Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ne e tolku strasen porazot kolku psihiloskite posledici sto ce sledat. Ako uspee Venger DA go motivira timot ce bide odlicno. Izgubivme tri boda, nisto strasno. Ima uste 20 I kusur kola do kraj na prvenstvo.

Definitivno treba da se donese napagjac so odlicna realizacija. Zuru e dobar no ne dovolno za da igra vo Arsenal!
 
Жиру напагач ? Па Бентнер 100 пати поарно изигра за тоа време што играше.Монреал прва постава? Немој да се занесувате.

На голот на силва 6-7 луге во шеснаесетник они 4 и примивме гол.:tapp:
 
Да им дадеш на Сити кај нив дома 3 гола и да одиш со празни раце штета. Мислам дека некако како да не ја сватија озбилно играта. Средината дефанзивно катастрофа премногу простор имаше. Ко да немаше средина за нас. Многу тамо им дозволивме да играат и што е најтрагично примивме неколку страшно глупи голови каде што годинава не си дозволувавме такви киксеви. Жиру е преморен и дефинитивно му треба малку да седене да одмори. Кривец поединечно небарам само да научат да стегнат малку поагресивно како да се прогласија за шампиони. За да бидат шампиони мора да бидат агресивни а не да се олабават предвреме.
 
Пораз на гости кај Сити. Ништо страшно. Сеа резултатов е малце.... али пораз е пораз и со 1-0 пак ќе си отидевме со 0 бодови и пак разликата на табелата ќе беше иста. Повеќе ми е криво за двата пропуштени бода против Евертон отколку за денес.
Паузава од 9 дена е во прав момент да се одморат и да се увидат грешките во играта и да се поработи на истите.

Ај за утакмицава поконкретно:

-Монреал...хаос денес. Често вон позиција, во посед многу изгубени топки( што за бек во ваква формација на Арсенал е недозволиво), на неколку наврати лошо позициониран позади.
-Волкот...мало освежување на тимот. Со него добиваме една друга можност за реализација на нападите и поексплозивно уфрлување во 16никот што некогаш стварни ни фали.
- Замената Фламини-Гнабри стави точка на натпреваров. Ги зајакнавме крилата ама целосно ја предадовме средината и со тоа и врската до истите. Од тој момент постојано висеше нашиот гол, а на другата страна не бевме воопшто опасни.
 
На мака се познаваат хероите, на мака се познаваат вистинските навивачи! :)
 
Да им дадеш на Сити кај нив дома 3 гола и да одиш со празни раце штета. Мислам дека некако како да не ја сватија озбилно играта. Средината дефанзивно катастрофа премногу простор имаше. Ко да немаше средина за нас. Многу тамо им дозволивме да играат и што е најтрагично примивме неколку страшно глупи голови каде што годинава не си дозволувавме такви киксеви. Жиру е преморен и дефинитивно му треба малку да седене да одмори. Кривец поединечно небарам само да научат да стегнат малку поагресивно како да се прогласија за шампиони. За да бидат шампиони мора да бидат агресивни а не да се олабават предвреме.

Да, Жиру треба да седне на клупа, ама кој ќе дојде на неговот место- Бентнер. Не, јасно им е на сите што пратат фудбал дека во Арсенал мора да има уште еден напаѓач, имаме еден куп играчи од среден ред шо можат да комбинираат и додваат ама каде се реализациите, добро е Волкот шо се врати, оти не можевме да очекуваме дека Ремзи ќе дава голови цела сезона.
 
Се надевам дека увидовте и Вие дека Монреал не е капацитет за прв тим. Упорно тврдевте некои од овде дека врз база на тие последни 5 минути, кога влегува за замена, дека е подобра опција од Гибс. Не ! Категорично. Денес директен виновник за 3 гола и за уште 3-4 100% шанси за противникот.

Џек е катастрофален во последните 7 меча. Јесте, да игра надвор од позиција, али пак која му е неговата природна позиција ?! Некој да ми кажи. Артета заслужено седна на клупа. Венгер покажа карактер со тоа што ниту Санти не влезе во игра. Покажа дека треба повеќе да се трудат за да заслужат прв тим. Али да бидеме искрени ниту Џек денес не заслужи. Озил единствена некаква светла точка во тимот. Мило ми за головите од Волкот и тоа како ќе ни требаат за понатаму.

Позитивното е тоа што дадовме 3 гола, каде Сити досега цела сезона прими 2. Тоа е доброто, во цело лошо. Изгубиме 3 бода, каде што и не очекувавме дека ќе ги добиеме. Психологијата е на дело. Ако Венгер успее да ги мотивира и да им долови дека ова е само пораз и дека останува зад нив, тоа ќе биде супер. Знам дека ќе биди тешко, но тешкото допрва доаѓа. Победата над Челзи е повеќе од императив. Притискот е над нас. Мора да победиме и таа утакмица за мене е најважната сезонава, како и онаа на Стемфорд. Мораме да останиме со тимскиот дух на највисоко ниво.

Штета за Косиелни, но тука гледам и шанса за Вермален да се докаже дека навистина го залужува местото во прв тим и можеби и капитенската трака. Шанса за да патува во Бразил како дел од првиот тим на Белгија.

Тоа е тоа од мене.
 
Не истепаа и физички и психички,не закопаа.
Нареднава со Челзи редно е да ги тепаме.Венгер има покажано низ историјата дека може лесно да ја стабилизира екипата после вакви натпревари и да одговори на предизвикот.
 
И пак ли има некој што мисли дека Артета не фалеше денес?


Според мене, да, за овај меч фалеше. Таква беше замислата и тактиката на Сити, да ако играше Артета ќе беше подобро во успорување на нападите на Сити. Меѓутоа и последните мечеви на Артета беа лоши, така да заслужено на клупа. Го очекувам во тимот против Челзи.
 
@Makedonec_7 позицијата на Џек треба да биде како онаа на Верати од ПСЖ.
 
Според мене, да, за овај меч фалеше. Таква беше замислата и тактиката на Сити, да ако играше Артета ќе беше подобро во успорување на нападите на Сити. Меѓутоа и последните мечеви на Артета беа лоши, така да заслужено на клупа. Го очекувам во тимот против Челзи.

За овој меч премногу фалеше. За со челзи нзнам друга игра имаат мада со играта на мурињо ќе треба. А Џек ига најдобро кога позади него се артета и ремзи или фламини. Често знае да направи потег плус и ако нема никој да го корегира наебуваме. Тој потег плус кога го прави кај него е секогаш нож со две острици. Или ќе направи гениален пас или ќе овозможи контра на противниците.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom