Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека е време Вајт да го врати на штоперското место, а Салиба да одмори. Исто така Томијасу непотребно го игра лево, кога Тирни е далеку поофанзивен против вакви противници.

Експериментите скапо можат да нѐ чинат.
 
Ne e normalno ova sto go pravi caleta car bez da bide sankcioniran, free hugs mu dava na jesus

Ова! Не ми е јасно како не судеа ни фаул, еднаш така се опоменува, втор пат јаде жут.
Исто и оној дебилон за врат што го фати на крај Еди, како немаше жут до тогаш?
И покрај тоа, до почеток на второ требаше да биде веќе 2 или 3-0...
 
Дечки, во 15 утакмици прво реми. Смирете доживљај.

Одма барате жртви. Сотон никад не ни лежел како екипа.
Нема жртви за Сотон. Ако продолжи со играње иста 11ка, посебно помладите во клучен период можат да прегорат и да ни падне формата (а веќе осеќам дека тоа се случува). Требаат ротации.
 
Дечки да не летаме во небо, цел на сезонава ни е топ4, тоа што се наоѓаме на прво место е премија, ако успееме да изненадиме и да освоиме ќе е чудо од епски размери, рамно на тоа со Лестер (точно Лестер е помал клуб каде каде, ама противници на Лестер му беа најмртов Арсенал со Жиру и Тотенхем - не треба друг опис за Тотенхем, а на Арсенал е овој Сити). Јас мислам дека сезонава ќе се одвива во насока каде што Њукасл, Ливерпул, Арсенал и Јунајтед ќе се борат за топ4 позициите, Челси и Тотенхем ќе се далеку од борба за топ4. Секако навивачки, навивам за да издржат на мускул цела сезона, и секогаш среќа да не посака со победи и кога не иде како против Лидс, Сити да кикса, ама тоа се многу коцки погодени, среќен и задоволен сум ако сме топ4 и се вратиме за ЛШ, нема да речам “еј прво место бевме до тогаш и тогаш како прокоцкаа, овој е крив, тој е крив“.
 
Не верувам дека некој очекува нешто повеќе од топ 4 сезонава. Мене криво ми е за нерешеново бидејќи ептен легнаа другиве резултати. Ќе бевме на 9+ бода од сите конкуренти за тоа топ4 место. Тоа се 3 порази фазла! Знаеме сите колкав квалитет има во лигава и дека за 3-4 кола може скроз да се свртат работите. Да, ќе имаме криза од резултати и ние како и сите, ама некако сакав овој густ период да го пребродиме...ако ништо друго барем до натпреварот со Челзи.

Евидентен беше заморот. Ниту полушанса не создадовме после израмнувањето. Затоа мора одмор некако да добијат сите против ПСВ, зошто истово може да не чека и со Нотингем...
 
Светското е на зима и одма после него иди Празничен период. Ако се земат две готови засилувања (Медисон и напаѓач) можеме топ 4 без проблем.
 
Светското е на зима и одма после него иди Празничен период. Ако се земат две готови засилувања (Медисон и напаѓач) можеме топ 4 без проблем.

Повеќе некој класичен цм/дм ни треба отколку уште една 10ка. Одегард, Виера и Смит Роу можат на таа позиција. Тилеманс е маст во јануари.
 
Повеќе некој класичен цм/дм ни треба отколку уште една 10ка. Одегард, Виера и Смит Роу можат на таа позиција. Тилеманс е маст во јануари.

ДМ, замена за Парти, за да може Локонга да играм на ЦМ.

И десно крило, замена за Сака исто така. Рис Нелсон не очекувам дека ќе успее во Арсенал. Маркињос е премногу млад за една таква улога.
 
Дечки ова е срамота веќе, 5:0 можеше да е комотно, зошто едноставно не ги пушти младинците Аргета, се распаѓаат по терен играчите, надиграни сме тотално...
 
Нкетиа :facepalm: Имам впечаток дека дечково цело време импровизира, шутира без некоја конкретна намера за страна/агол и до сега го служеше среќа.
 
Дечки ова е срамота веќе, 5:0 можеше да е комотно, зошто едноставно не ги пушти младинците Аргета, се распаѓаат по терен играчите, надиграни сме тотално...
Оти ни требаше само бод за да завршиме прво и после со Цирих да одмараме сите играчи на небитна утакмица пред Челзи.

Огромен проблем е што немаме клупа, комотно фалат 5-6 играчи за да се борат за место.
 
Не требаше долго да не товари некој после среќните 1-1 со Лидс и каде со Нкетиа и Холдинг бе :facepalm::tapp::facepalm:
 
Мари е прободен со нож во напад во супермаркет во Милано, 5 биле други ранети, еден починал. Во болница е моментално, не најдов други информации колку е сериозно.

@Gazpapir Според мене немаше што да бараме на натпреварот, чиста среќа беше минатиот што го добивме со голот на Џака, иначе и тогаш на свој терен ништо конкретно не направивме цел натпревар. Сега тука со 70% прв состав, постигнаа 5 гола од кои 3 за среќа беа поништени, сите шанси им беа поконкретни од нашите, и со целосно прв тим ист ќе беше исходот, вака бар ако пуштевме целосно втор состав ќе се одмореа играчите и немаше да ризикуваме повреда. Тоа што го збориш сега да сме нагазеле за последно коло да одмараме, многу пореалистично ќе беше сега да одмараме, а последно коло против Цирих да нагазиме и да си осигураме прво место, Псв е 3 пати подобар тим од Цирих, дали ќе изгубиме со младинци или со прв тим ист ќе е исходот. Во се сме паднати, енергија на терен, реализација во напад, Жезус и Мартинели се многу паднати во тоа поле во споредба што беа на почеток на сезона, стигна време Џака единствен голови да дава (ко лани Габриел и Вајт кога даваа само), Лидс беше мачење, Сотон и Псв исто мачење, со Форест ако не дадеме два брзи гола во први 30 минути исто ќе е мачење, едноставно енергија нема веќе кај играчиве, сите се паднати.

Update: He is conscious and his injures are 'not life-threatening' according to Monza CEO Adriano Galliani.
Mari will spend Thursday night in hospital and undergo surgery on Friday to reduce muscle damage to his back. Monza CEO Adriano Galliani told Sky Italy that Mari, who is 6ft 4ins, was "saved" due to his height, and said Mari had his son in the shopping trolley
 
Последно уредено:
Колку само значат овие рани голови на Мартинели. Само да не се застане.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom