Ибра не се откажува од сонот да игра во Барса.Италијанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Интер, Златан Ибрахимович не се откажува од идеата да игра во екипата на Барселона
https://www.bwin.com/hr/sportsbook.aspx?zoneid=56006
Шведскиот интернационалец се поврзува со заминувње од Интер откако најави дека е подготвен за нов предизвик во кариерата и дека му се допаѓа желбата да игра во Шпанија.
Претседателот на Интер, Масаимо Морати не сака да слушне за продажба за својот најдобар играч и во претходните два дена, двапати нагласи дека Ибра останува на Џузепе Меаца.
Сепак медиумите од Италија и понатаму шпекулираат за иднината на напаѓачот и велат дека Златан се нема откажано од идеата да игра за Барселона.
Ибрахимович сака да го замени Ето на Ноу Камп кој има договор со Барселона до 2010 и преговорите за продолжување на истиот сеуште не се започнати.
Sportmediaset објави дека агентот на Ибра, Мино Раиола веќе стапил во контакт со екипата на Барселона и разговарал со претседателот Лапорта, но за реализација на транферот проблем можно е да преставува високата плата на Златан.
Напаѓачот во Интер добива 12 милиони годишно додека пак најплатената ѕвезда на Барселона, Лео Меси има плата од 8 милиони евра.
Се шпекулира дека Швеѓанецот е подготвен а се жртвува и да ги намали своите барања со цел да го оствари својот трансфер од соништата а има и медиуми кој велат дека Раиола веќе постигнал договор со Лапорта за преселба на Златан во Шпанија.
Ибра во Барса ќе добива годишна плата од 9 милиони евра а Каталонците до Интер ќе достават понуда од околу 70 милиони евра.