Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Е како нема да напнуеме, не освоивме трофеј, така да ова му доаѓа некако како најголема сатисфакција.

Само мислам дека доста беше веќе тегавање и натпреварување со нив, време е пак после 2 сезони да се вмешаме озбилно во борбата за титулата.
 
Море најбитно е сега трансфер пазарот како "ќе ни се одвива"
За да се бореме за титула мора јако, јако, а не секоја година исто па исто или 3то или 4то место. ДОСТА БЕШЕ...
 
Преку куров со тоа јако, јако, по чело да ве плеснат јако.
Еве Челзи во ПЛ колкави конкуренти за титула се со нивните трансфери од по 50 милиони.
Само паметни трансфери, да се исфрли ѓубрето, и да се засили само таму каде што треба.
 
Преку куров со тоа јако, јако, по чело да ве плеснат јако.
Еве Челзи во ПЛ колкави конкуренти за титула се со нивните трансфери од по 50 милиони.
Само паметни трансфери, да се исфрли ѓубрето, и да се засили само таму каде што треба.
Многу си дрзок или се правеш таков или стварно си таков по природа.......o_O
И кои се за тебе паметни трансфери ??????
Тежок човек..
 
Зошто Гардијан пишуваат за вас и Игуаин, нели бевте блиску до Јоветиќ?
 
Зошто Гардијан пишуваат за вас и Игуаин, нели бевте блиску до Јоветиќ?
Само за Јаја Саного е потврден интерес од Венгер, се друго се шпекулации.
Јас лично далеку повеќе би го преферирал Игуаин.
 
Само за Јаја Саного е потврден интерес од Венгер, се друго се шпекулации.
Јас лично далеку повеќе би го преферирал Игуаин.

Ама ете Венгер продолжува со француските " таленти "

Искрено за Јоветиќ ако плати толку пари значи стварно е луд.
 
Само за Јаја Саного е потврден интерес од Венгер, се друго се шпекулации.
Јас лично далеку повеќе би го преферирал Игуаин.
Преценето гомно е Игуаин ако бара напагач треба да го соберат Бентеке дечкото се докажа во ПЛ иако една сезона е малку за да се оцени колку е навистина добар

Инаку прво нека гледа шо побрзо до 1 јули да го расчисти ѓубрето Шамак,Бендтнер,Парк,Скилачи:tapp:,Денилсон,Сантош,Аршавин(тој сигурен е),Жервињо како и остали паразити шо ги заборајв
имаше нешо за трансфер на Кокелин во Шалке незнам дали се оствари трансферот или беше само шпекулација
 
Ај да пишам завршен пост за сезонава. Оваа сезона можеби најтурбулентна со претходната каде крпевме тим. Предходната беше покрпена до душа а оваа неуиграна каде што неуиграноста ќе не кошташе.

Инаку околу тимот.

Овој тим е цврст далеку поцврст од претходните неколку години но нема толкава атрактивност. Но со тоа се гледа дека на таа сметка одбраната е далеку поцврска и сме втора во лигата. Но на сметка на тоа нападот малку трпи но сепак така се освојуваат титули со 1-0. Незнам и кога сме имале толку празни мрежи посебно во вториот дел од сезоната. Порано со децата сме имале јак почеток и сме паѓале во вториот дел поради неизкуство. Оваа сезона мислам искуството не одржа и го надополни неиграноста од почетокот. Овој тим е уигран и без големи претумбации со мало засилување ќе е добро. Плус претходно се градеше играта околу Цеск но тој замина, наредната се потпиравме на перси и он замина, но оваа сезона мислам дека играта се базираше на целиот тим и тоа е добро за да не зависи играта од еден.

За трансферите

На голманска позиција ако остане фабијански и шчежни добро сме покриени. Ако замине фабијански некој постар пред крај на кариера ќе е најдобро. Мој избор би бил Цезар но не верувам дека би сакал да биде резерва.

За одбраната Кош и Мертезакер се стуб и во овој случај извисува Вермален кој се мачи да ја врати својата форма. Можно е да замине но доколку замине Вермален (иако не би сакал) пак ќе сме тенки затоа што слаби ќе бидеме с оротација на таа позиција. Доколку остане ќе биде одлично поради ротирање а и тројцата се веќе повеќе од 2 години и нема да треба време за прилагодување. Може едино да се земе некој помлад или да се промовира некој од младинците (иако негледам некој кој би успеал а и се исчисти доста младинскиот тим) каде што ќе учи покрај мертезакер и кош. Не е лошо додека е мертезакер да учат младите затоа што позиционирањето негово е да неречам скоро совршено затоа што и покрај трапавоста негова најцврст столб беше сезонава. На левата бековска позиција сме супер Гибс и Монреал се таман. Гибс се повеќе ме изненадува и мислам дека имаше одлична сезона иако е млад. Монереал е тука исто така за ротација. Од десно тука е Џенкинсони Сања. За сања не се знае дали ќе остане или не. Јас најискрено би сакал да остане но да не му смета да му отстапи место на Џенкинсон така да ќе имаме одлична резерва која има што да го научи џенкинсон. Инаку моја желба би бил Лихштајнер.

Средината може да се каже дека ни е одлична. Артета има уште едена до две години да игра на ниво но можеби може да се донесе еден ДМ така да Артета по потреба може да оди и понапред но исто така ќе може и да биде одлична замена за таа позиција. Но мислам дека тоа нема да се случи бидејќи Ремзи одигра одлична втора сезона каде што во дефанзива изигра феноменално така да со Артета се надополнуваа одлично и мислам дека тоа беше клучот годинава на подобрувањето на одбраната. За покреативниот дел тука се Казорла, вилшир и росицки. Таа позиција е во ред едино ако некој може да дојде тука би бил според мене цеск. Од младите евентуално ајсфилд би му дал шанса но во куповите.

Крилата лево подолски и жервињо десно волкот и окс. Жервињо незнам дали ќе оди но искрено колку и да го плукате не заслужува до толку. Сепак доколку седи на клупа и не се буни одлична замена е. Окс годинава најискрено не ме импресионира многу, треба малку да се смири некако како да сака премногу да се истакне а со тоа и премногу греши. Малку да се приземни наредна сезона и може ќе го биде. Волкот доста напредна и одлично ја изигра сезонава и продолжувањето на договорот го оправда. Далеку постабилен ми изгледа само уште малку да ја подобри контролата на топката. Подолски е играч кој го нема никаде да се истакне и одеднаш се појавува и решава утакмица. Одличен осет за гол и можеби игра како крило за да биде понеприметен и да се уфрлува од втор план. Како шпиц сам во нападот се губи потребен му е уште еден. Сепак на крај може да се доведе и некое крило долку е точна информацијата дека треба да прави операција на коленото.

Нападот. Е тука мислам дека сме најтенки. Жиру го донесе тоа што ни фалеше но со заминувањето на перси го изгубивме она што го нема Жиру. Со жиру имаме цврстина и конторла во воздухот но сепак агилноста и спретноста му се мана. Плус остава доста простор за некој до него. Со него кога би имале полушпиц, полушпицот ќе даде повеќе голови и од него. Тука на таа позиција би сакал да се донесе нешто може јоветиќ или игуаин сеедно. И да му се дава шанса на Гнабри од младите, само да е здрав мислам дека детето ќе гази.

Во глобала ова според мене би бил костурот на тимот и без голема измена на овие ќе имаме конкурентен тим. Најбитн оспоред мене е да се задржи одбраната и само нападот да се “појача“.

Толку од оваа сезона (колку пари толку музика) сега следи летото полно со милион шпекулации.
 
Зошто Гардијан пишуваат за вас и Игуаин, нели бевте блиску до Јоветиќ?
Друже таква е екипава, до сам крај на дедлајн денот ќе биде поврзувана со сите играчи... ништо посебно.
Само се надевам дека ни тој ни тој ќе дојдат оти боље ни е Шамакче од тие 2ца преценети 20 милионски играчишта
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom