Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Зборувајте што сакате,Венгер за 2 максимум 3 години нема да биде веќе менаџер,не дека не сакам да да остане,сакам,итоа многу.Венгер е икона на клубот и направи многу за Арсенал,ама еден ден ќе го нема и Арсенал ќе опстои и без него,бидејќи на Манчестер им се деси она што им се деси не значи дека и на нас ќе ни се случи,јебига,може следниот ќе биде подобар од него,којзнае..Дека Венгер е голем човек и одличен стручњак во работата тоа никој не го оспорува.
 
Мурињо со тим што е засилен со 900 милиони во времето на Абрамович губеше од Вила, Њукасл, го уништи најдобриот играч што го имаа, ама сите го поддржуваат. Венгер со шака здрави играчи изгуби од тие 900 милиони и одма узбуна се дигна...
Ај да бевме во иста ситуација ко лани без шанси за трофеј и со климаво место за ЛШ па да разберам зошто се вика Венгер аут, ама сега ?!
И мене ми е криво што неаме трофеј освоено од 2005 и што губиме со по 5+ гола во мрежа, ама Венгер е столбот на тимот.
Колку е важен Венгер требаше да се сфати кога Озил изјави дека дошол во Арсенал заради Венгер !
 
Кој и да би дошол после Венгер, без да купи играчи и да остане со оној лимитиран состав џабе ќе е.
 
Кога веќе кажуваме желби за наследници на Венгер на прво место би го ставил Руди Гарсија од Рома(сите знаеме каква револуција направи Гарсија одкако го превзема клубот,зборувам за 10/10 победи со таков состав), а како втор кандидат би го ставил Диего Симеоне кој што според мене е одличен стручњак и тренер кој успешно го вади максимумот од својот состав.
 
Единствен човек кој може да го однесе Арсенал на највисоко ниво е Клоп, зашто филозофијата што ја форсира е истата со која Арсенал освои Златна ПЛ.
 
Единствен човек кој може да го однесе Арсенал на највисоко ниво е Клоп, зашто филозофијата што ја форсира е истата со која Арсенал освои Златна ПЛ.

И јас би сакал Клоп плус сега ако се земе во предвид дека Арсенал ќе има пари за трошење Клоп би имал според мене успех без проблем.

Инаку јас не би се плашел ак озамине Венгер сега затоа што знам дека го стабилизира клубот на долги патеки и дека на секој нареден што ќе дојде нема да му биде многу тешко (освен ептен ако забега некој), само проблем е што ако замине Венгер и дојде друг и направи успех, успехот ќе биде препишан на новиот иако најголемата заслуга е на Венгер што го осигура клубот финансиски, а добро знаеме дека во денешниов фудбал опстануваат само финансиски јаките клубови. И ете каде е мојата поддршка за тоа што не трошеше до сега. Многумина велеа не ги давам јас од џеп парите. Точно но затоа и неможат да зборат за друг како да трошат ако не му го знаат џебот.

И ова е можеби првпат да пишам дека време е за свежа крв во Арсенал но не поради поразот од Челзи туку поради победата на Венгер што го “спаси“ клубот од пропасти како Лидс, Портсумн, Ренџерс итн... Кој ја гледа широката слика знае која жртва ја направи Венгер за Арсенал, се откажа од слава и успеси лични за да го одржи клубот на врвот во светскиот фудбал. Што би се рекло во најтешко јунаците се познаваат, а секогаш кога бродот тоне први бегаат глувците. Затоа без разлика дали ќе оди сега или не Венгер тој си го зациментира статусот легенда во Арсенал и во светскиот фудбал.
 
Многу дилеми и прашања гледам, и јас ќе го кажам она што е неколку пати повторено, без оглед како се осеќаме во моментот за него, Венгер можеше по 2006 година да замине во било кој голем клуб и да стане уште поуспешен од тоа што е денес, со многу повеќе трофеи, можеби и со титиула во ЛШ, но за љубов кон клубот остана, можеби сега повторно за љубов кон клубот и ќе замине.

Но не е време за вакви сценарија, сезоната уште не е завршена, нема потреба од дефокусирање со долгорочни мислачки. Тука е утакмицата од ФА купот, тука е борбата во лигата, во моментот сме во позиција каде сме речиси исто оддалечени од освојување на лигата до отпаѓање од пласман за ЛШ (иако не верувам дека Евертон би не загрозил до толку, сепак се може да биде).
 
Греота е да си иде чиче без титула, не ја бива ептен. Барем уште една година нека фура и проба наредна да освои, а ако не ја бива нека иде сеа тоа е тоа.
Фа купот за почеток, малце да се врати самодовербата, а и во лигава ништо не се знае, глеј ги Вила тепаа со Челзи а губат дома од Стоук. Само да не паднат во депресии и ако толку го почитуваат Венгер треба да умрат на терен а не ко шалабајзери да ми се влечат по терен.
Не знам,колку и да се нервирам, џабе е дека пак повредите ни ја решија сезоната. Затоа памет во глава на лето, не во 5 до 12, него уште пред светското да се потпишат нови засилувања ако може. Дека секоја година исто и време е малце да се промени нешто.[DOUBLEPOST=1395669749][/DOUBLEPOST]http://www.arsenal.com/news/news-archive/20140324/arsenal-train-ahead-of-swansea-match?

Ај ај ај, го нема Полди да се смее ко зелен, сигурно малце тапа атмосфера после натпреваров со Челзи.
 
Последно уредено:
Кога веќе кажуваме желби за наследници на Венгер на прво место би го ставил Руди Гарсија од Рома(сите знаеме каква револуција направи Гарсија одкако го превзема клубот,зборувам за 10/10 победи со таков состав), а како втор кандидат би го ставил Диего Симеоне кој што според мене е одличен стручњак и тренер кој успешно го вади максимумот од својот состав.
Само некој што воопшто не ги гледал Атлетико сезонава може да го препорача Симеоне. Боље Канатларовски да го земеме.
Бетер од Стоук со Пјулис на чело играат фудбал.
 
Само некој што воопшто не ги гледал Атлетико сезонава може да го препорача Симеоне. Боље Канатларовски да го земеме.
Бетер од Стоук со Пјулис на чело играат фудбал.

Зајебаваш брате сеа и ти. :D Ај не е темата за то, али мене фаворити ми се. Сакам да ја освојат титулата.
 
Само некој што воопшто не ги гледал Атлетико сезонава може да го препорача Симеоне. Боље Канатларовски да го земеме.
Бетер од Стоук со Пјулис на чело играат фудбал.
Извини богу на фудбалот, потсети ме во идниот пост тебе да те препорачам.
 
Кој Клоп го сакате, оној што е на -20 бода од првиот, во првенство каде само две екипи се натпреваруваат за титула?
Нас ни треба искусен тренер после Венгер, некој од типот на Анчелоти, Капело, Ван Гал и сл., менаџери што се докажале во повеќе клубови и освоиле титули во различни првенства.
 
Зајебаваш брате сеа и ти. :D Ај не е темата за то, али мене фаворити ми се. Сакам да ја освојат титулата.
Шо заебавам.
Најкопачки фудбал играат, ултра дефанзивно, во дуели агресивни и ептен валкано играат.
Ние како прво немаме играчи за таква тактика. Симеоне да си замине од Атлетико во некој поголем клуб, фејл и пол ќе биде.
Извини богу на фудбалот, потсети ме во идниот пост тебе да те препорачам.
Ај ако знаеш кажи што Симеоне ќе ни донесе, како ќе не среди, каков фудбал ќе играме?
Или ако не, покажи дека Атлетико не го играат најкопачкиот фудбал у Европа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom