Ај да пишам завршен пост за сезонава. Оваа сезона можеби најтурбулентна со претходната каде крпевме тим. Предходната беше покрпена до душа а оваа неуиграна каде што неуиграноста ќе не кошташе.
Инаку околу тимот.
Овој тим е цврст далеку поцврст од претходните неколку години но нема толкава атрактивност. Но со тоа се гледа дека на таа сметка одбраната е далеку поцврска и сме втора во лигата. Но на сметка на тоа нападот малку трпи но сепак така се освојуваат титули со 1-0. Незнам и кога сме имале толку празни мрежи посебно во вториот дел од сезоната. Порано со децата сме имале јак почеток и сме паѓале во вториот дел поради неизкуство. Оваа сезона мислам искуството не одржа и го надополни неиграноста од почетокот. Овој тим е уигран и без големи претумбации со мало засилување ќе е добро. Плус претходно се градеше играта околу Цеск но тој замина, наредната се потпиравме на перси и он замина, но оваа сезона мислам дека играта се базираше на целиот тим и тоа е добро за да не зависи играта од еден.
За трансферите
На голманска позиција ако остане фабијански и шчежни добро сме покриени. Ако замине фабијански некој постар пред крај на кариера ќе е најдобро. Мој избор би бил Цезар но не верувам дека би сакал да биде резерва.
За одбраната Кош и Мертезакер се стуб и во овој случај извисува Вермален кој се мачи да ја врати својата форма. Можно е да замине но доколку замине Вермален (иако не би сакал) пак ќе сме тенки затоа што слаби ќе бидеме с оротација на таа позиција. Доколку остане ќе биде одлично поради ротирање а и тројцата се веќе повеќе од 2 години и нема да треба време за прилагодување. Може едино да се земе некој помлад или да се промовира некој од младинците (иако негледам некој кој би успеал а и се исчисти доста младинскиот тим) каде што ќе учи покрај мертезакер и кош. Не е лошо додека е мертезакер да учат младите затоа што позиционирањето негово е да неречам скоро совршено затоа што и покрај трапавоста негова најцврст столб беше сезонава. На левата бековска позиција сме супер Гибс и Монреал се таман. Гибс се повеќе ме изненадува и мислам дека имаше одлична сезона иако е млад. Монереал е тука исто така за ротација. Од десно тука е Џенкинсони Сања. За сања не се знае дали ќе остане или не. Јас најискрено би сакал да остане но да не му смета да му отстапи место на Џенкинсон така да ќе имаме одлична резерва која има што да го научи џенкинсон. Инаку моја желба би бил Лихштајнер.
Средината може да се каже дека ни е одлична. Артета има уште едена до две години да игра на ниво но можеби може да се донесе еден ДМ така да Артета по потреба може да оди и понапред но исто така ќе може и да биде одлична замена за таа позиција. Но мислам дека тоа нема да се случи бидејќи Ремзи одигра одлична втора сезона каде што во дефанзива изигра феноменално така да со Артета се надополнуваа одлично и мислам дека тоа беше клучот годинава на подобрувањето на одбраната. За покреативниот дел тука се Казорла, вилшир и росицки. Таа позиција е во ред едино ако некој може да дојде тука би бил според мене цеск. Од младите евентуално ајсфилд би му дал шанса но во куповите.
Крилата лево подолски и жервињо десно волкот и окс. Жервињо незнам дали ќе оди но искрено колку и да го плукате не заслужува до толку. Сепак доколку седи на клупа и не се буни одлична замена е. Окс годинава најискрено не ме импресионира многу, треба малку да се смири некако како да сака премногу да се истакне а со тоа и премногу греши. Малку да се приземни наредна сезона и може ќе го биде. Волкот доста напредна и одлично ја изигра сезонава и продолжувањето на договорот го оправда. Далеку постабилен ми изгледа само уште малку да ја подобри контролата на топката. Подолски е играч кој го нема никаде да се истакне и одеднаш се појавува и решава утакмица. Одличен осет за гол и можеби игра како крило за да биде понеприметен и да се уфрлува од втор план. Како шпиц сам во нападот се губи потребен му е уште еден. Сепак на крај може да се доведе и некое крило долку е точна информацијата дека треба да прави операција на коленото.
Нападот. Е тука мислам дека сме најтенки. Жиру го донесе тоа што ни фалеше но со заминувањето на перси го изгубивме она што го нема Жиру. Со жиру имаме цврстина и конторла во воздухот но сепак агилноста и спретноста му се мана. Плус остава доста простор за некој до него. Со него кога би имале полушпиц, полушпицот ќе даде повеќе голови и од него. Тука на таа позиција би сакал да се донесе нешто може јоветиќ или игуаин сеедно. И да му се дава шанса на Гнабри од младите, само да е здрав мислам дека детето ќе гази.
Во глобала ова според мене би бил костурот на тимот и без голема измена на овие ќе имаме конкурентен тим. Најбитн оспоред мене е да се задржи одбраната и само нападот да се “појача“.
Толку од оваа сезона (колку пари толку музика) сега следи летото полно со милион шпекулации.