- Член од
- 28 ноември 2009
- Мислења
- 4.878
- Поени од реакции
- 7.118
Штом професорот демантирал интерес за него 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Некој да даде торент да ја слегнам утакмицата или од некој страна да ја изгледам![]()
Првото полувреме го пише : Coming soon
http://player.arsenal.com/player/3764-nagoya-grampus-a-2nd-half
Не верувам некаде на друго место да најдеш ... Ваљда утре ќе биде прикачено и првото полувреме .
Детево е Оса топка не можиш дс му земиш. А и казорла вилшир мата хазард не се големи ама растураат ,не е се во големината.ДОбар е, ама многу мал и ситен ми изгледа за Премиер Лига.
Што врска има дали е ситен како шо кажа членот над мене тоа е небитна ствар никој од него не очекува да скока со Стоук од него се бара убоитост,техника,дриблинг итн. ок дека се игра на сила во ПЛ мегутоа не е нешо многу битноДОбар е, ама многу мал и ситен ми изгледа за Премиер Лига.
Што врска има дали е ситен како шо кажа членот над мене тоа е небитна ствар никој од него не очекува да скока со Стоук од него се бара убоитост,техника,дриблинг итн. ок дека се игра на сила во ПЛ мегутоа не е нешо многу битно
Инаку можете да го гледате утре во финалето на Копа Америка и нека фака авионот за Лондонинтересно е шо и Порто беше ептен загреан за овој а знаеме кој скаутинг го имаат Порто во Ј.Америка и општо какви играчи носат и препродаваат
извор - http://www.arsenal-macedonia.mk/muabet-od-idninata/КОРНЕРОТ НА ВНУКОТ: МУАБЕТ ОД ИДНИНАТА
18 август, 2024 годинаСинко, еднаш порано Арсенал беше голем клуб. Имаше славни генерации кои направија нешта што никој друг не можеше во англиската лига. Една од генерациите дури помина 49 натпревари без пораз. Никој друг клуб не успеа тоа да го направи. Ниту ќе успее… Ама ти ме прашуваш што тргна наопаку? Ќе ти раскажам.
Пред почетокот на сезоната 2013-2014 навивачите на Арсенал, кои дотогаш беа горди поддржувачи на својот клуб, стоејќи зад своето безрезервно и не поставувајќи глупави прашања, чии одговори веќе ги знаат; одеднаш решија да дигнат прашина, бидејќи клубот имал пари, ама не ги трошел. Летниот преоден рок помина без поголеми потреси, сѐ си беше во ред, ама тие беа незадоволни. Потпишуваа петиции, испраќаа писма до управата на клубот, организираа протести пред стадионот и започнаа да не влегуваат внатре, иако имаа сезонски карти…
За да не помислиш дека Арсенал се бореше за опстанок, да ти појаснам дека во тој период беа втори на табелата, со заостанување од 4 поени зад Манчестер Шити. Ништо страшно за англиски услови, дури и пожелно. Ама не. Овие сакаа по секоја цена да си замине Венгер, затоа што не потрошил 70 милиони фунти што му биле на располагање. Управата попушти во ноември откако се случи да дојдат два порази по ред и Арсенал падна на третото место на табелата.
Кој дојде на местото на Професорот? Не прашувај. Некој добил генијална идеја да го доведе професионалниот гробар на фудбалски клубови, Рафа Бенитез. Го имаа шутнато и од Наполи… Којзнае по кој пат во последните неколку години остана без работа и го прибраа во Северен Лондон. И тука некаде започна крајот.
Во јануарскиот преоден рок Арсенал потроши рекордни 300 милиони евра на трансфери. Ги купија: Игуаин, Бернард, Јоветиќ, Суарез, Шрек Руни, дури успеаја да го вратат и Фабрегаз. Нормално, за да го изведат сето ова и да можат да ги поднесат платите на најскапата клупа на светот, мораа да го пуштат Усманов да купи дополнителен број акции, по значително поголема цена, што нормално дека не му пречеше, затоа што ја презеде контролата. И тогаш, како и своите „не знам ни сам како се збогатив“ колеги и тој почна да си игра Фудбал Менаџер, во живо.
Ѕвездите, тие големи имиња по кои сите кукаа, многу брзо покажаа дека кога имаш договор на 4 или 5 години и плата од преку 200 илјади фунти неделно, некако и не ти е толку гајле за фудбал. Тоа ти е фондот за пензија, а ти веќе нема што да докажуваш. Верувај ми синко, во тоа време, 200 илјади фунти беа пари. И тоа добри!
Сите млади и енергични деца кои едвај чекаа да покажат и докажат што знаат, ја загубија волјата, а веднаш потоа и започнаа да си бараат други места каде што ќе можат да играат фудбал, оти за тоа беа и дојдени во клубот, не за да гледаат манекени со пренампуано его и астрономски плати како им го одземаат местото кое со ништо не го заслужиле.
Се случи раздор, се случи дисхармонија и на крајот распад на сето она што го градеше Професорот изминатите 16 и кусур години. Црвеното носе Бенитез доби уште еден отказ пред крајот на сезоната, ама штетата остана неповратна. Арсенал стана она што беше Ливерпул пред најпосле да испадне во втората лига – просечен тим, задоволен со живуркање на средината од табелата и пресреќен ако успее да влезе во некој од пониските меѓународни купови. Откако УЕФА ги спои сите купови, сосема се заборави на меѓународната сцена. Стана важно да не се испаѓа од лигата.
Најлошото дојде во 2019 година. Арсенал заврши на 14. место. Само по себе тоа и не е така лошо, ама страшното е што Тотенхем заврши на 13. Таа година немаше Свети Тотериџ. Не го прославивме празникот. Не можеш ни да замислиш каква е таа траума. Едноставно не можеш!
Тие пак, извадија колекција на документарни филмови, во кои се раскажуваше како им биле потребни само 130 години да го изведат тој подвиг. Се продаваа сувенири, се славеше низ цел Лондон, започнаа немири на таксистите во Англија, пресреќни што нивниот тим завршил пред Арсенал. Арно ама, тогаш им дојде Рафа Бенитез за менаџер и следната сезона се преселија во втора лига. Засекогаш.
Она што мене ме боли е тоа што Арсенал почна да оди надолу. Дојде близу до банкрот, „ѕвездите“ си заминаа, еден по еден, а во последнава сезона, едвај се спасија од испаѓање. Сопствениците се обидуваа да го продадат за минимална сума, барем онолку колку што вреди стадионот, но и тоа им остана залудно. На крајот го купија навивачите, со свои пари. Купив и јас една акција. Секоја фунта ќе помогне.
Велат дека оваа година Арсенал најпосле ќе се нурне кон подолните лиги и никогаш повеќе нема да исплива. Ќе играат со младинците кои имаат за што да играат и што да докажат. Ќе играат онака како што сакаше Професорот додека беше тука. Во негова чест. Што сакаат нека велат, јас знам дека фудбалот повторно ќе биде она што треба да биде – страст и уживање.
Сезоната ќе започне за некоја минута. Време и ти да уживаш во твојот прв натпревар на Арсенал, исто онака како што уживав и јас, некогаш, одамна…