Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Секоја чест денес за напаѓачите ки беа на вистинско време во вистинско место. Волкот и Жиру изиграа тоа што се бараше до нив. Да примат директен пас од Озил и да имаат шанса за удар кон голот. 100% реализација.

Озил, капа долу. И да, секоја чест на одлуката на Венгер да не го вклучи Алексис вечерва. Гоооолема одлука.
 
Кембел мислам дека полека си го циментира првотимскиот статус. На ниво го изигра натпреварот, посебно дефанзивните задачи.
 
Мене ме интересира како видовте дека Гибс е тиња од 10 минути на терен.

Инаку Ремзи беше супер, ама Кембел беше ко да му ја извадиле душата. Едно време почна да пасе трева од теренот.
 
Секоја чест денес за напаѓачите ки беа на вистинско време во вистинско место. Волкот и Жиру изиграа тоа што се бараше до нив. Да примат директен пас од Озил и да имаат шанса за удар кон голот. 100% реализација.

Озил, капа долу. И да, секоја чест на одлуката на Венгер да не го вклучи Алексис вечерва. Гоооолема одлука.
Алексис е аут до 9-ти Јануари.
 
Мене ме интересира како видовте дека Гибс е тиња од 10 минути на терен.

Инаку Ремзи беше супер, ама Кембел беше ко да му ја извадиле душата. Едно време почна да пасе трева од теренот.
Еј жити се немој да го интерпретираш хрватскиот коментатор, коа го слушам него ми иде да се самоубијам со чечкалица...

Кембел у прво нигде го немаше, Коларов го искина у брзина и цело време го затвараше. У второ беше подобар, влезе у шанси, даваше добри пасови ама ипак брзината му е голем проблем.
 
^Не знам што збореле хрватите, обично си гледам со британски коментатори. Па изгледаше така, ја забоде главата во тревата и после па репетиција го дадоа со трева на устата и не се ни обиде да ја тргне :icon_mrgr:
Жиру>тенкистот>Кембел. Мислам дека е најспориот играч во лигата.
 
Кембел изигра одлично, дефанзивно особено ептен му помагаше на Белерин.

Читам на Алексис враќањето се одолжило до 10 јануари, што значи ги пропушта Сотон, Њукасл и Бормут, вака на харатија се добитни утакмици но знаеме дека ништо не се зема здраво за готово, особено ова сезона.

Иако, реално Сотон се во лоша форма ептен, треба да ги тепаме, со Њукасл и Бормут играме дома, Сити и Лестер наскоро играат меѓу себе, ако ги добиеме овие три наредни утакмици, или барем две од три, имаме добра прилика да се одлепиме 5-6 бода на врвот, таман да имаме капитал за ептен тешките утакмици што следуваат у јануари- Ливерпул, Челзи и Стоук на Британија.
 
Без Санчез овој кнап период, ти ебам среќата
 
Сите да се трудат пола од тоа што Кембел се труди нема да имаме пораз. Дечкото едноставно сака да се докаже и најмногу што ми се свиѓа кај него е што кога ќе згреѓи одма оди да ја исправи грешката. На многумина гледам им се свиѓа како изиграл Ремзи но се кладам дека ако ни изедначија он ќе беше главниот кривец и ќе се плукаше по него поради промашените шанси. Дечкото малку да се смири да не изиграва лобови и слично ќе биде топ до тогаш ќе го пцуеме за вакви промашувања и изведување глупости.

За голот незнам како може Чех да го кривите она беше на несакање гол. Туре шутна со лева и мислам дека и да сакаше немаше така да шутне, искрено мене ми изгледаше ко да оди надвор.
 
Не прочитав дека некој го криви Чех, неодбранлив гол беше тоа, од оние фрик голови, во погрешно време и на погрешно место.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom