Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
tumblr_mqc8csLaRV1qk8gn3o3_400.gif


Kој го видел детево сите викаат дека ќе го биде, па еве и ја да кажам ЌЕ ГО БИДЕ :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: J +
Волкот мора да работи на финишот можеше да даде 3-4 гола денеска, и увек коа ке земе топка као да се плетка у тоа нозете незнам кој му курац
 
ДОбар е, ама многу мал и ситен ми изгледа за Премиер Лига.
 
Некој да даде торент да ја слегнам утакмицата или од некој страна да ја изгледам :)
 
Некој да даде торент да ја слегнам утакмицата или од некој страна да ја изгледам :)

Првото полувреме го пише : Coming soon
http://player.arsenal.com/player/3764-nagoya-grampus-a-2nd-half
Не верувам некаде на друго место да најдеш ... Ваљда утре ќе биде прикачено и првото полувреме .
 
Првото полувреме го пише : Coming soon
http://player.arsenal.com/player/3764-nagoya-grampus-a-2nd-half
Не верувам некаде на друго место да најдеш ... Ваљда утре ќе биде прикачено и првото полувреме .


Видов и се изнервирав...Не ми се чека,сакам денес да го изгледам...Али по се излгеда нема :(
 
Инаку вчера за екипата на Нагоја играше и Македонец, затоа не тепавте толку убедливо :icon_mrgr:
 
ДОбар е, ама многу мал и ситен ми изгледа за Премиер Лига.
Детево е Оса топка не можиш дс му земиш. А и казорла вилшир мата хазард не се големи ама растураат ,не е се во големината.
 
ДОбар е, ама многу мал и ситен ми изгледа за Премиер Лига.
Што врска има дали е ситен како шо кажа членот над мене тоа е небитна ствар никој од него не очекува да скока со Стоук од него се бара убоитост,техника,дриблинг итн. ок дека се игра на сила во ПЛ мегутоа не е нешо многу битно

Инаку можете да го гледате утре во финалето на Копа Америка и нека фака авионот за Лондон :icon_mrgr: интересно е шо и Порто беше ептен загреан за овој а знаеме кој скаутинг го имаат Порто во Ј.Америка и општо какви играчи носат и препродаваат
 
сами си прават интервју :LOL:
http://www.youtube.com/embed/YGgwIBAD7OY
--- надополнето: 23 јули 2013 во 14:16 ---
Што врска има дали е ситен како шо кажа членот над мене тоа е небитна ствар никој од него не очекува да скока со Стоук од него се бара убоитост,техника,дриблинг итн. ок дека се игра на сила во ПЛ мегутоа не е нешо многу битно

Инаку можете да го гледате утре во финалето на Копа Америка и нека фака авионот за Лондон :icon_mrgr: интересно е шо и Порто беше ептен загреан за овој а знаеме кој скаутинг го имаат Порто во Ј.Америка и општо какви играчи носат и препродаваат

на Порто им го нудеа за 8/10 м евра,кога видоа дека и Арсенал се заинтересирани одма му рипна цената на 21м :mad:
 
:cuc::cuc::cuc:
КОРНЕРОТ НА ВНУКОТ: МУАБЕТ ОД ИДНИНАТА

18 август, 2024 година
Синко, еднаш порано Арсенал беше голем клуб. Имаше славни генерации кои направија нешта што никој друг не можеше во англиската лига. Една од генерациите дури помина 49 натпревари без пораз. Никој друг клуб не успеа тоа да го направи. Ниту ќе успее… Ама ти ме прашуваш што тргна наопаку? Ќе ти раскажам.
Пред почетокот на сезоната 2013-2014 навивачите на Арсенал, кои дотогаш беа горди поддржувачи на својот клуб, стоејќи зад своето безрезервно и не поставувајќи глупави прашања, чии одговори веќе ги знаат; одеднаш решија да дигнат прашина, бидејќи клубот имал пари, ама не ги трошел. Летниот преоден рок помина без поголеми потреси, сѐ си беше во ред, ама тие беа незадоволни. Потпишуваа петиции, испраќаа писма до управата на клубот, организираа протести пред стадионот и започнаа да не влегуваат внатре, иако имаа сезонски карти…
За да не помислиш дека Арсенал се бореше за опстанок, да ти појаснам дека во тој период беа втори на табелата, со заостанување од 4 поени зад Манчестер Шити. Ништо страшно за англиски услови, дури и пожелно. Ама не. Овие сакаа по секоја цена да си замине Венгер, затоа што не потрошил 70 милиони фунти што му биле на располагање. Управата попушти во ноември откако се случи да дојдат два порази по ред и Арсенал падна на третото место на табелата.
Кој дојде на местото на Професорот? Не прашувај. Некој добил генијална идеја да го доведе професионалниот гробар на фудбалски клубови, Рафа Бенитез. Го имаа шутнато и од Наполи… Којзнае по кој пат во последните неколку години остана без работа и го прибраа во Северен Лондон. И тука некаде започна крајот.
Во јануарскиот преоден рок Арсенал потроши рекордни 300 милиони евра на трансфери. Ги купија: Игуаин, Бернард, Јоветиќ, Суарез, Шрек Руни, дури успеаја да го вратат и Фабрегаз. Нормално, за да го изведат сето ова и да можат да ги поднесат платите на најскапата клупа на светот, мораа да го пуштат Усманов да купи дополнителен број акции, по значително поголема цена, што нормално дека не му пречеше, затоа што ја презеде контролата. И тогаш, како и своите „не знам ни сам како се збогатив“ колеги и тој почна да си игра Фудбал Менаџер, во живо.
Ѕвездите, тие големи имиња по кои сите кукаа, многу брзо покажаа дека кога имаш договор на 4 или 5 години и плата од преку 200 илјади фунти неделно, некако и не ти е толку гајле за фудбал. Тоа ти е фондот за пензија, а ти веќе нема што да докажуваш. Верувај ми синко, во тоа време, 200 илјади фунти беа пари. И тоа добри!
Сите млади и енергични деца кои едвај чекаа да покажат и докажат што знаат, ја загубија волјата, а веднаш потоа и започнаа да си бараат други места каде што ќе можат да играат фудбал, оти за тоа беа и дојдени во клубот, не за да гледаат манекени со пренампуано его и астрономски плати како им го одземаат местото кое со ништо не го заслужиле.
Се случи раздор, се случи дисхармонија и на крајот распад на сето она што го градеше Професорот изминатите 16 и кусур години. Црвеното носе Бенитез доби уште еден отказ пред крајот на сезоната, ама штетата остана неповратна. Арсенал стана она што беше Ливерпул пред најпосле да испадне во втората лига – просечен тим, задоволен со живуркање на средината од табелата и пресреќен ако успее да влезе во некој од пониските меѓународни купови. Откако УЕФА ги спои сите купови, сосема се заборави на меѓународната сцена. Стана важно да не се испаѓа од лигата.
Најлошото дојде во 2019 година. Арсенал заврши на 14. место. Само по себе тоа и не е така лошо, ама страшното е што Тотенхем заврши на 13. Таа година немаше Свети Тотериџ. Не го прославивме празникот. Не можеш ни да замислиш каква е таа траума. Едноставно не можеш!
Тие пак, извадија колекција на документарни филмови, во кои се раскажуваше како им биле потребни само 130 години да го изведат тој подвиг. Се продаваа сувенири, се славеше низ цел Лондон, започнаа немири на таксистите во Англија, пресреќни што нивниот тим завршил пред Арсенал. Арно ама, тогаш им дојде Рафа Бенитез за менаџер и следната сезона се преселија во втора лига. Засекогаш.
Она што мене ме боли е тоа што Арсенал почна да оди надолу. Дојде близу до банкрот, „ѕвездите“ си заминаа, еден по еден, а во последнава сезона, едвај се спасија од испаѓање. Сопствениците се обидуваа да го продадат за минимална сума, барем онолку колку што вреди стадионот, но и тоа им остана залудно. На крајот го купија навивачите, со свои пари. Купив и јас една акција. Секоја фунта ќе помогне.
Велат дека оваа година Арсенал најпосле ќе се нурне кон подолните лиги и никогаш повеќе нема да исплива. Ќе играат со младинците кои имаат за што да играат и што да докажат. Ќе играат онака како што сакаше Професорот додека беше тука. Во негова чест. Што сакаат нека велат, јас знам дека фудбалот повторно ќе биде она што треба да биде – страст и уживање.
Сезоната ќе започне за некоја минута. Време и ти да уживаш во твојот прв натпревар на Арсенал, исто онака како што уживав и јас, некогаш, одамна…
извор - http://www.arsenal-macedonia.mk/muabet-od-idninata/
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: J +
Имаше една слична прикаска на блогот пред неколку години со слично сценарио, ако замине Венгер- апокалипса.

Малце претеруваат, никој не бара да си замине Венгер и да се потрошат 300 милиони во еден трансфер период, ама да се бега од очигледното дека има позиции каде требаат засилувања и тоа е заблуда.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom