ЧЕНТО
Претседник
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 8.239
- Поени од реакции
- 4.839
Зашто сите целите кон тоа дека неможе да се повтори таа сезона?Не ми е јасно таквото гледиште на работите.Да, точно е дека удел во сето тоа беа катастрофалните 3-4 сезони пред тоа, но лани беа сложени коцките и беа анулирани сите слабости со Данте , Мартинез и Манџукич.За оформување на јака и стабилна екипа треба време и простор.Јуп ја направи најстабилната , тактички и физички најпоткованата екипа можеби на сите времиња.Пеп дојде и го промени концептот на игра и ги извади од ритам.Играчите добија нови задачи и еве го резултатот.Стојам позади тоа дека се зависи од тренерот и пристапот кон играта.Овој Баерн е физички и тактички послаб , со поспора игра која ја заснова само на посед.И контрата е дел од фудбалот , но очигледно во главата на Пеп таа не постои.
Можам да кажам дека сега имаме поширок кадар на висококвалитетни играчи.
Секој со различен став , но времето ке покаже што ке биде со Баерн..
Ја ти гарантирам дека да останеше Јуп и оваа сезона,Баерн немаше да биде подеднакво доминантен како минатата....Затоа што не е секогаш само до тактиката и физичката спремност.Треба мотивација,желба и решителност да се оди до крај,а тоа мора да биде инспирарано од нешто за да можеше во секоја утакмица да влагаш и да даваш по 3 гола у првите 15 минути....буквално у секоја утакмица
И ај сеа иди ти мотивирај екипа,што го постигнала тоа и покажи им дека место 5 гола на Аугсбург,можат 6 да им дадат...Екстремно е тешко,но Пеп успева во тоа полека.
Баерн лани во секоја утакмица брзаше да покаже дека не е таа лузерска екипа од претходната сезона него дека се прави шампиони.И успеа во тоа.
Интересно што и годинава е истото,ние уште немаме пораз у Бундес,у ЛШ газиме буквално,Дортмунд у гости го утепавме со 3-0 нешто што на Јуп не му успеа у две сезони...Сити на нивен терен ги згазивме у ЛШ и да не набројувам даље.
Такада не гледам дека нешто се променило.Освен пристапот у утакмиците кој е поинаков,но тоа до сега е најмногу заради тоа што крај неможе да сврзат ради повредите.Нема две утакмици да се врзат со ист состав.Мораше да калкулира Пеп ако сакаме да се бориме на сите фронтови.
Тие работи мора да се земат у предвид,и затоа сметам дека е нереално да се критикува остро у некои утакмици небитни дека играта не била ок...И да не била,пак се победило.Важно е во битните утакмици,да се демонстира сила и тоа и го прават.