Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ама не, ја мислам дека 99% нема да победиме на ВХЛ, ама од кај знаиш шо може да им штракне у моментот.
 
Абе и да им штракне, пак Лестер ќе ни бегаат 5 поени и џабе, пак ние ќе си бидеме трето место :D
 
Искрено, поарно да извадиме некоја лигава победа или реми на ВХЛ заради Лестер, само комшиите да не ја освојат титулата. Кој срам, која бламажа ќе биде ако они го направат тоа, првата сезона по скоро 20 години да завршат пред нас а тоа истовремено да им донесе лигашка титула.
 
Шo знaм, мoжеби пa бaш тoa и требa дa се случи пa дa гo oсетaт игрaчиве гневoт нa нaвивaчите, и белким ќе тргне рaбoтaтa a и ќе гo снемa Венгер.

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Пред некое време напишав пост дека ако сме реални Тотенхам се поголеми фаворити за титула од нас и како што одат работиве така и ќе е се повеќе и повеќе. Арсенал си е Арсенал и Арсен си е Арсен, вечити лузер...
 
Проблемот е многу поголем во Арсенал од Венгер и играчите.

1.Имаме газда кој повеќе го интересираат волови и говеда од фудбалски тим, или воопшто спортски тим, сите негови тимови стагнираат и нивните навивачи се незадоволни.Ги користи тимовите како залог во банките да добива поголеми кредити за да може да си купи ранч со крави и мисирки.
Шо мислите зошто имаме 250м фунти непотрошени во банка?Тие пари Кронке ги користи како гарант за да си зема кредити од банките во САД, голем кур оти дивиденда не земал, затоа зема по 3м секое лето за консултантски договори што користел тимот со неговата фирма.

2.Сопственикот што има 30% од акциите, што сака да инвестира во екипата не му даваат да учествува во бордот на директори.

3.Бордот на директори е составен од сенилни старци, бизнисмени кои ги продадоа акициите на Кронке, а и покрај продавањето на нивните акции тие сеуште имаат функција во клубов.Сто посто примаат мито од американецот и ја водат екипата по негови наредби.
Најголем проблем е што нема луѓе кои се разбираат од фудбал.

4.Е тука почнува проблемот наречен Венгер.
 
Било кој од тие два тима да ја освои лигата место нас треба да е крај за венгер, ќе нема ниедно оправдување за неуспехот

Повреди- реално немавме толку повреди сезонава, денес тимот што изгуби од соголениот Јунајтед беше најсилниот тим (без казорла)

Пари- Тохенхем и Лестер повеќе да не потрошија од нас, тоа оправдување може палеше у конкуренција на Сити или Челзи, макар што и во таков случај не треба да биде оправдување, и ние веќе не сме тим кој не троши ич, а треба ако има потреба да трошиме и повеќе, зарем не сме еден од најбогатите клубови у светот. Оној кретенот Кронке зошто ја има мнозинскат сопственот, за да се заебава со клубот, направил ли он барем нешто за Арсенал?

желба и мотивација- ние да ја освојуваме лигата секоја година па да не може да се мотивираме, каква мотивација има треба на балериниве.

квалитет на тимовите- го мразам изразов „на хартија“ но зар на хартија немаме поквалитетнен тим од Лестер и Тотенхем.

Нема оправдувања, никакво, за било што да се случи а да не е ситуација во која на крај на мај Арсенал е на прво место на табелата.
 
Ех златен казорла...

Колку само го критикувавте затоа што не ни доаѓал во шанса за гол (али Ремзи барем бил во шанса) а не гледавте дека додека беше он средината ни беше топ и Озил се изнаигра. До сега никогаш не сум испцуал играч али овој пат слободно ќе кажам Ремзи и Волкот (посебно Ремзи) нека си ебат мајката. Ремзи затоа што изгледа во главата мисли дека игра како кога беше во форма, а Волкот затоа што е само декоративен детаљ на теренот. Една топка ниту подаде ниту зеде ниту акција направи. Овие двајца ја земаат топката и ми изгледа дека незнаат што да прават со неа. Санчез е далеку од тоа што треба да биде ама барем го има во акција се труди или пак чат пат ќе подаде.

Додека не се врати Казорла во средина ќе се нервираме вака. И реално откако се повреди немам една саглам утакмица изгледано од наша страна.
 
Точно е тоа што го зборувате за Казорла ама пак не е ни тоа оправдување посебно не за оваа утакмица против U21 Манчестер. 5 пати по квалитетни играчи имавме од нив на терен. Ама Арсенал не е тим туку само една обична група индивидуалци.
 
Ајде сеa пaк Ремзи е крив зa пoрaзoв и зaебaнaвa сезoнa :icon_lol:

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Од кога си замина Дејвид Дин ни У од успех немаме. Можеби имаше некои задњи намери да си го полни џебот али влијанието кое го имал(според изјави на самите играчи) во соблекувалната е незаменливо(за влијанието во ФА да не правиме муабет) . Можеби последниот човек кај нас шо знаеше како да се водит голем клуб во модерниов фудбал...
 
Последно уредено:
Ајде сеa пaк Ремзи е крив зa пoрaзoв и зaебaнaвa сезoнa :icon_lol:

Sent from my LG-D620 using Tapatalk

Не туку некои јадеа трици за казорла што не се наоѓал во гол шанса а не гледаа дека ја држеше цела средина, а тоа најдобро се виде после неговата повреда колку успешно го замени ремзи кој иако не давал голови сепак бил во гол шанса.
 
Не туку некои јадеа трици за казорла што не се наоѓал во гол шанса а не гледаа дека ја држеше цела средина, а тоа најдобро се виде после неговата повреда колку успешно го замени ремзи кој иако не давал голови сепак бил во гол шанса.
Ја бев тој шо го збори тоа и уште го зборам тоа. Ремзи влага во шанси и е подобар офанзивно. Исто така иам кажано дека Казорла е подобар дефанзивно и нема тука некоја филозофија.
Ама секоја лоша утакмица еден играч да биде кривецот за се ?
Па еве дури и да се согласиме дека е Ремзи кривецот за се, зошто игра тогаш ?
Ако може Јунајтед со дечишта да не тепа, шо не можеме ние некое детиште од У21 да извадиме за да игра на позицијата на Ремзи ?
И не мора толку далеку да идеме и да го бараме у У21, еве нека игра Елнени на таа позиција или Чејмберс, мада мислам дека првиот подобро би се снашол (според тоа шо го глеав на јутуб од неговите игри во Бенфика).

Ремзи не е изговор за денес и крај на дискусијата за тоа.
 
Fakt e deka Ramsey e edno od pogolemite pichinja vo klubot.
Ochaen pristap, ne mi se pravi muabet, stariot vreme e da priznaj deka greshi i da si zamini, dosta e.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom