Играчите при постигнување на четвртиот гол покажаа огромна зрелост, не знам дали приметивте ама акцијата се градеше подолго време. За разлика од многу многу мнгоу изданија, ниеден пас не беше избрзан, се одеше цело време на задржување топката во посед и на играње прецизен пас, према играч кој е на сигурно. Во многу битни моменти ние игравме смирено и без брзање, во моменти кога секоја изгубена топка на средината можеше да резултира многу лесно со примен гол и 3:3, ние не избрзавме и искористивме прва пукнатинка за пасот кој следуваше гол на Тореира. Ептен ми прави кејф, кога игравме вака зрело, сконцентрирано, без брзање и без глупи грешки. Браво за цел тим денес !