Рибери размислува на продолжување на договорот!
Пред неколку недели тој беше пред заминување,но сега Рибери сериозно размислува за продолжување на договорот во Баерн.
Рибери околу неговото продолжување на престојот во Баерн:
Клубот има некоја идеја,и јас имам истотака идеја.Во фудбалот понекогаш работите се одвиваат многу брзо.Мал состанок,и може веднаш да се одлучи правилно.
Француската ѕвезда одеднаш заљубена во Баерн, пред само некое време инсистираше на премин во шпанскиот гигант Реал Мадрид.
Договорот на Рибери трае до 2011 година.Иако немало дискусија за продолжување на договорот, „се може да оди многу брзо“ како што вели Рибери.
По еден ситен конфликт со тренерот Ван Гал,Рибери се чувствува повторно удобно во Минхен.
Рибери:„Се чувствувам сакан тука“, „Важно е дека важните луѓе во клубот ми веруваат.Реакцијата на фановите по кам-бекот беше добра.Тоа ми дава многу сила“
„На почетокот беше доста тешко.Тренерот си имаше своја филозофија која беше тешко да се разбере.Но свативме дека тоа е доста интелегентно,и дека Ван аал има многу искуство.Ни требаше време да се навикнеме,а тој имаше доста барање.Но сега е одлично,и ја чувствуваме придобивката од сето тоа.
По натпреварот со Дортмунд Баерн патува во Израел на првото коло од Лигата на Шампионите.Според сите најави Рибери ќе биде во стартниот состав!
Изворче
Мој коментар за ова:




