Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Таке е, во последно време се изнагледавме класа напаѓачи во Арсенал и стварно нема смисла ова со Жезус гол што не дал 8 натпревари, до 10 да чекаме и да се отарасаме од него, не може клуб како Арсенал кој во последните години имал светски играчи за напаѓачи од типот на Нкетиа, Балогун, Лаказет, Обамејанг вториот дел, Жиру и претходно Бентнер и Шамак, да си дозволи да чува играч ко Жезус. Среќа играме и ЛШ и не сме заглавени со договори и преплатени играчи, и до лани супер хемија имаше во тимот, па може играчи ко Жезус да не ни чинат.

Абе луѓе никој ни на крај памет во најоптимистично сценарио никој не мислеше дека ќе сме прво место засега, тимот игра светлосни години подобро од лани, владее супер атмосфера и има одлична тимска хемија, за која голема заслуга има Жезус, а другата голема заслуга е што нема веќе во тимот канцер играчи ко Обамејанг, што мислат дека се бог и блатина и сите треба да се покорни под него. Дур гледам како секој играч остава 100% од себе, се труди и гине за секоја топка, нема да барам ништо повеќе ниту од Жезус ниту од било кој играч. А и рака на срце воопшто не игра лошо во натпреварите кога не дава голови, или дава асистенции, или прави дар мар во одбрана по што се креираат тон шанси, претежок е за чување.
 
Статистички гледано Жезус е 90% сличен играч на Лака и двајцата даваат 100% се борат ама на крај сезона завршуваат со мах 13,14 голови Обамејанг за разлика во кариерата бил класа за Жезус 20+ голови како од шала даваше во БЛ а и втората сезона кај нас беше најдобар стрелец во ПЛ со 20+ голови достигнување што не верувам некогаш ќе го оствари Жезус.
Што се однесува за играта не е нешто многу променета од лани 95% после лошиот старт игравне доста стабилно само на крај не зафркнаа повредите на Парти и Тирни па не успеавне да фатиме ЛШ.
 
која будала па очекувала од Жезус да даде 20+ голови. Битен тимскиот дух,атмосферата во тимот,играта целокупно е на некое ниво кај шо уживам да гледам не онај канцер плус 1во место еве почеток на ноември. Шо сакате поќе па составов да го гледаш од некоја неутрална точка е за 4-5 место да се натпреварува не да е лидер. Жезус одлично си ја брка работата не очекував ни нешто да експлодира со голови давање а може кога другите ќе затајат тој ќе проработи. Гледајте како се движи клубот во која насока и тимот не и индивидуалецот
 
Јас го започнав муабетот со формата на Габриел Жезус ама немав баш време да пишам нешто повеќе.
Ете баш ова што го промаши е она за кое мислев. Во припремните и почеток на сезоната имав впечаток дека Жезус е тој што ќе дава гол што и практично беше така. Немам ништо лошо во однос на она што го прави при креирањето шанси, ама ова што го промашува последните неколку утакмици, кога дојде беа сигурни голови.
 
Злато победа!! Тргнаа со став дека и бод ќе е доволен, не притискаа по секоја цена на гол...зрело!

Ама ништо не вреди...Жесус уште не дава голови...

Парти...МОТМ по мене. Пушти му простор и ја губиш средината. На транзиција секогаш слободен беше. Аматерски од Челзи...
 
Не го бива Жезус, не дава голови, ништо не придонесува за тимот.
 
Статистички гледано Жезус е 90% сличен играч на Лака и двајцата даваат 100% се борат ама на крај сезона завршуваат со мах 13,14 голови Обамејанг за разлика во кариерата бил класа за Жезус 20+ голови како од шала даваше во БЛ а и втората сезона кај нас беше најдобар стрелец во ПЛ со 20+ голови достигнување што не верувам некогаш ќе го оствари Жезус.
Што се однесува за играта не е нешто многу променета од лани 95% после лошиот старт игравне доста стабилно само на крај не зафркнаа повредите на Парти и Тирни па не успеавне да фатиме ЛШ.
Арсенал има дадено помалку голови само од Сити, а знаеме Сити кој напад го има.
Претходно кога даваше голови само Аубамејанг, се жалеа дека нема поддршка од други играчи. Сега Жесус нема толку голови, ама пак има од другите играчи. Реално и нема среќа некогаш, добар дриблер е, ги мрднува од место, ќе си дојдат и головите. Битно е дека разигрува, трча многу и така отвара простор и за другите. Инаку Салиба е главно "појачување" сезонава.
 
Убаво објаснето каков удел има Жесус во играта - https://theathletic.com/3768511/2022/11/07/gabriel-jesus-pressing-tackling/

Требаше да има повеќе голови сезонава поради неколку чисти шанси, ама дека ни е ептен битен за играта е.
Нека продолжи вака, головите ќе дојдат.
 
Ќе видиме кој муабети ќе бидат кога ќе ги нема овие голови од одбрабениве играчи реално не е нивна работа да ги решаваат утакмиците.
Од последниве 6 утакмици со Цирих единствен гол постигнува Тирни ако не победевне ќе бевне 2 и плус 2 утакмици на пролет со Челзи Габриел со Саутемптон и Псв Џака единствен стрелец др со Псв изгубена и никаква санса од нападот за гол.
Овие голови ќе секнат тоа е логиката не можиш цело време одбраната да те вади во напад и не даде Тирни,Габриел,Џака голови поради пресингот на Језус.Вернер ако гледаш така и повеќе придонесуваше со пресинг и шанси во Челзи ама не можеше да постигнува голови затоа сега е повторно во Лајпциг.
 
Aко сака Арсенал висок пласман и борба за титула во ПЛ, мора Жесус да проработи. Колку и да е корисен во напад, работата на напаѓачот е да дава голови.
 
Ќе видиме кој муабети ќе бидат кога ќе ги нема овие голови од одбрабениве играчи реално не е нивна работа да ги решаваат утакмиците.
Од последниве 6 утакмици со Цирих единствен гол постигнува Тирни ако не победевне ќе бевне 2 и плус 2 утакмици на пролет со Челзи Габриел со Саутемптон и Псв Џака единствен стрелец др со Псв изгубена и никаква санса од нападот за гол.
Овие голови ќе секнат тоа е логиката не можиш цело време одбраната да те вади во напад и не даде Тирни,Габриел,Џака голови поради пресингот на Језус.Вернер ако гледаш така и повеќе придонесуваше со пресинг и шанси во Челзи ама не можеше да постигнува голови затоа сега е повторно во Лајпциг.
Пак ќе повторам, филозофијата на Артета е секој играч да биде еднакво опасен, а да не се потпираме на индивидуалци. Ако вака размислуваш, двата мерак голчиња на Парти беа заради нефункционалниот напад, а не поради отворениот простор да шутне.
 
Абе океј е се тоа, меѓутоа нашата цел сезонава е топ 4. Ако бидеме на оваа позиција у март може да збориме за титула.

За топ 4 (па и за титула) треба целосно тимот да функционира, а не напаѓачот да има 25 гола.
Чист пример ви се Сити и Ливерпул како може тимот да функционира без "напаѓачот да дава голови".

Ај да ги излистаме шампионие од претходните години и топ стрелците од тие тимови (ниту еден не бил топ стрелец у лига).
21/22 - КДБ - 15
20/21 - Гундоган - 13
19/20 - Салах - 19
18/19 - Агуеро - 21
17/18 - Агуеро - 21
16/17 - Коста - 20
15/16 - Варди - 24
14/15 - Коста - 20
13/14 - Агуеро - 17

Не треба товарот да падне на само еден играч.

Е сега, на третина од сезоната, Жесус има 5 гола и 5 асистенции.
Ако на крај на сезона има 15/15, дали тоа ќе го сметате за слаб учинок?

Жесус никогаш нема да биде играч што дава 25 гола, не ако игра во Сити, па и сега во Арсенал кој на некој начин игра слично како Сити.
Тип на играч е кој учествува во играта константно, не е Халанд.

Мене ме нервираат само тие утките што ги има од чисти позиции, ама ги имаше и во Сити тие, затоа и го хејтав.
Многу е глупо да се гледа само статистика, ако не гледате колку е клучен сезонава за нас тогаш не знам што да ви кажам.
Целата игра напред, пресингот што го правиме, почнува од него. Ставете го Халанд кај нас, и ќе бидеме послаби како тим. Тоа не значи дека Халанд е послаб напаѓач од Жесус.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom