Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Мартинели се повеќе прераснува во играч од типот на Бруслиовата “I am not afraid of a person who knows 10000 kicks. But I am afraid of a person who knows one kick but practices it for 10000 times“

И голот лани со Лестер му беше скроз копи пејст начин на финиширање како двата против Палас прошло коло таканаречени Анриовки. Нека се множат.

 
Курчи ова вакво играње, целосна контрола без завршница.
 
Не е првпат да се дешава ова сезонава. Имаме предност од 2:0, тотална контрола на натпреварот и резултатот, Форест не ни бркаат пресинг, само си подаваме и чуваме топка (не е ракомет па да ти ја одземат топката ради пасивност), ама непотребен пас во фор напред даваме ко демек ај ќе пробаме и 3:0, ја губиме топката која само вака можеа да ја освојат Форест и примаме некој тралалајка гол. После се тресеме до крај + судијата дозволува да игра се дур Форест не ја изгубат топката, испаѓа дека се спасуваме во натпревар каде што имаме тотална доминација и контрола на случувањата.
 
Се зарчкале Вајт и Зинченко после утакмицата. Артета вика сакал такви работи ама не знам колку се добри драмите.
Автоматски споено мислење:

 
Се зарчкале Вајт и Зинченко после утакмицата. Артета вика сакал такви работи ама не знам колку се добри драмите.
Автоматски споено мислење:


Поарно вакви „драми“ него ли само нажалени фаци после секој медиокритет.
 
Нека се отрујат. Тоа е кога не знаат да ја рогнат во одбрана, ја пимплаат ко куртони. Место 5-0 да водат, слепци слепторски...
 
Не памтам кога Ливерпул биле волку беспомошни и изгубени. Тотална доминација, што за малце ќе беше посерена на арсеналовскиот начин ( пукање сами у колено )
 
Жоржињо одличнен натпревар, предобри пасови напред, топки со очи и многу добро ја чуваше топката, средината го контролираше и го доби натпреварот!
Оваа средина е добитна комбинација.
 
Оваа средина е добитна комбинација.

За големи натпревари, да. За со други тимови кои се затвораат бункер и ние кружиме со топка околу 16-ец, оваа е премногу дефанзивна за да направи разлика.

Одличен натпревар.
 
Раја има страшен осет за контра. Ми изгледа ко од утакмица во утакмица да станува се посигурен, мада денес не ни беше тестиран.
 
Раја има страшен осет за контра. Ми изгледа ко од утакмица во утакмица да станува се посигурен, мада денес не ни беше тестиран.
Тоа и јас заборавив да пофалам, ептен ме импресионира изминативе натпревари на тоа поле. Гледам дека феноменално со рака пушта топки во противничка половина и дека многу лесно даваме гол/влагаме во гол шанса после негови брзи топки на контра. Оние топките со рака, доволно брзи за да не ја пресечат, доволно бавни за нашиот во контра да ја фати, доволно високи да летаат каде што има густо поле од играчи, доволно ниски да паднат токму пред ногата на нашиот играч што трча контра. Многу сум задоволен од него.
 
Затоа Ремсдејл грее клупа, оти појма нема од игра со нога и рака.

За пантерски интервенции му нема маж, али се друго му е слаба страна, и затоа очекувам дека би заминал на лето.
 
Затоа Ремсдејл грее клупа, оти појма нема од игра со нога и рака.

За пантерски интервенции му нема маж, али се друго му е слаба страна, и затоа очекувам дека би заминал на лето.
Ами нели напротив затоа Лено беше избркан од тимот а беше земен Рамс, заради играта со нога. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom