Санчез и Хлеб. Според тоа, ВО МОМЕНТОТ го имаме следниот состав:
1. Валдес
13. Пинто
2. Алвес
3. Пике
4. Маркез
5. Пујол
18. Милито
19. Максвел
22. Абидал
#. Касерес
#. Хенрике
6. Чави
8. Иниеста
15. Кеита
16. Бускетс
#. Хлеб
#. Виктор Санчез
7. Виља
9. Ибрахимовиќ
10. Меси
11. Бојан
17. Педро
20 Џефрен
--- надополнето ---
Од ова што го гледам, во одбраната, во случај Рафа Маркез да си замине, би го зачувале Касерес, а Хенрике најверојато во секој случај ќе оди повторно на позајмица. Дополнителни играчи да се купуваат во одбрана нема потреба, затоа што и да дојде 'криза' ќе се форсираат од младинската школа.
Во средината дефинитивно ќе мора да се земе минимум еден деструктивец, а нема да е лошо и да се земе еден 'за понапред', како замена за Чави или Иниеста. Во средината имаме вкупно 6 играчи, од кои 2 се враќаат од позајмица и не е сигурно дали догодина ќе бидат кај нас. Затоа овде мора да се поработи. Иако и овде, од младинската ќе имаме помош, пр Тиаго.
За нападот веќе не знам што да кажам, секој мој пост во врска со нападот е различен, немам дефинитивно мислење. Во главно сум задоволен од моменталниот напад, иако не би било лошо и да се земе напаѓач(особено ако си замине
некој*).
Играчите кои ги имаме моментално, сите се ѕверови, најголемиот дел од оние кои беа на СП беа во фантастична форма, така да очекувам и наредната сезона да распалиме.
На 29 имаме пријателска со Валеренга од Норвешка, пред играчите да заминат на турнејата во Азија, а потоа следува најпрвин Супер-купот, а потоа и трпфејот Гампер, против Милан на Роналдињо(25 август). Веќе на 31 август започнува она што е вистински фудбал-ЛА ЛИГА 2010-11, а потоа 'успат' и ЛШ и Копа дел Реј.
Се надевам, ќе ја започнеме новата сезона со не многу изменет состав од овој во моментот, највеќе 2-3 да си идат од клубот, а да се доведат исто така 2-3 нови играчи. Тоа се моите желби за до почетокот на новата сезона, а за после се знае...
* Со тоа "некој" знаете на кој мислам. Ибра:nesum:. Најпрвин сакав да остане, меѓутоа како одминува времето се повеќе посакувам напад Педро-Виља-Меси, или евентуално Виља-Бојан-Меси.