Дечки и Тотенхем и Челси ќе кикснат, тоа јасно е, ама прашањето е дали сме сигурни дека ние нема да кикснеме и дека на ниво сите "лесни" натпревари ќе ги добиваме до крај, сега сме во добра форма да, но не сите натпревари кои ги добивме во оваа веќе огромна серија без пораз, ние игравме на ниво како минатиот натпревар, па дури и овој. Долг пат не чека, топ4 за сезонава е премија. Е сега за натпреварот, Јунајтед иако ептен агресивно со пресинг почнаа, ние издржавме и брзо застанавме на нозе, до полувреме веќе ја имавме целата иницијатива иако игравме гости, нешто што не сме имале често можност да го гледаме во минатото кога сме играле кај Јунајтед на гости. Технички овој натпревар не се разликуваше со ништо во споредба со останатите, пак прво полувреме доста слабо напаѓачки, мислам дека единствен шут ни беше голот кога го дадовме, но веќе во второ беа креирани за ептен брзо време неколку шанси, пред се мислам на Обамејанг и Мики од 5 метра пред гол, како и Обамејанг шутот од работ на шеснаесетник, шансите беа креирани и офанзивно не потфрливме, единствена голема замерка е што за вториот примен гол тотално се посравме и тоа е тоа, другото добро се одигра денес. Реално никој не очекуваше на Олд Трафорд дека ќе дојдеме до некоја лесна победа, без борба, можеби ни е криво дека знаеме дека Јунајтед е во мизерна форма, ама сепак 2-2 и не е толку лош резултат. Тие шанси што денес се утнаа, друга прилика ќе се реализираат, битно е има креирани шанси, има идеја, има убави акции и проток на топка, нешто што лани го немаше.