Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ќе ми текне каков напад имавме пред 10 години со Анри и Беркамп,а сега со Жиру и Саного ми се плаче...Ако не ова лето,наредно мора класа напаѓач да се купува,нема смисла таков тим да се мачи со спори напаѓачи што им е страв да шутнат.
 
Спред медиумиве го бараме Касилијас ,за трета опција ли? :icon_lol:
 
Да бе, Касилас, Оспина и Шчезни. Шо ќе прајме. Според медиумите и Меси го бараме, али, според нив. :D
 
Касиљас во последниве 3/4 години не е ни во топ 10 голмани, а ко што е висок 1.80м во ПЛ има максимално да се губи братот.
 
Кога ќе ми текне каков напад имавме пред 10 години со Анри и Беркамп,а сега со Жиру и Саного ми се плаче...Ако не ова лето,наредно мора класа напаѓач да се купува,нема смисла таков тим да се мачи со спори напаѓачи што им е страв да шутнат.

Веќе е купен. Алексис Санчез. 40 милиона евра, 19 гола минатата сезона. Може да игра и во шпиц, и лево и десно крило. Покрај тоа, се врати Џоел Кемпбел од Олимпијакос, голем талент, тука е и Волкот, заздравен, Подолски, Жиру, не верувам дека ќе купат уште некој напаѓач.Се спомнуваа Реми и Балотели, Бензема, се се тоа новинарски шпекулации. Покрај Оспина, Дебиши и Санчез, ќе дојде еден ДМ, и замена за Вермален, можно е Смолинг, во размена. Венгер не е тренер кој купува на ангро. Лани дојде само Озил, пред три години само Кошчелни, претходно само Вермален. Сега има одличен тим, му треба само еден, максимум два врвни играчи годишно, секогаш да се борат за титула.
 
Кој ќе ни бидат централни дефанзивци за утакмициве на припремиве, Хајден и Мигел:facepalm:
А како што стои работава за Комјунити Шиелд и првата утакмица од ПЛ спремни ќе бидат само Кошелни и Вермален,ако не го продадеме до тогаш.
Мора да купиме и уште еден ЦД, ако си оди Вермале ќе ни требаат +2, лани чудо беше што не се повредија Кош и Мерте, оваа година со скратени припреми сите играчи кои беа на светско треба како очите да ги пазиме.
 
Туууу ај аплоудувај го на нешто друго не го отвара у Њемачка, нешто заради музиката ово онои....:(
Го симнав од јутуб, освен преку дропбокс не знам како би ти го пратил поинаку :)
 
Да се пофали дека е во Германија... :)
Хехех ја староседелец сум веќе во Германија, нема што да се фалам, старо е тоа ;). Него тапа ептен пола клипчиња што се постираат не ги отвара заради музички права....
 
Хехех ја староседелец сум веќе во Германија, нема што да се фалам, старо е тоа ;). Него тапа ептен пола клипчиња што се постираат не ги отвара заради музички права....
Види нешто смени прокси на ip адреса. Се може да се најде на интернетов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom