Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Боатенг лани да не се испореше со Бате,ќе беше 100% прва постава .Вака тесно е сега,Мартинез очекувам да го проба кај и да е ,пак во одбрана.

Моментално Боатенг>>>>>>Данте според припремиве а и според првиов натпревар.Данте кај и да е ќе полни 30 години,не очекувам чуда од него,но секако,фала му за минатата сезона,камен беше.:love::cuc:
 
Погодив за Боатенг, не е луд Пеп

Не е дека си погодил туку Мартинез пред 18 дена започна со тренинзи додека Боа започна уште крајот на јуни. Пеп сега го изјави тоа, затоа и Швајнштајгер го извади, а влезе Кирхоф. Мартинез после дури на местото на Крос влезе.

Инаку Рибери во каква добра форма е. Јак ептен.
--- надополнето: 9 август 2013 во 23:07 ---
Моментално Боатенг>>>>>>Данте според припремиве а и според првиов натпревар.Данте кај и да е ќе полни 30 години,не очекувам чуда од него,но секако,фала му за минатата сезона,камен беше.:love::cuc:

Е моментално, а забораваш дека Данте исто со Густаво и Мартинез дури пред 17-18 дена започнаа со тренинзи додека Боа и другите уште крајот на јуни започнаа. Немојте такви споредби. Точно еден месец повеќе тренирале Боа и Кирхоф од Мартинез и Данте. Не е малку. :)
 
Епа Ули затоа реков моментално,не беше за џабе тоа,мада мислам Боатенг има што да понуди и во иднина,во Данте се сомневам.
Исто пишав дека со мозокот уште пливка во Бразил,дали за наредното светско или со паметот е на конфедерацискиот куп се уште,кој го знае.

Колку што игра тој слабо,толку и високата поставеност ги ебе а + тој игра со топката и ја носи до средина.Тоа е ужасно лош потег Барса 2.0.

3 недели не делат од дуелот со Челзи,не треба да се форсира Барса стил во одбраната,нека намали Пеп малце.
 
Јас не видов денеска Данте слабо да одигра или автоголот ја прави целата таа работа за да велиш дека одиграл слабо? :rolleyes:Па на секој може да му се случи. Повеќе истрча од Боа и повеќе пасови има направено па ти види сега.
 
Па нормално дека истрча и има повеќе пасови,читаш јас што пишувам ?
Тој игра со топка ,ете и баварец го напиша истото.Боатенг си игра класичен централен бек,кога веќе мора да истрча го прави тоа,инаку си седи таму кај што треба,за разлика од Данте кој шиба напред како да нема утре.
Автоголот го прави да изгледа очаен,со намера игра да ја избаци а не беше во можност ,му фалеше чекор напред.За да ти биде најкриво Нојер ја имаше в раце топката ама ете се посра со Гладбах пак,да не биде еднаш само.
--- надополнето: 9 август 2013 во 23:19 ---
А и да,пасовите не ме прават среќен,победите да.;)
 
Јас не видов денеска Данте слабо да одигра или автоголот ја прави целата таа работа за да велиш дека одиграл слабо? :rolleyes:

Автоголот го прави да изгледа очаен,со намера игра да ја избаци а не беше во можност ,му фалеше чекор напред.За да ти биде најкриво Нојер ја имаше в раце топката ама ете се посра со Гладбах пак,да не биде еднаш само.

--- надополнето: 9 август 2013 во 23:19 ---
А и да,пасовите не ме прават среќен,победите да.;)

Е браво значи џабе цела утакмица да ја одигра добро кога ќе си даде автогол, ќе се случи несреќа како и минатиот пат кога Ноер и Боа направија недоразбирање исто против Гладбах.
 
Мислам дека испадите на Данте напред се со амин на Пеп. Како лани си седеше релативно мирно? Од мирно море му текна денеска да прошета до пред шеснаесетникот на Гладбах?

Како и да е со ваква игра назад 3-4 парчиња не ти бегаат во ЛШ. Баш со Алаба приметив 2-3 пати имаше муабет со Пеп и буквално го глеаше ко теле во шарена врата. Уште не се допрени идеите на Гвардиола до тимот и веројатно им изгледаат налудничави... Should we blame them? :pos:

Ќе видиме како ова ќе изгледа во ноември, само да не се испуштат многу поени до тогаш. Заради четворката напред во средина сега има место само за еден дефанзивен средњак, а Швајни си беше убаво научен да го има Хави до него.

Мислам дека генералната замисла на Пеп е јасна за сите - Хави позади, Швајни пред него, Кроос и Тиаго пред него. На изгубена топка сите трк во црква палете свеќа :icon_lol: Озбилно варијантата е многу ризична и бара време за мастеришање. Не знам ни дали се ова правите играчи за ова. Врти - сучи доста повеќе примени голови од лани не ни бегаат...
 
Е браво значи џабе цела утакмица да ја одигра добро кога ќе си даде автогол, ќе се случи несреќа како и минатиот пат кога Ноер и Боа направија недоразбирање исто против Гладбах.

Не знам што те буни ама јас не го гледам Данте од минатата сезона сега,ти го гледаш изгледа.
Ајде сега да го чекаме еден месец зашто дошол пред 18 дена и тогаш започнал со тренинзи.Штом игра прв состав нема што да очекувам од него,освен натпревар без грешки а како што и напоменав од изиграните 3/4 натпревари беше жив очај.Автоголот уште повеќе носи тежина на моето што го напишав.

Одигра просечно а си закачи едно автоголче.Како да му дадам пролазна оценка ?
Даде гол,спаси од на гол линија,или се избламира ?

Баерн победи,тоа е една од причините најверојатно што сметаш дека Данте одиграл добро.Да не ги земеа трите бода ќе слушавме друг муабет сигурен сум.

Јас напишав пред некое време,не сакам да го гледам Баерн од ерата на Клинсман,Магат,Ван Гаал и првите две сезони од Јуп.
Тренер се зема за да биде поуспешен,исто и играчите т.е сакам да кажам дека секој клуб се надева на сјајна игра од почеток до крај а не да запалат при крај кога се решени работите.

Ако Замер изјави дека Баерн сака 5 титули,и јас толку сакам.Очекувањата ги прави клубот со ростерот а и со изјавите,јас би сакал тоа да се исполни.

Замер дојде и одма покрена револуција во овој тим,од Пеп истото го очекувам.Истото и од Данте,секоја година треба да се бори да игра што подобро.

Јас не можам да се разберам со вас бидејќи јас сакам да сум перфекционист како Замер,додека може секој натпревар да се победува,нека победуаат.Дали била пријателска или не, не ме боли стап,победа нека биде.

Некои од вас имаат умерени ставови,вклучувајќи те и тебе па оттука не можеме средината да ја најдеме помеѓу нас.

Се надевам и очекувам Данте барем уште годинава да изигра на ниво,од наредната ќе се носи нов играч 100%.

Најбитното е што победија,најбитното е што тандемот Robbery растур направи а посебно Рибери ќе прави партал сезонава.Во топ форма е,незаменлив играч.:cuc::cuc::cuc:
Другото ако оди се како што треба,ќе се среди во најбрз можен рок.

(y)
--- надополнето: 9 август 2013 во 23:46 ---
Мислам дека испадите на Данте напред се со амин на Пеп. Како лани си седеше релативно мирно? Од мирно море му текна денеска да прошета до пред шеснаесетникот на Гладбах?

Како и да е со ваква игра назад 3-4 парчиња не ти бегаат во ЛШ. Баш со Алаба приметив 2-3 пати имаше муабет со Пеп и буквално го глеаше ко теле во шарена врата. Уште не се допрени идеите на Гвардиола до тимот и веројатно им изгледаат налудничави... Should we blame them? :pos:

Ќе видиме како ова ќе изгледа во ноември, само да не се испуштат многу поени до тогаш. Заради четворката напред во средина сега има место само за еден дефанзивен средњак, а Швајни си беше убаво научен да го има Хави до него.

Мислам дека генералната замисла на Пеп е јасна за сите - Хави позади, Швајни пред него, Кроос и Тиаго пред него. На изгубена топка сите трк во црква палете свеќа :icon_lol: Озбилно варијантата е многу ризична и бара време за мастеришање. Не знам ни дали се ова правите играчи за ова. Врти - сучи доста повеќе примени голови од лани не ни бегаат...

Како со мојот мозок да си го мислел постов,како со моите прсти да си го напишал.Постоел Господ значи.:cuc::cuc::cuc:

Ете јас за што се бунам цело време и се препираме тука во фан клубов.

И за крај, :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
а како што и напоменав од изиграните 3/4 натпревари беше жив очај.Автоголот уште повеќе носи тежина на моето што го напишав.

Јас зборам за овој натпревар, тој ми зборува за подготвителните. Ок е, доста е. Не може да се разбереме.
 
Јас зборам за овој натпревар, тој ми зборува за подготвителните. Ок е, доста е. Не може да се разбереме.

Со денешниов натпревар мислам дека го одигра својот четврти меч под водство на Пеп,ама да не си грешам душа не сум сигурен.За сите одиграни меча напишав,ти погрешно си разбрал и се буниш.:sneaky:

Тие грешки што ги правеше во пријателските денес ги надгради со автогол.
Досега тоа што го одигра го споредувам со :гомце:.

Данте ис да шит моментално.До утре да се расправаме нема да најдеме заеднички јазик :unsure:
 
Добар натпревар, можете и подобро али како за почеток на сезона добри сте. Се надевам дека Супер купот ќе биде поинтересен од финалето :)
 
Супер беше атмосферата. (y)

Атмосферата ја направија навивачите на Гладбах. Тоа го потенцираше неколку пати и коментаторот на Еуроспорт а и потврдија дечки што беа на Алијанц.
 
SüdKurve so jasen,ednostaven stav deka ke prodolzat kako grupa ama posle tolku restrikcii se potesko i potesko bilo.Clenovi koi imale nad 20 godini staz se osekale predadeni,razocarani itn..

Najverojatno ke prisustvuvaat na domasnite natprevari no samo kako obicni gledaci.Na gosti ke se pee druga pesna,no kako sto i imav napisano ,sami ke treba da se snajdat za karti bidejki Baern gi otkaza site karti za gostinskite natprevari.

Nesto sabajleto procitav deka ke se ukinat stoeckite mesta mada zasega samo demant od upravata.
 
Се надевам дека Супер купот ќе биде поинтересен од финалето :)

Супер Куп финале со Челзи да биде поинтересно од финалето со Дортмунд во ЛШ што го игравме или за друго некое финале мислиш?
 
Супер Куп финале со Челзи да биде поинтересно од финалето со Дортмунд во ЛШ што го игравме или за друго некое финале мислиш?

Мислев на финалето со нас што го игравте :) Сега двете екипи со нови менаџери можеби поатрактивен фудбал ќе се игра :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom