Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Многу ме хајпнува клубов, се враќа времето од бебињата на Венгер ама во уште понапредна фаза, срце ми се полни кога гледам вака 15 годишни деца влагаат во игра, сите млади и перспективни играчи, кои горат од желба да се докажат и си ја користат секоја минута на терен да се покажат во најдобро светло. Не е Арсенал веќе клубот во кој доаѓаат играчи само за плата и клубов не им значи ништо. Со ваков пристап од играчите, сите врати ни се отворени, и ЛШ и поминување осмина финале после 15 години и се по ред, само глава на земја и фокус на случувањата на теренот, одлично е ова.
 
Последно уредено:
Штета за ЕСР. Лани имаше одлична сезона, па дури и откога беше истиснат од Одегард.
Се гледаше дека подолго време се мачи со повреди и треба санација.
Доброто е што ќе одмори за време на светското, ќе има време да се рехабилитира и се надеваме ќе се врати посилен.
Омилен играч ми е. Има некоја леснотија во неговата игра.
 
Мора посериозно да се притиснат Сон и Перишиќ, во второ ќе играат ко на стероиди. Вајт остава огромни празнини на негова страна, Сон и Кејн знаеме дека се бели мечки во лигата и ќе го користат тоа многу при нафрлања од страна.
И не мора да се влегува со топката во гол, најмалку пет добри ситуации надвор од 16-ник ги испуштаа за да идат топки до Зинченко и Жесус/Мартинели од страна.
Исто Сака премногу пасивен во прво полувреме, да се надеваме дека ќе проработи во второ.
Џака… старите бубачки му се вратија во глава. :вонзем:
 
За првпат после 5 години не сум скептик за натпреварот против Ливерпул. Газиме! Штета што прокоцкавме поени на Олд Трафорд.
 
Tedd Lasso and Coach beard на Емирати денес.
Читам големи фанови се на Арсенал :D
f4ec7ddb66e41460826943572167a34e.jpg


Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
Јунајтед ги мразам највеќе, од секогаш сум ги мразел ама ова мршава Конте ги бутка Тотнем на прво место пополека.

Ги осакативме со за нас под ниво игра. Многу ми е мило за Џака, играчиште.
 
Џака после пеналот ги уништи и заслужено си зема мотм. Каков кам-бек, алал.
 
На Жезус му е испод ниво да дава голови во ЛЕ па затоа дава нереални асистенции.
Артета не е нормален со измените, ко следно коло да игра против Ипсвич па ризикува со првотимци на добиена утакмица.
 
И ја фучев за измениве, ко да неаме 10 утакмици месецов.
 
Мора да оддржува натпреварувачки дух, јбг. Сигурно им рекол лагано, не дека се претепаа измените
 
Дискутабилно е дали играњето Томијасу лев бек при здрав Тирни е тактичка генијалност на Артета. Лани Тирни се изнамачи со Салах.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom