Барем тебе не треба да ти кажвам, шо како за Арсенал. Искрено мислам дека играја со „кочница“ денес. Убеден сум. Бендтнер не го ставај во ниедна листа, жити мене, нема лек за него.

Муабетот ми е дека од сега, па до февруари можеме да се сконцентрираме само на ПЛ и ништо друго. Правилна ротација на фудбалери, правилно темпо, давање се од себе, мотивација се работите кои ни требаат. Ако е вистина дека не размислуваат за табелата, тогаш ВЕРУВАМ дека ќе излезат скроз опуштено на Сити Граунд, без никаков притисок, без потреба од брзање за голови, сконцентрирани, мотивирани, без грешки... ВЕРУВАМ и дека можеме да дадеме добра партија таму, и да останеме непоразени, односно да победиме.