Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Па тоа прашав, дали има некој од Скопје што е заинтересиран да гледаме заедно од фан-клубов :)

Инаку кога еве веќе ми одговори за во Барса кафичот, се собирате од кајгана форумов или рандом луѓе фанови на Арсенал?

https://www.facebook.com/events/235322096636446/?ref_dashboard_filter=upcoming
Event for Arsenal Macedonia Supporters Club:)
 
Абе не се заебавајте озбилен сум не го разбрав :D

Во СК гледаме ние секоја утакмица заедно во Барселона кафичот на Ул. Македонија што е.
И Куманово и Охрид знам дека се собираат за др незнам.

Кој е Ск нека доаѓа :D

Tребаше некој да ја снима реакцијата на вашиот ви фан клуб во Агора кога Озил даде гол, ке го бутнеа Гарнизон.
 
Па тоа прашав, дали има некој од Скопје што е заинтересиран да гледаме заедно од фан-клубов :)

Инаку кога еве веќе ми одговори за во Барса кафичот, се собирате од кајгана форумов или рандом луѓе фанови на Арсенал?

Членови на АМСЦ во принцип се собираат во Барса... или кој и да е во моментот (нели променливо е ) кафичот :)
 
.. бреј без воља сте сите. Сте запнале сите со тој Arsenal Supporters Club.. мислев ако сакате меѓу нас дружба да напрајме, не туку ми лупајте линкови. Да сакав, ќе отидев.

Ај ме изнервиравте.
 
.. бреј без воља сте сите. Сте запнале сите со тој Arsenal Supporters Club.. мислев ако сакате меѓу нас дружба да напрајме, не туку ми лупајте линкови. Да сакав, ќе отидев.

Ај ме изнервиравте.

Без нервози само, па голем дел од членовите тука на кајгана на овој фан клуб се и членови на АMSC.
А и што има толку лошо во AMSC што толку те нервира?
 
Без нервози само, па голем дел од членовите тука на кајгана на овој фан клуб се и членови на АMSC.
А и што има толку лошо во AMSC што толку те нервира?


Ете така. Едноставно така случајно сум налетал на многу такви фан-клуб здруженија и се ми делувало вештачки и полтронски. Мислев дека идеата да се збереме „ние“ од форум ќе даде подобар резултат. Тоа беше се.
 
Нема ништо вештачки и полтронски бе другар, ако си налетал на такви здруженија не значи дека сите се такви не значи дека ние сме такви...
--- надополнето: 13 декември 2013 во 22:30 ---
БТВ у Барса е добредојден кој сака, не само членови. Не се затворени вратите за било кој друг.
 
Ете така. Едноставно така случајно сум налетал на многу такви фан-клуб здруженија и се ми делувало вештачки и полтронски. Мислев дека идеата да се збереме „ние“ од форум ќе даде подобар резултат. Тоа беше се.

Тој фан клуб е официален и регистриран во арсенал официално. Тоа на ФБ е само за полесна комуникација не е само група направена од рандом фан од 15 години...
 
Ја незнам зашто у барселона се организира кај што е 100 денари 0.33 пиво скопско, има 1000000 кафичи низ Скопјево и поефтини и подобри за гледање фудбал ама ај си знаат организаториве
 
.. башка стискам Join group. Ми стига нотификација дека ме примиле, стискам.. глеам веќе не сум член.

Незнам што се трудам па да објаснувам, мене друга ми беше поентата со збиранката, тоа што гледате вие во еден правец, јас повеќе немам „работа“ овде.
 
Ја незнам зашто у барселона се организира кај што е 100 денари 0.33 пиво скопско, има 1000000 кафичи низ Скопјево и поефтини и подобри за гледање фудбал ама ај си знаат организаториве

Најди кафич со дримбокс во централното подрачје (за да им одговара на сите) со задоволство ќе се префрлиме...
--- надополнето: 14 декември 2013 во 01:02 ---
.. башка стискам Join group. Ми стига нотификација дека ме примиле, стискам.. глеам веќе не сум член.

Хмм не верувам некој да те кикнал онака друже, верувај само неколку луѓе имаат администраторски пристап и никој не би кикнал нов член. Впрочем групата има 1900 членови така да не е од затворен круг и да се кикнуваат нови членови.

Незнам што се трудам па да објаснувам, мене друга ми беше поентата со збиранката, тоа што гледате вие во еден правец, јас повеќе немам „работа“ овде.

Ти го исхејта фан клубот (официјално признаен) без никаква причина и без да ги знаеш членовите. Само затоа што си налетал на еден куп такви клубови.
Никој не те фати за гуша да дојдеш да гледаш. Ако сакаш бујрум, ако не собери си друштво и гледајте си. Не гледам причина зашто ние од форумов би се делеле од фанови што не се на форумов. На крај краева сите идеме со иста причина таму...

Поздрав
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: J +
@мксганер еве ја те замолувам веќе да не предвидуваш конечен резултат кога игра Арсенал.Стварно си малер,мајка му стара.Дебатирај ко што треба,не си ја удирај главата во ѕид.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom