Се надевам дека увидовте и Вие дека Монреал не е капацитет за прв тим. Упорно тврдевте некои од овде дека врз база на тие последни 5 минути, кога влегува за замена, дека е подобра опција од Гибс. Не ! Категорично. Денес директен виновник за 3 гола и за уште 3-4 100% шанси за противникот.
Џек е катастрофален во последните 7 меча. Јесте, да игра надвор од позиција, али пак која му е неговата природна позиција ?! Некој да ми кажи. Артета заслужено седна на клупа. Венгер покажа карактер со тоа што ниту Санти не влезе во игра. Покажа дека треба повеќе да се трудат за да заслужат прв тим. Али да бидеме искрени ниту Џек денес не заслужи. Озил единствена некаква светла точка во тимот. Мило ми за головите од Волкот и тоа како ќе ни требаат за понатаму.
Позитивното е тоа што дадовме 3 гола, каде Сити досега цела сезона прими 2. Тоа е доброто, во цело лошо. Изгубиме 3 бода, каде што и не очекувавме дека ќе ги добиеме. Психологијата е на дело. Ако Венгер успее да ги мотивира и да им долови дека ова е само пораз и дека останува зад нив, тоа ќе биде супер. Знам дека ќе биди тешко, но тешкото допрва доаѓа. Победата над Челзи е повеќе од императив. Притискот е над нас. Мора да победиме и таа утакмица за мене е најважната сезонава, како и онаа на Стемфорд. Мораме да останиме со тимскиот дух на највисоко ниво.
Штета за Косиелни, но тука гледам и шанса за Вермален да се докаже дека навистина го залужува местото во прв тим и можеби и капитенската трака. Шанса за да патува во Бразил како дел од првиот тим на Белгија.
Тоа е тоа од мене.