Добра утакмица, знам дека победивме и не треба да ги критукуваме ама јас морам малце.
Ремзи реализација има нула, такви грешки не смее да прави, сепак играме со најголемиот ривал за прво место и он ќе беше најголемиот кривец ако не победевме.
Венгер за Волкот викаше дека на утакмицата дефанзивно изиграл одлично, а според мене дефанзивно ептен беше слаб. Де Бруин се изнаигра на таа страна, јас мислам дека ако беше Санчез здрав,таму намаше да мрднат.
Белерин предходните 2-3 утакмици не беше на ниво, ама оваа ги искина не им даде воздух да земат ни на Коларов ни на Силва и Агуеро. Дефинитивно малиов е за големи утакмици, концентрацијата му беше на највисоко ниво.
Кембел е бавен ама сепак се изнатрча и стварно ептен се труди, заради дефанзивата според мене заслужува да игра пред Окс.
Фламини вчера беше ВИНО
Вчера моментот што ме извади од такт беше кога Венгер рече дека Алексис имал set back. Аман бе аман, што прават тие наши доктори?? Како во Челзи не се повредуваат така како во Барса немаат такви работи, стварно нема зборови што можам да ги употребам за нашиот медицински тим.
Озил се лути, кога го вадат, а кутриот тој имал само еден тренинг пред натпреварот. Нареден меч да не беше со Сотон, ќе сакав да седи на клупа, ич к.р не ме боли за дали ќе го сруши рекордот на асистенции побитно ми е да е здрав цела сезона.
Е покрај победата имаше и нешто друго што ми се допадна, а тоа беше што чичо кажа дека има селектирано играчи и дека зимово нема да се штеди
Ајт сеа чао се читаме наредна утакмица.