Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Зашто сите целите кон тоа дека неможе да се повтори таа сезона?Не ми е јасно таквото гледиште на работите.Да, точно е дека удел во сето тоа беа катастрофалните 3-4 сезони пред тоа, но лани беа сложени коцките и беа анулирани сите слабости со Данте , Мартинез и Манџукич.За оформување на јака и стабилна екипа треба време и простор.Јуп ја направи најстабилната , тактички и физички најпоткованата екипа можеби на сите времиња.Пеп дојде и го промени концептот на игра и ги извади од ритам.Играчите добија нови задачи и еве го резултатот.Стојам позади тоа дека се зависи од тренерот и пристапот кон играта.Овој Баерн е физички и тактички послаб , со поспора игра која ја заснова само на посед.И контрата е дел од фудбалот , но очигледно во главата на Пеп таа не постои.
Можам да кажам дека сега имаме поширок кадар на висококвалитетни играчи.

Секој со различен став , но времето ке покаже што ке биде со Баерн..

Ја ти гарантирам дека да останеше Јуп и оваа сезона,Баерн немаше да биде подеднакво доминантен како минатата....Затоа што не е секогаш само до тактиката и физичката спремност.Треба мотивација,желба и решителност да се оди до крај,а тоа мора да биде инспирарано од нешто за да можеше во секоја утакмица да влагаш и да даваш по 3 гола у првите 15 минути....буквално у секоја утакмица

И ај сеа иди ти мотивирај екипа,што го постигнала тоа и покажи им дека место 5 гола на Аугсбург,можат 6 да им дадат...Екстремно е тешко,но Пеп успева во тоа полека.

Баерн лани во секоја утакмица брзаше да покаже дека не е таа лузерска екипа од претходната сезона него дека се прави шампиони.И успеа во тоа.

Интересно што и годинава е истото,ние уште немаме пораз у Бундес,у ЛШ газиме буквално,Дортмунд у гости го утепавме со 3-0 нешто што на Јуп не му успеа у две сезони...Сити на нивен терен ги згазивме у ЛШ и да не набројувам даље.

Такада не гледам дека нешто се променило.Освен пристапот у утакмиците кој е поинаков,но тоа до сега е најмногу заради тоа што крај неможе да сврзат ради повредите.Нема две утакмици да се врзат со ист состав.Мораше да калкулира Пеп ако сакаме да се бориме на сите фронтови.

Тие работи мора да се земат у предвид,и затоа сметам дека е нереално да се критикува остро у некои утакмици небитни дека играта не била ок...И да не била,пак се победило.Важно е во битните утакмици,да се демонстира сила и тоа и го прават.
 
Море не спасија Боатенг и Нојер на 25-ти мај во првите 20 минути, не знаевме каде се трибините или теренот, среќа што спортската среќа беше од кај нас (за разлика од минатото финале)

Во тој строј од екипа можеш само да кажеш дека одлично си ја завршиле задачата и ги покажале своите квалитети, а не дека делувал некој фактор на срека.И веке кога ја спомна таа срека , можат да бидат задоволни што робенчо сите топми у раце му ги даде на Вајденфелер
 
Кога сме кај рушење рекорди во Б. Лига мене мерак ми е да се сруши оној од Тимо Хилдебрант со штудгарт околу 1000 мин незнам точно без примен гол.Баерн со легендарниот Кан мислам дека е втор не сум сигурен
 
Новогодишни желби :icon_lol:

Ми фали еден член Дени - Баарец ако се сеќавате, кога уклучи тоа caps lock мераци беше да го читаш. Какви говори правеше како оние политичарите беше :icon_lol: , ама престана да пишува откако тука некои му велеа да го исклучи caps lock, а од кај знаете може и не знаеше кај се исклучува тоа чудо. :D
 
Во тој строј од екипа можеш само да кажеш дека одлично си ја завршиле задачата и ги покажале своите квалитети, а не дека делувал некој фактор на срека.

Сакаш да кажеш дека и Челзи лани освои поштено и квалитетно и дека немаа фактор среќа?
 
Сакаш да кажеш дека и Челзи лани освои поштено и квалитетно и дека немаа фактор среќа?
Прави разлика помегу Баерн и Челзи..
Тие ни сами незнаеа како ја исвоија таа титула.Такви тимови највеке мрзам.Цела утакмица изгубени ко марсовци и на крај од нигде гол даваат.
 
Кога сме кај рушење рекорди во Б. Лига мене мерак ми е да се сруши оној од Тимо Хилдебрант со штудгарт околу 1000 мин незнам точно без примен гол.Баерн со легендарниот Кан мислам дека е втор не сум сигурен

Manuel Neuer broke the Bayern Munich record for the longest amount of time without conceding a goal. The 27-year-old went over 1000 minutes without conceding and beat the old record that former keeper Oliver Kahn held.
 
Здравје 2014 не дека којзнае колку е важно ама убаво е и овој рекорд да стои пазади името на баерн т.е ноер
--- надополнето: 24 декември 2013 во 20:37 ---
Здравје 2014 не дека којзнае колку е важно ама убаво е и овој рекорд да стои пазади името на баерн
 
Сакаш да кажеш дека и Челзи лани освои поштено и квалитетно и дека немаа фактор среќа?

Не дека не ги послужи среќата со Барселона во полуфинале посебно со играч помалку и пенал за Меси, во финалето не беа изгубени туку тактички се бранеа и чекаа на контри, но реално Баерн имаше појак тим, но кога ке споредиш па колку несреќа имале изминатите години со Ливерпул полуфинале каде што Ливерпул пројде со уште неразјаснет гол на Гарсија, потоа со Барселона со едно 4 недосудени пенали, каде во таа сезона Барселона беше само од Челси надиграна, нешто што вие го направивте ланската сезона, така да кога гледаш фактор среќа ти е релативна работа, ако некој тим немал среќа во ЛШ тоа мислам дека е Челси... и да не го заборавам финалето во Москва... :)
 
Сакаш да кажеш дека се се врти и се се враќа (y)

... Освен за Баерн кој ги има изгубен двете најкрвнички финалиња во поновата историја на ЛШ... :place:
 
Сакаш да кажеш дека се се врти и се се враќа (y)

... Освен за Баерн кој ги има изгубен двете најкрвнички финалиња во поновата историја на ЛШ... :place:

И Германија ги има изгубено двете најкрвнички војни во поновата, а и општо во историјата, па види сега кај е. :sneaky:

Не сакав да го мешам ова, ама морав. :noze:
 
Шо ви е на вас дека нема да ни се повтори годината ?
Со овој тим очекувам доминација во наредните 3-4 години.
И минимум 2 титули во ЛШ во тие 3-4 години, се друго за мене ќе е неуспех.

Шо да праам ме разгалија и си сакам титули :свиркам:
 
Да ти кажам искрено гледајки ги другиве екипи и реално е да се доминира наредниве неколку години малку среќа да нема повреди и се е остварливо
 
Најаки се муабетите дека реЈал е фаворит бр 1.
Па тие не се најдобри ни во својот град ниту пак во Примера. :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom