Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум го следел во Бундесот, но според тоа што читам, многумина му предвидуваат иднина како Меси/Роналдо
 
Арно што потпиша нов договор пред да отиде на позајмица.
Изгледа има опција во договорот да го вратиме во Јануари. Јас би ја искористил после повредата на Велбек.[DOUBLEPOST=1541884749][/DOUBLEPOST]
Не сум го следел во Бундесот, но според тоа што читам, многумина му предвидуваат иднина како Меси/Роналдо
Претеруваат, тренерот на Хофенхајм имаше дебилна изјава дека ако запнел на тренинзи Нелсон ке станел како Робен, Меси, Роналдо... Бетер од англиска жута штампа е човекот.

Би бил презадоволен ако прерасне во Стерлинг тип на играч.
 
Последно уредено од модератор:
Срце ми испадна на крај, и зошто, затоа што спасуваме жива глава и бод дома со Волвс.

Ужасна игра денес, можеби најлоша досега, целата таа убава серија паѓа во вода, веќе сме три утакмици во лигата без победа, бевме на 2 бода од Сити сега еве до каде сме, три зад Кокошките кои се на 4-то место и со утакмици против нив и Јунајтед, денес испуштувме огромни два бода за топ4, не го тепаме ли Тотенхем дома, тогаш топ4 ќе ни биде ептен, ептен тешко да го фатиме.

Не дека се надевав на топ4 во август, но сепак имаме шанса иако тимот е уште далеку од тоа што треба да биде.
 
Коментаторов на СК6 е преретардирано типче. Меѓу неколкуте утки што ги запамтив му беа обраќањето со "Гвендузи" за Бељерин. Освен што и двајцата имаат бујни коси, нема никаква сличност во нив, ниту во стиглот на игра, ниту во физикусот. И потоа коментира нешто дека Лаказет да бил левак ќе дал сто посто гол, а тоа топката два метра од него се одбива, променува правец, Со тие палиците за хокеј на мраз не би дал гол, а не пак левак дека не бил.

За играта, воопшто не сум задоволен. Реално спасивме гз... Играме на карта да искористиме моментум, и после првиот даден, да дадеме и втор гол. Овојпат се повреди нивни играч и се умртви играта, така да помина моментумот. Цел натпревар апсолутно никаква шанса немаше, се до шутот на Тореира и на крај Ремзи пред да дадеме голот. Едно ќе кажам, Лено не извади за сите пари. Браво за неговата пожртвуваност кога без страв влета со глава и тело пред играч кој шутираше одбиена топка при една одлична одбрана на Лено. Можеби е подобро Обамејанг на клупа, па ако не оди, да влезе и ко лисица да се уфрла за тап инс. Денес ништо не функционираше, требаше да победиме, ама на крај и бод е супер после ваква игра и вакви шанси на крајот.
 
Првпат го слушам овој коментатор, ваљда оти утакмицата беше на СК6 не им е прва постава таму, ама добро се дереше при крај на шансите на Волверхемтон, посебно онаа на Траоре.
 
Да не се лажеме ни на претходните утакмици додека траеше серијата победи не игравме добро, утакмиците ни ги спасуваше добрата реализација во второ полувреме.
 
Криза???
Или толку од почетничката среќа на Емери.

Неколку утакмици по ред прави тактички грешки и пред натпреварот и со измените за време на натпреварот, почнувајќи со ваѓањето на Обамејанг на мечот со К. Палас.
Упорно ги игра од старт и Лаказет и Обамејанг иако гледа дека не оди баш најдобро.
Плус со играњето на нив двајца од старт, немаме замена за во напад кога не иде, па мора да идеме со Ремзи што е уште позаебано знаејќи ја неговата ситуација. Наместо да го пуштиме во 65 мин Обамејанг, свеж и брз да ги поремети малце уморната одбрана на противникот ние идеме ол ин уште од старт.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Ивоби не требаше да го вади денес на полувреме туку Џака, изигра добро со Ливерпул, две негови грешки директно не коштаа примен гол и денес и со Кристал Палас.
 
Ај сите што беа катастрофа, беа, ама која е онаа игра на Колашинац бе? Криминално издание!

Ауба повеќе ми делува ефективен кога влегува од клупа отколку кога стартува.

Од друга страна, Вулвс ни изигра ептен добра партија. Дисциплинирано, играа наместени против нас добро тактички, и голот што го примија беше на среќа малку. Нерешено е веројатно реален резултат, ама мораме да се подобриме со тврдоглави екипи. Во споредба со Сити, и они вртат и подаваат, ама имаат многу повеќе уфрлувања во шестнаесетник со брзи топки и создаваат шанси, макар и тоа било со помал процент.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom